Психолог советува: Доколку го препознаете вашиот партнер во некои од овие 8 примери време да и ставите крај на врската - Канал 5

Психолог советува: Доколку го препознаете вашиот партнер во некои од овие 8 примери време да и ставите крај на врската

Доколку го препознавате вашиот партнер во некоја или повеќе од следниве неколку точки, тогаш е вистинското време да свртите нов лист и да го замените со подобар, бидејќи тој очигледно не ве цени колку што би требало.

Психолог советува: Доколку го препознаете вашиот партнер во некои од овие 8 примери време да и ставите крај на врската
Ова се знаци дека е време да и ставите крај на врската:
1. Нема време за вас. Меѓутоа, секогаш наоѓа време за други луѓе и ги откажува вашите планови за да се дружи со нив.
2. Никогаш не ви вели “благодарам”. Го сакате и се обидувате да му угодите така што се грижите за него, му ги приготвувате омилените јадења, ги исполнувате неговите желби, но тој никогаш не ви се заблагодарува за тоа. По се изгледа дека сепак не го заслужува тој кралски третман.
3. Не ве прашува за совети. Кога донесува одлуки, тој никогаш не бара ваше мислење, дури ни тогаш кога одлуките би можеле да влијаат на вашата врска.
4. Не го интересира вашето мислење. Вие имате право на глас за се што се однесува на вашата врска, но тој ги занемарува вашите ставови и не ве прашува за мислење.
5. Прави планови без вас. Само што дошол дома и ви вели дека треба да одите на вечера со неговите пријатели, а не ви се јавил за да ве праша дали имате време и дали воопшто сакате да излегувате. Тоа значи дека не само што не ве цени вас, туку не го цени ниту вашето време, а исто така смета дека секогаш треба да бидете достапни за него.
6. Мрзлив е. Сите домашни обврски ви ги препушта вам и не му ни паѓа на памет да ви помогне. Во секоја здрава врска обврските се делат на половина.
7. Мисли дека со него “секирата ви паднала во мед”. Цело време се фали колку е тој прекрасен и смета дека треба да сте благодарни за тоа што сте со него. Верувајте дека има многу подобри мажи, а вие заслужувате еден од нив.
8. Ве изневерува. Дали ви треба поцврст доказ од овој, дека воопшто не ве цени? Заменете го со подобар маж, под итно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер