ФудбалПСЖ постави негативен рекорд во Лига 1, Енрике задоволен од играта на неговиот тимПари Сен-Жермен синоќа ремизираше на гостувањето кај Оксер (0:0) во натпревар од 14. коло на француската Лига 1.Фудбалерите на Луис Енрике упатија 11 удари кон противничкиот гол без ниту еден постигнат гол. Ова е антирекорд во францускиот шампионат од почетокот на водење статистика (сезона 2006/07). Сепак тренерот Енрике е задоволен од играта на неговиот тим. -Задоволен сум од играта, не од резултатот, но треба да продолжиме да работиме и да размислуваме позитивно, изјави Енрике за „DAZN“. По 14 натпревари, парижаните водат во Лига 1 со 34 бода, осум бода повеќе од Марсеј на второто место, но нивните противници имаат еден натпревар помалку. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализиИ по една недела од прогласувањето на епидемијата во Гостивар забраната за користење на водата за пиење сè уште останува во сила.Надлежните апелираат граѓаните и понатаму да не ја користат водата за пиење и подготовка на храна, сè додека официјално не биде потврдено дека е здравствено исправна. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска кажа дека ограничувањето ќе биде укинато само кога ќе се добијат три последователни исправни лабораториски анализи, со кои ќе се потврди дека водата е безбедна за употреба. До тогаш, продолжува земањето мостри и контролите на водоводната мрежа. Крушево пак денеска ја укина забраната за пиење вода, откако последните анализи покажале исправност на водата. Последните испитувања покажале дека водата од градскиот водовод ги исполнува условите за безбедна употреба. -После шест мостри во два дена по три беа здравствено исправни и безбедни, исто така последната од 24.07 се здравствено исправни и безбедни за користење како вода за пиење. Од наша страна е известено ЈКП и надлежните од АХВ кои имаме информации дека веќе се излезени на терен да ја согледаат состојбата и најверојатно врз основа на резултатите и нивното мислење стручно, ќе биде повелечена забраната и ќе биде дозволена за пиење водата за град Крушево- изјави – Д-р Петар Оханесјан – ЈЗУ ЦЈЗ Прилеп. Надлежните апелираат да не се користи за пиење водата од јавните и крајпатните чешми во крушево кои не се под надлежност на јавното водостопанство и каде не се врши редовна дезинфекција бидејќи испитувањата покажале дека најголем дел од нив се бактериолошки неисправни. Од СДСМ пак и денеска побараа одговорност за состојбата со водата во Гостивар. Обвинија дека сè уште нема официјален потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода. Од партијата тврдат и дека проблеми со квалитетот на водата има и во други населени места. -Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата? Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја,- изјава – Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ. Во тетовското село Лешок и понатаму водата не смее да се користи за пиење освен за техничка употреба. Таму решение за проблемот кој трае подолго време бара и месната заедница. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕкономијаПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долариСигналите за смирување на ситуацијата на Блискиот исток, по најавите на амеркинаскиот претседател Доналд Трамп за нова рунда преговори со официјален Техеран втор ден по ред ја намалуваат цената на нафтата на светските берзи.Сигналите за смирување на ситуацијата на Блискиот исток, по најавите на амеркинаскиот претседател Доналд Трамп за нова рунда преговори со официјален Техеран втор ден по ред ја намалуваат цената на нафтата на светските берзи, но ситуацијата и натаму е неизвесна.. Барел од типот Брент денеска падна на околу 85 долари. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на горвата, но владата вели внимателно ја следи ситуацијата. Ако има потреба најави дека може да има ново намалување на акцизата или евентуално намалено ДДВ кај дериватите, но тоа вели ќе се знае в понеделник откако ќе го завшрат анализирањето на движењето на цените на берза за втората половина од месецов. „Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот и врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати добро е што два дена по ред паѓа цената денеска се стабилизира на некој 85 – 86 долари за барел така што веќе следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бенизните ..... “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Инаку со вчерашната последна одлука на регулаторна бензините поскапеа за 3, дизелот за 4,5 денари – тоа значи дека од денеска еуросупер 95ка се продава по цена од 93 денари, 98ца се точи за 95 денари, додека литар дизел чини 98,5 денари. Вчера првиот регулатор Ацо Ристов, објасни дека причина за енергетската криза не е самото производство на нафта туку преработката на деривати, бидејќи вели воените дејствија оштетиле голем дел од капацитетите на рафинериите на глобално ниво.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
КошаркаКрилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на ПартизанСрпскиот евролигаш КК Партизан го претстави шестото засилување! Американскиот кошаркар Дерек Вилис е официјално новото засилување на Партизан. 205 сантиметри високиот Вилис потпиша двегодишен договор со „црно-белите“ од Белград. Станува збор за класичен крилен центар, односно играч на позицијата „четири“. Дерек Вилис имаше солидна сезона во Евролигата, со просек од 5,8 поени, 3,9 скока и 1,2 асистенции, при што реализираше 55 проценти од обидите за два поена и 37 проценти од оние за три поени, што го направи атрактивна опција на пазарот. Вилис забележа уште подобри бројки во француското првенство, со просек од 7,6 поени, 4,8 скока, 1,2 асистенции и 0,8 украдени топки за помалку од 19 минути по натпревар, остварувајќи импресивни 65 проценти реализација за два и 43 проценти за три поени. Американецот роден во Кентаки му се приклучи на тимот на Жоан Пењароја и е шестото засилување во екипата што се формира за претстојната натпреварувачка сезона во Евролигата. Пред него, во црвно белиот табор пристигнаа Кевариус Хејс, Ламар Стивенс, Алесандро Пајола, Никола Танасковиќ и Лука Вилдоса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter