Првото приватно јапонско летало се обиде да слета на Месечината: Изгубивме контакт (ВИДЕО) - Канал 5

Првото приватно јапонско летало се обиде да слета на Месечината: Изгубивме контакт (ВИДЕО)

Јапонско вселенско летало кое носи мал ровер изграден во Обединетите Арапски Емирати денеска се обиде да слета на површината на Месечината, со што стана првото комерцијално летало што го сторило тоа.

Првото приватно јапонско летало се обиде да слета на Месечината: Изгубивме контакт (ВИДЕО)

Во историјата, само три земји (т.е. вселенски агенции) извршиле контролирано слетување на Месечината - САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина. Индија и приватна израелска компанија го испробаа ова во последниве години, но безуспешно.

YouTube video

По слетувањето на јапонскиот лендер, контролорите на летот на Земјата не можеа повторно да воспостават контакт и леталото беше прогласено за изгубено. Лендерот, наречен Хакуто-Р, го изгради јапонската компанија Испејс, а беше лансиран на 11 декември со ракета на SpaceX од Кејп Канаверал, Флорида, пишува CNN.

На лендерот му требале три месеци да влезе во орбитата на Месечината. Требало да слета на нашиот природен сателит во 18:40 часот. Околу 20 минути по тоа време, извршниот директор на „Испејс“, Такеши Хакамада објави дека „успешното слетување не е потврдено“.

„Мораме да претпоставиме дека не можевме да го завршиме слетувањето на површината на Месечината. Нашите инженери сè уште се обидуваат да разберат што се случило“, рече тој, додавајќи дека неговиот тим успеал да собере податоци од леталото до обидот за слетување, што е „големо достигнување“ што треба да помогне во идните мисии на вселената.

YouTube video

Роверот Рашид тежок 10 килограми требаше да го истражува кратерот Атлас на североистокот од Месечината, соопшти неодамна Европската вселенска агенција (ESA), која учествуваше во дизајнирањето на неговите тркала. „Рашид има една камера со висока резолуција на предната и друга на задната страна, како и камера со микроскоп и термичка камера. Носи и сонда за земање примероци“, соопшти ЕСА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во Албанија

Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.

Албански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во Албанија

Станува збор за имамот Бекир Халими и Ваљон Белја. Според информациите објавени од албански Топ ченел, одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до државната полиција и граничните структури за спроведување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Нов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 

Нов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана.

Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми.

Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија

Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто.

Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија

Мерено според куповната моќ вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули годинава била повисока споредбено со седум земји членки на ЕУ, како и повисока од онаа во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција – покажуваат податоците на Евростат за минималните бруто заработки на земјите членки и кандидатки.

Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто, додека истиот месец во 2016 таа била 236 евра, што претставува зголемување од 388 евра.

ОД сојузот на синдикати велат иако според пресметките за куповната моќ Македонија е рангирана повисоко на листата, тоа не значи дека работниците живеат подобро. Според нив земјава и натаму е на дното во Европа според висината на минималната плата.

„Куповната моќ не значи дека работниците живеат подобро, туку само ја споредува вредноста на платите во однос на цените. Реалноста е дека македонските работници и понатаму примаат една од најниските минимални плати во Европа, а секојдневно се соочуваат со високи трошоци за храна, домување, енергенси и други основни животни трошоци.“ - велат од ССМ

Од синдикатот и денеска укажаа на неопходноста од континуирано зголемување на минималната и сите останати плати, затоа што велат Македонија не смее да остане земја на евтина работна сила, а работниците велат заслужуваат плата со која ќе живеат достоинствено а не само да преживуваат.

Статистиката покажува дека на ниво на ЕУ Луксембург е со највисока минимална плата од 2 771 евро додека најниска е во Бугарија или 620 евра. Според куповната моќ пак живетлите на Германија имаат највисок стандард додека најнизок е во Албанија.

Инаку од 27 земји членки на ЕУ 22 имаат минимлана плата, додека во Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска нема минимална плата. Додека на ниво на земји кандидатки и потенцијални кандидатки Црна Гора, Македонија, Молдавија, Албанија, Србија, Турција и Украина имаат, додека Босна, Грузија и Косово немаат минимлна плата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер