КултураПрвото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку Езерото“ од 5 -7 август во Стар ДојранОд 5 -7 август во Стар Дојран ќе се одржи првото издание на Меѓународниот филмски фестивал Преку Езерото / Across The Lake Dojran Film Festival.Ова е фестивал на медитеранскиот и европскиот филм и автори кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земији и е прв филмски фестивал од оваков формат во Македонија, кој ќе го збогати културниот живот во градот и околината и традиционално ќе се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото. “Преку Езерото“ е иницијатива предводена од Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент. За ова прво издание селектирани се 9 исклучителни кратки филмови од 8 медитерански земји, со актуелни теми кои се раскажани со медитерански дух, специфичен и посебен во уметноста на филмот. Ви ја претставуваме главната натпреварувачка програма: 1. А ЛА КАРТ на Василис Циуварас и Таксиархис Делијанис / ГРЦИЈА / 2022 A LA CARTE by Vassilis Tsiouvaras and Taxiarchis Deligiannis / GREECE / 2022 2. ПРЕСУДА на Дора Јунг / Србија / 2022 VERDICT by Dora Jung / Serbia / 2022 3. МАРКО на Марко Шантиќ / Хрватска / 2021 MARKO by Marko Shantic / Croatia / 2021 4. ПЕРИКИ на Ангела Димеска / МАКЕДОНИЈА / 2022 WIGS by Angela Dimeska / MACEDONIA / 2022 5. ВИНОЖИТО на Александар Вујовиќ / ЦРНА ГОРА / 2020 RAINBOW – Aleksandar Vujovic / MONTE NEGRO / 2020 6. КРИМИНАЛЦИ на Серхат Караслан / ТУРЦИЈА / 2021 THE CRIMINALS by Serhat Karaaslan / TURKEY / 2021 7. ШТО НЕ ЗНАЕМЕ ЗА МАРИЈАМ на Морад Мостафа / ЕГИПЕТ / 2021 WHAT WE DON`T KNOW ABOUT MARIAM by Morad Mostafa / EGYPT / 2021 8. СВЕТИОТ СИН на Аљоша Масине / ИТАЛИЈА / 2022 FIGLIO SANTO(HOLY SON) by Aliosha Massine / ITALY 2022 9. ПОГЛЕД ОД БАЛКОН на Арис Капланидис / ГРЦИЈА / 2021 VIEW FROM THE BALCONY by Aris Kaplanidis / HELLAS / 2021 Покрај главната програма во склоп на фестивалот ќе се прикажат и неколку долгометражни филмови од медитеранските земји кои се истакнале по особениот пристап на темата кој нуди нов поглед на нештата кој го поттикнува дијалогот помеѓу различните култури, општествени групи, нации...... Во склоп на фестивалот ќе се одржи и мастерклас на тема: „Трагањето на сценаристите по вистинското значење на темата во нивните сценарија“. Мастеркласот ќе го води докажаниот скрипт-консултатнт од Англија Џон Стивенс. Меѓународното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција ќе го предводи истакнатиот грчки режисер Василис Мазоменос а членови на жирито се Гоце Кралевски продуцент и Ева Камчевска сценарист од Македонија. Организациски одбор Преку езерото Дојран филм фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БДПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation).За Сиљановска – Давкова, повеќе од три децении Проект ХОУП значајно придонесува во јакнењето на македонските здравствени капацитети, унапредување на професионалните знаења на здравствените работници и воведување нови технологии во здравството. Претседателката ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на инвентивни методи, како и инвестициите во човечки ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза. Според неа, меѓународните партнерства се важни во креирањето одржливи системски решенија, коишто на долг рок ќе влијаат на подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Оценувајќи ја како исклучително успешна и инспиративна работата на Проект ХОУП, Сиљановска-Давкова се заблагодари за нивната посветеност и присуство во државава. Соговорниците информираа за нивните досегашни и тековни здравствени и хуманитарни програми и активности. Тие изразија задоволство од соработката со македонските институции, пред сѐ со здравствените работници и ја нагласија подготвеноста за натамошна помош и поддршка. Проект ХОУП е глобална организација со 65 годишно искуство, присутна во повеќе од 25 земји, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаСерафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тониСо денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид соопшти дека со денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони. „Потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт и за следниот циклус на вештачки мрест и порибување во наредната година со нови 1.550.000 млади пастрмки“, изјави министерот Серафимовски. Тој појасни дека во годинашното порибување биле вклучени и 100.000 поголеми единки од минатогодишниот мрест, со просечна тежина од 16 грама, за надоместување на пропуштеното по паузата во вештачкиот мрест од 2019 до 2023 година, притоа посочи и дека кај летната форма на охридската пастрмка, по 23 години од последниот вештачки мрест, експериментално е добиен подмладок кој успешно се одгледува. „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја засилува заштитата и на јагулата, која е критично загрозен вид. Нејзиното зачувување го поставуваме како институционален приоритет. Владата за првпат усвои Национален план за управување со јагула“, нагласи министерот Серафимовски. Тој најави дека Хидробиолошкиот институт ќе ги спроведува мерките за внесување млади јагули и безбеден транспорт на сребрените јагули кон морето, при што за пренос се предвидени 40 отсто од утврдената годишна квота за лов на традиционалната рибарска замка „Далјан“ на Црн Дрим кај Струга, за да им се овозможи да го продолжат патот кон Саргасовото Море, избегнувајќи го минувањето низ турбините на хидроцентралите. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, информираше дека надлежните инспектори од одделението за рибарство, во соработка со рибочуварската служба од охридскиот регион и со езерската гранична полиција, вршат редовни контроли на работата на концесионерите. „Нашите инспектори се вклучени и во процесот на сузбивање на нелегалниот риболов, односно во борбата со рибокрадците. Заклучно со денес, од почетокот на 2026 година, имаме спроведено вкупно 231 инспекциски надзор на Охридското Езеро и за сторени прекршоци имаме издадено 21 платен налог. Во наредниот период ќе продолжиме со борбата против рибокрадците со цел да обезбедиме заштита на биодиверзитетот и зачувување на рибниот фонд“, изјави директорот Ангеловски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСпор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицатаАлберто Нуњез Феихоо, лидер на шпанската конзервативна Народна партија (ПП), во петокот побара распоредување на морнарицата во Сеута. Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер Педро Санчез на предвремените избори закажани за 29 ноември, пренесува „Политико“. „Честите упади на Мароко во шпанските води не се изолирани инциденти, туку модел на агресија што бара одлучен одговор. Распоредете ја морнарицата. Повикајте го мароканскиот амбасадор. Повлечете го нашиот амбасадор од Рабат на консултации и побарајте објаснувања од највисоките нивоа на мароканската влада“, напиша Феихоо во петокот на платформата „X“. Својата објава ја заврши со пораките: „Шпанија не е на продажба. Шпанија се брани“. Неговото барање е дел од поширока низа критики упатени кон владата на Санчез. Тензиите се зголемени од крајот на јули, кога повеќе од 70.000 мигранти пристигнаа во Сеута, шпанска енклава на границата со Мароко. Во последните месеци, министрите за внатрешни работи од земјите-членки на Европската унија постојано повикуваат на спроведување построги миграциски политики низ целата Унија. Varias invasiones marroquíes en aguas españolas no son un hecho puntual, sino una agresión reiterada que exige una respuesta firme: Desplegar a la Armada en la zona. Convocar a la embajadora de Marruecos. Llamar a consultas a nuestro embajador en Rabat. Pedir explicaciones a las autoridades marroquíes al máximo nivel. E informar inmediatamente a los españoles de qué está pasando. España no se vende. España se defiende. — Alberto Núñez Feijóo (@NunezFeijoo) October 16, 2026 Непотврден инцидент во водите кај Сеута Повикот на Феихоо уследи по непотврдени извештаи дека марокански патролен брод во четвртокот поминал неколку часа во шпанските води крај брегот на Сеута. Шпанската Граѓанска гарда ги демантираше овие тврдења. Слични наводи за навлегување на марокански воени бродови во шпанските води се појавија и во јули. Во средата, портпарол на Европската комисија изјави за шпанската новинска агенција ЕФЕ дека „шпанските и мароканските власти треба да ги разјаснат фактите“. Зголемени тензии и кралска посета Вчера во Брисел, Феихоо присуствуваше на самитот на Европската народна партија (ЕПП), чија членка е и неговата Народна партија (ПП). Според мадридското издание на „Политико“, во завршната декларација на Европската народна партија (ЕНП) остро се критикува шпанската влада поради кризата во Сеута. Конзервативците најавија дека, доколку дојдат на власт по изборите, ќе спроведат мерки за ограничување на имиграцијата. Spain’s conservative People’s Party leader Alberto Núñez Feijóo on Friday demanded that the navy be sent to Ceuta following unconfirmed reports of a Moroccan patrol boat in the exclave’s waters Thursday. https://t.co/f24EWom6V8 — POLITICOEurope (@POLITICOEurope) October 16, 2026 „Цела Европа мора да го признае неуспехот на шпанската влада и да изврши неопходен притисок за да се спречи оваа криза да се вкорени, да се прошири или да се повтори“, напиша Феихо во авторски текст претходно овој месец. Тензиите околу Сеута и Мелиља – кои Мароко ги смета за свои окупирани територии – се засилуваат. Анкета објавена од „Политико“ оваа недела покажува дека 58 отсто од испитаниците сметаат оти е веројатен вооружен судир меѓу Мадрид и Рабат во текот на следната деценија. Шпанскиот крал Фелипе VI, исто така, оваа недела ги посети овие енклави – посета која беше оценета како историска. При таа пригода, тој изјави: „Сеута и Мелиља се неотуѓив дел од политичката и националната реалност на Шпанија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја не се предмет на преговори“. Последната посета на шпански монарх на овие територии се случила во 2007 година, кога поранешниот крал Хуан Карлос I ги посетил Сеута и Мелиља за време на дипломатски спор со Мароко. Извор: Индекс.хрТагови: Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter