Првпат по два месеца нема починати пациенти од Ковид-19

 По подолг период во земјава не е регистриран случај на починат пациент заболен од Ковид-19. 

Министерството за здравство вчера објави информација за нови 163 случаи и 69 оздравени пациенти со што вкупната бројка на Ковид дијагностицирани се искачи на 9.412, а на оздравени на 4.940 лица. Бројката на починати засега останува на 432.

Статистиката на Институтот за јавно здравје покажа дека во периодот од 13 до 19 јули се бележи намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а се зголемува бројот на починати лица во однос на претходната недела.

Новозаболени се регистрирани во 26 града, а најмногу има во Скопје (39,9 отсто) и во Штип (14,4 отсто). Во 17 града, пак, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Она што е интересно е дека има промена во старосната структура на новозаболени, односно најголем процент заболени се на возраст од 40 до 49 години, а потоа следуваат лицата постари над 50 и 60 години.

Институтот за јавно здравје бележи и намалување за два отсто на бројот на хоспитализирани пациенти во однос на претходната недела, додека кај 275 лица или кај 29,5 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела.

Во периодот од 13 до 19 јули регистрирани се 545 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 472 лица помалку од периодот од 6 до 12 јули. Пред ова намалување, три недели бројот на оздравени лица бележел раст за околу 40 отсто на неделно ниво.

Од друга страна, високи се и бројките на непочитување на препораките за носење на лична заштитна опрема на лицето. Полицијата вчера информираше за нови 385 прекршувања за неносење на заштитна маска, а вчера е поднесена и кривична пријава против локалот во Струмица кој организираше забава и настап на естраден уметник и музичка група непочитувајќи ги здравствените протоколи и протоколите за работа.

-Од преземените мерки и обезбедените докази било утврдено дека правното и одговорно лице дозволиле во времето од 21:00 до 01:00 во објектот да се одржи настап на естрадниот уметник и музичката група, воедно дозволиле и присуство на неограничен број гости кои биле послужувани на шанк и стоечки маси, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на кафетериите, а кој протокол произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, информираше СВР Струмица.

Апликацијата „СтопКорона" ја презеле околу 63 илјади граѓани

Една од мерките насочени кон спречување на ширењето на вирусот е и апликацијата „СтопКорона" која досега ја инсталирале 62.979 граѓани. Апликацијата е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека преку апликацијата не се откриени нови позитивни случаи на коронавирусот.

– Епидемиолозите секојдневно детално ги следат сите достапни методи за откривање на контакти на позитивни случаи на корона вирусот, а со цел нивно рано откривање и тестирање, информираа вчера од Министерството за здравство. /МИА.

Во Киев почнаа да уриваат споменик, изграден во чест на пријателството меѓу Русија и Украина

Властите на Киев денеска почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија на Украина.

Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.

Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Бохдан Хмелницки и московскиот амбасадор. Се наоѓа под челична инсталација во форма на виножито во близина на бреговите на реката Днепар, објави Киев Индипендент.

Статуите кои тежат меѓу шест и седум илјади тони ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.

Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучи сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.

Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.

Кога Русија ја започна својата инвазија на Украина, градскиот парламент на Киев го преименуваше 35-метарскиот челичен лак над статуите. Од мај 2022 година, поранешната „Славна порта на пријателството меѓу народите“ е именувана како „Славна арка на слободата на украинскиот народ“.

Властите, исто така, отстранија две бронзени фигури под лакот во април 2022 година, кои претставуваат руски и украински работник.

Ужас во Британија: Вработени се снимени како шутираат и заклучуваат ученици со посебни потреби

Вработените во британското училиште „Вајтфилд“ во Лондон биле снимени како со тупаници и клоци удираат ученици со посебни потреби во просторија наменета за „такви работи“ .

Вработените во британското училиште „Вајтфилд“ во Лондон биле снимени како со тупаници и клоци удираат ученици со посебни потреби во просторија наменета за „такви работи“ пред да ги затворат и да ги остават во урина во истата просторија, дознава Би-Би-Си.

Училиштето се обидело да го оправда своето однесување велејќи дека тоа се „мирни соби“ и дека таму секогаш има дел од персоналот, како и дека не им е забрането да работат со деца, но тоа не е случај во спорното видео.

Учениците ги оставале да седат во урина и да собираат остатоци од храна од подот, голи и боси, а пред тоа биле мачени. Пронајдени се повеќе од 20 видео снимки од надзорот кои снимиле употреба на прекумерна сила во простории кои биле „полоши од ќелии“.

Би-Би-Си контактирале со девет од 39-те погодени семејства кои велат дека сè уште имаат неодговорени прашања. Еден од приведените ученици бил Дејвид Глорија (20), кој има дијагноза аутизам, нарушување во однесувањето и опсесивно-компулсивно нарушување.

На таткото Рикардо никогаш не му било кажано за овие работи освен дека ќе се користи „соба за смирување“, но дека персоналот ќе биде со учениците и нема да ги малтретира.

Кога таткото забележал промена во однесувањето на неговиот син, веднаш сфатил дека нешто се случува на училиште. Дејвид почна да се враќа дома вознемирен, што го натерало Рикардо да побара да ги види собите и записите за тоа што се случува додека неговиот син е на училиште.

Би-Би-Си виделе едно видео на Дејвид, очигледно вознемирен, како го ставаат во комора за мачење. Дејвид плачел за да излезе од неа. Меѓутоа, потоа почнува да го удираат по глава и да му удираат шлаканици, го удираат по стомакот и го фрлаат кон ѕид. По два часа, тој бил забележан како уринира, но не му било дозволено да излезе.

Дури по три часа било забележано дека младиот човек е вратен во училницата.

Таткото Рикардо вели дека имал можност да види едно видео кое го згрозило. На видеото се гледа како персоналот го нападнал неговиот син и го турка во собата, а оваа сила не е забележана во весниците.

„Мојот син беше во паника, плачеше и се самоповредуваше, ги молеше за вода и храна, а тие само го игнорираа - тоа е тортура“, рекол таткото.

Училиштето Вајтфилд е најголемото во Британија со 370 ученици кои имаат различни посебни потреби, а наводната злоупотреба се случила помеѓу 2014 и 2017 година. Откако Би-Би-Си започнале истрага заедно со полицијата и локалните власти, собите биле затворени.

Би-Би-Си дошол до доверливи документи од истрагата на училиштето, кои сведочат за теророт што го претрпеле 39 ученици, од кои многумина не можат да зборуваат.

Докажано е дека најмалку шест вработени злоставувале деца.

Флорис Лерининг Траст, кој раководи со училиштето, изјавиле за Би-Би-Си дека нов менаџерски тим го презел откако биле затворени „собите за спокојство“, снимката била споделена со полицијата и „лекцијата е научена“.

Се вели дека дел од персоналот поднел оставка по завршувањето на истрагата, но дека тројцата вработени кои се вратиле поминале на опсежна обука.

Јованчев: Време е новите политички сили да влезат во Собранието

„Македонија е геополитичка точка на Балканот и тој што ја раководи Македонија го контролира Вардарскиот слив“

Ако го погледнете самиот изборен процес е наместен „пата-пата“ за да може една од двете поголеми Македонски партии да биде уценувана. Двојните избори и самото тоа што изборите се во среда, неработен ден за администрацијата од таму ја црпи гласачката војска и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои ќе се „судрат“ а за работниците е препорачлив неработен ден, што значи добар дел од приватните компании ќе работат. Тоа е изборен менаџмент од странски центар за да можат да продолжат досегашните политики, а Македонија е геополитичка точка на Балканот и тој што ја раководи Македонија го контролира Вардарскиот слив. На овие избори е правиот момент новите политички сили да влезат во Собранието за да може преку новиот меѓународен поредок да си го вратиме и името и да се избориме со криминалот и корупцијата, рече Зоран Јованчев во Само Вистина.

притисни ентер