Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
2Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
3„Renault“ подготвува одговор на „Volkswagen“: „R4“ и „R5“ добиваат поголема моќност и поголем дострел
ЖивотПрвпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6Британската разузнавачка служба МИ6 ќе биде раководена од жена за прв пат во 116-годишната историја, откако на нејзино чело е поставена Блејз Метревели.Метревели, која се приклучи на Тајната разузнавачка служба во 1999 година, ќе биде 18-тиот шеф на МИ6 и ќе ја преземе функцијата од сер Ричард Мур подоцна оваа година, пренесе Би-Би-Си. Таа моментално е задолжена за секторот за технологија и иновации на службата и рече дека е „горда и почестена“ што ѝ е понудена новата функција. Британскиот премиер Кир Стармер го нарече историско нејзиното назначување. МИ6 е задолжена за собирање разузнавачки информации во странство за зајакнување на британската безбедност, а главната цел на службата е да го запре тероризмот, да ги спречи активностите на непријателските држави, како и да ја подобри кибер безбедноста, наведува Би-Би-Си. Метревели, 47, моментално е раководител на одделот за технологија и иновации, чија цел е да ги чува идентитетите на тајните агенти во тајност и да осмисли нови начини за спречување на противници како што е Кина да вршат биометриски надзор и следење. „МИ6 има витална улога, заедно со МИ5 и штабот за владини комуникации, во одржувањето на безбедноста на британската јавност и промовирањето на британските интереси во странство“, рече таа. Метревели, која студирала антропологија на Кембриџ, претходно имаше директорска функција во МИ5, домашната разузнавачка агенција, и поголемиот дел од својата кариера го поминала работејќи на Блискиот Исток и Европа.Тагови: Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
ФудбалСП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај ГерманијаНоќ на изненадувања на 23 Светско фудбалско првенство. Елиминирани фаворитите за висок пласман, Германија и Холандија.Светскиот шампион од Бразил, силната Германија уште на стартот на елиминациската фаза го заврши своето учество на Мундијалот во САД, Канада и Мекдсико, слична судбина доживеа и фаворизираната Холандија. Популарните панцири, во елиминациската рунда се декласирани од незгодниот Парагвај на панели откако во регуларниот тек дуелот заврши без победник 1-1. Во пенал рулет е елиминирана и селекцијата на Холандија. Фудбалерите на Мароко се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство со победа над Холандија по подобро изведување на пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши со 1:1истиот епилог беше и по двете продолженија од по 15 минути, за потоа во пенал рулетот африканската репрезентација да извојува голема победа со 3-2. Во осминафиналето Мароко ќе игра против еден од кодомаќините на Мундијалот, тимот на Канада.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилностСончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт Најдобрата тенисерка на Македонија Лина Ѓорческа денеска отвора нова страница во историјата на нашиот спорт. Ѓорческа точно на пладне во 12 часот го игра првиот меч за една македонска тенисерка на Грен слем турнир, и тоа меч на легендарниот Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис. Противничка на Лина е минатогодишната финалистка, шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова. На патот кон најголемиот светески турнир, Ѓорческа во квалификациите извојува три големи победи,против Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0,потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 за на крајот Лина да биде подобра и од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (6-1 6-2). На Лина и посакуваме успех и во денешниот историски меч за продолжување на сонот, успешен настап на Грен слемот во Вимблдон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook