Пукал во жена бидејќи возела споро! - Канал 5

Пукал во жена бидејќи возела споро!

Изнервиран возач се обидел да убие 35 годишна жена која го налутила. Пукал директно во неа, од автомобилот кој го возел со 150 на час. Блиц пишува дека нервозниот возач веројатно се налутил затоа што жената, за негови сфаќања, возела полека!

Пукал во жена бидејќи возела споро!
Ова се случило на булевар во Ниш. Жената слушала како некој силно и свири и преминала со својот автомобил во друга лента, а потоа била погодена со куршум во рамото. Животот и го спасила металната лајсна на прозорецот од нејзиниот автомобил која ја сменила насоката на куршумот. Блиц пишува дека нервозниот возач веројатно се налутил затоа што жената возела со пропишаната брзина.

- Тргнав со автомобил до продавница да купам храна за децата. Излегував од булеварот кога тој автомобил, фијат, се појави зад мене. Слушнав како ми свири и видов како ми се риближува со огромна брзина. Преминав на десната лента а тој се појави на левата, паралелно со мене. Одеднаш стаклото на мојот автомобил пукна, мислев дека со нешто ме гаѓал, не ни сонував дека пукал додека не почувствував болка во рамото. Кога видов крв сфатив дека сум ранета. Некои момчиња кои се затекнаа тука повикаа брза помош и ме однесоа во болница каде од рамото ми извадија куршум - вели жената шокирана од нападот.

- Да сум го налутила некако, па да ми пука во гумата или во хаубата...но тој сакаше да ме убие! Директно пукаше во мене и тоа што не сум мртва не е негова заслуга... Моите деца можеа да останат без мајка затоа што отидов да им купам леб - вели нападнатата жена, пишуваат српските медиуми.

Нападот се лучил на 18 октомври. Полцијата има снимка од автомобилот фијат, снимена со безбедносните камери.


/извор: vesti-online.com

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Управниот одбор на „Нвидија“ објави денеска дека Џенсен Хуанг, кој поднесе оставка од компанијата на 12 ноември, ќе биде повторно назначен за нејзин извршен директор.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Одлуката стапува на сила веднаш, се вели во соопштението на компанијата, објави NBC News.

„Управниот одбор едногласно гласаше за повторно назначување на г-дин Хуанг по серија дискусии и состаноци со него, за време на кои одборот беше задоволен од интегритетот и способноста на г-дин Хуанг да ја води „Нвидија“. Шокантниот потег ги зголеми акциите на „Нвидија“ за 30 проценти, помагајќи му на индексот S&P 500 да се отвори за речиси четири проценти.

Порано денес беше објавено дека Алис Хуанг, жената за која се тврди дека имала афера со Џенсен, била во контакт и со кинески разузнавачки службеник.

Контактот се случил додека таа била во врска со поранешниот шеф на „Нвидија“, изјавија за ABC News извори запознаени со информациите што американските разузнавачки агенции ги собрале за случајот.

Таа била во контакт со службено лице од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, велат изворите.

Се шпекулираше за враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Нвидија“, особено откако група вработени, како и милијардерот Илон Маск, испратија писмо до одборот на директори барајќи тој да се врати во компанијата. Сепак, компанијата соопшти дека тоа нема да се случи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности, но тие не се подготовка за предвремени избори, уверува премиерот Христијан Мицкоски. 

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Тој повтори дека следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а неговиот мандат како претседател на владата завршува за нешто повеќе од една година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона.

Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер