ПССЕ изгласа Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија - Канал 5

ПССЕ изгласа Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија

ПССЕ изгласа Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, заменик шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, беше изгласана Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Република Македонија. Текстот на Резолуцијата во име на Мониторинг комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија од политичката група на Социјалистите и Џозеф О’Рајли од Ирска од Европските народни партии.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во текстот се наведува дека Парламентарното собрание го признава одржливиот напредок на Македонија во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и соработката со телата на Советот на Европа и ја признава политичката посветеност на властите за исполнување на обврските преземени при отворањето на постмониторинг дијалогот во 2000 година. Врз основа на ова, Собранието одлучи да го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија и да продолжи да ги следи случувањата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.

Мониторинг комисијата или долгото име Комисија за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки на Советот на Европа, има важна улога да го следи исполнувањето на обврските преземени од страна на земјите членки според условите на Статутот на Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и сите други конвенции склучени во рамките на Организацијата на кои земјите членки се обврзале.

Значењето на мониторинг процесот, како што се наведува во соопштението, е нагласен и во односите меѓу Советот на Европа и Европската Унија, односно постои координиран пристап во мониторинг механизмите како во Советот на Европа, односно Парламентарното собрание и неговите комисии, Комитетот на министри, Конгресот на локалните и регионални власти, Венецијанската комисија, така и со ЕУ и другите меѓународни организации. Постои блиска соработка, консултација и координација на активностите во рамките на проширувањето на ЕУ и заради тоа исполнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се сметаат за битен елемент за унапредување, забрзување и остварување на аспирациите за натамошно евроинтегрирање на одредена држава.

Во дебатата за оваа точка учествуваа сите членови на Делегацијата на Собранието. Иванка Василевска ја истакнала посветеноста на државата кон европските вредности, демократските реформи и конструктивната соработка во рамки на Советот на Европа, а затворањето на постмониторинг дијалогот го оцени како признание за долгорочните напори. Таа се осврнала на постигнатиот напредок во демократските процеси преку фер избори, мирна смена на власта, изборот на првата жена претседател и конкретните резултати во борбата против корупцијата, потврдени од ГРЕКО. На крајот, нагласила дека изгласувањето на резолуцијата е потврда на напредокот, мултиетничкиот и инклузивен карактер на државата и нејзината континуирана посветеност на реформите.

Беким Ќоку го поздравил завршувањето на постмониторинг дијалогот за Македонија како значаен успех не само за државата, туку и за целиот Западен Балкан. Тој нагласил дека реформите и доследната посветеност кон стандардите на Советот на Европа носат конкретни резултати и ја зајакнуваат демократијата и стабилноста во регионот. Ќоку нагласил дека Македонија е доверлив европски партнер, целосно усогласен со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и посветена на европската интеграција. Своето обраќање го завршил со поздравување на резолуцијата како признание за постигнатиот напредок и поттик за продолжување на реформите во сите земји од Западен Балкан.

Бисера Костадиновска Стојчевска истакнала дека оваа резолуција со која се затвора процес по 25 години е резолуција за секој политичар кој некогаш бил или е на власт, дека ја отсликува состојбата, но и желбата на граѓаните да бидат дел од Европската Унија. Таа кажала дека се надева дека со усвојувањето на оваа резолуција, сите политичари во државата, особено власта, добиваат јасен знак дека местото на Македонија е во Европската Унија и тоа треба да се случи час поскоро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Потребно е укинување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата, од кои граѓаните ќе видат реален ефект. 

Филипче: Потребно е укинување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти

Филипче посочи дека мерките на Владата се повторно задоцнети и недоволни, без суштински ефект, додека граѓаните веќе подолг период се соочуваат со високи цени и растечки трошоци.

„Денешните предлог мерки од премиерот се задоцнети и недоволни, намалување само на ДДВ. Затоа предлагаме Владата да ги слушне граѓаните, да излезе од нивниот свет, замислен свет, да излезе премиерот од неговиот свет на бајките и на елитата, така наречена, да ги слушне проблемите со кои што граѓаните се соочуваат, да излезе од светот негов, да ги имплементира следни мерки: dа се укине акцизата на горивата и ДДВ-то да се намали од 18% на 5%“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче, направи споредба што значат мерките на Влада, а што и каков бенефит ќе добијат граѓаните со мерките што ги предлага СДСМ, од што јасно се гледа дека со мерките на СДСМ граѓаните ќе имаат значајно олеснување, реално поголема куповна моќ и помал трошок за гориво.

„Ќе направам една споредба, ќе кажам неколку суми на литри споредбено со просечната и минимална плата, односно колку еден човек со просечна или минимална плата може да купи литри гориво, сега со мерките кои ќе ги предлага владата, и така како што ние предлагаме, за да имаат, претстава граѓаните за што станува збор. Доколку се имплементираат мерките на Владата, недоволното намалување на акцизата од 18 на 10%, тогаш, човек со просечна нето плата може да купи 513 литри евродизел или 535 литри Евросупер. Со нашите предлог мерки, ќе може да купи 621 литар евродизел, значи 108 литри повеќе, или 740 литри евросупер, односно 205 литри повеќе.“, рече Филипче.

Филипче посочи дека разликата уште појасно се гледа кај граѓаните кои примаат минимална плата, за кои секое намалување на трошоците има директно значење за семејниот буџет.

„Човек со минимална плата, наместо со мерките кои што ги предлага Владата да може да купи 276 литри евродизел, да може да купи 334 литри евродизел, значи 58 литри повеќе, и наместо 288 литри евросупер, 398 литри евросупер, односно 110 литри гориво повеќе со мерките на СДСМ.“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека ова се мерки што ќе имаат поширок ефект врз економијата, бидејќи пониските цени на горивата можат да влијаат и врз останатите цени, особено во услови кога граѓаните се соочуваат со високи цени на основните производи.

„Сметаме дека ова се вистински мерки, кои граѓаните ги заслужуваат, затоа што ова значајно намалување на цените на горивата, со поддршка од страна на државата, може да предизвика и некаков пад на останатите цени. Затоа што цените по маркетите се ужасни. Ние имаме поскапи цени од Германија - на прехранбени продукти, на пијалоци, на се. И никој од оваа криминална арамиска влада за тоа не е заинтересиран, заинтересирани се само за партиските тендери од кои што крадат народни пари.“, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Граѓаните ја платија сметката, сега треба да знаат до денар каде завршија нивните пари.

Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Во кое својство владата ѝ наложила на државната лотарија да ја организира и финансира прославата за денот на назависноста прашуваат од СДСМ и бараат обвинителството да отвори истрага

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Камионџиите го откажаа протестот во последен момент, добија ново ветување од ЕУ

Превозниците ги откажаа блокадите кон Европската унија откако на средба во Белград добиле уверување за решавање на проблемот со шенгенските ограничувања.

Камионџиите го откажаа протестот во последен момент, добија ново ветување од ЕУ

Камионџиите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавија дека денеска целосно ќе го запрат сообраќајот кон европските граници, но по разговорите со претставници на дел од членките на шенген-зоната и европските дипломати, блокадите се ставени во мирување за да не се прекинат регионалните трговски синџири.

Од асоцијацијата „Макам-Транс“ потврдија дека превозниците отстапиле од радикалните чекори за да остават простор за преговори.

„На овој начин покажавме добра волја и разбирање за проблемите кои би настанале со прекинување на синџирот на снабдување на стока меѓу Западен Балкан и ЕУ“, соопштија од организацијата.

Со ова сообраќајот на граничните премини останува редовен, но транспортерите предупредуваат дека решението не смее да се одолговлекува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер