ПСЖ продал 900.000 дресови минатата сезона

Францускиот првак Пари Сен Жермен минатата сезона продал 900.000 дресови, а од нив најмногу биле со имињата на Нејмар и на Килијан Мбапе.

Парискиот клуб беше критикуван за висината на трансферите на овие фудбалери, откако за Нејмар беа платени 222 милиони евра, а за Мбапе уште 180 милиони евра, но сепак ПСЖ со нив двајца постигна и одлични маркетиншки резултати.

Интересен е податокот дека најмногу дресови се продадени во Азија, када за време на летната турнеја на ПСЖ стадионите беа преполни, а навивачите доаѓаа во дресови и со симболи на клубот.

Раководството на ПСЖ сака да го искористи овој тренд и да заработи дополнително, па поради тоа се дизајнира нов дрес но не се прецизира кога ќе биде пуштен во продажба.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер