Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
МакедонијаПрво сведочење на мајката на убиената Вања пред судот–изјави дека не ги познава обвинетите Таткото на Вања уште дента на исчезнувањето тврдел дека таа е киднапирана. Вака сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената 14 годишна Вања. Како прв сведок на обвинителството Зорица го раскажа денот на исчезнувањето на нејзината ќерка, 27 ноември лани. Вања сама излегла од дома во 07.20 часот за да оди на училиште, дваесетина минути подоцна Зорица добила порака од класната дека Вања не дошла на првиот час. Ја барала на мобилниот телефон но била недостапна а локацијата на Гугл покажувала дека е на Партизанска, спроти Универзална сала. Зорица веднаш му се јавила на Александар, таткото на Вања, и заедно се упатиле да ја бараат. -Тој беше веќе облечен и симнат доле. Не е вообичаено така брзо да се подготвува. Обично доцнеше. Сега беше спремен доле. Беше потиштен. Јас цело време се правдав не знам каде е детето. Не се скарав. Не знам што се случи сабајлето. Од првиот момент тој тврдеше дека Вања е киднапирана, тој велеше „нема што друго да биде“. Во текот на наредните денови повторуваше дека е киднапирана – јас му велев кој би ја грабнал? Во еден од наредните денови му се развикав да престане да зборува за тоа дека е киднапирана, зашто дотогаш никој не ни побарал откуп. --Зорица Ѓорчевска – мајка на Вања. Зорица раскажа дека Вања и нејзината помала сестра вообичано на училиште оделе заедно освен кога различно им почнувале часовите. Вечерта пред исчезнувањето таткото на Вања се интересирал од кој час следниот ден таа ќе оди на училиште. -Во петоците помалата ќерка почнуваше од вториот час и Вања одеше сама. На 27.11. 2023, критичниот ден, класната на помалата пиша дека ќе отсуствува, за да дојдат на втор час. Јас Александар не го известив за тоа, туку помалата ќерка го известила татко ѝ кој се интересирал. Во неделата вечерта на 26 ноември ми испратил порака, која во моментот не сум ја видела оти телефонот навечер ми е на полнење. Тоа беше принтскрин од чет со Вања, каде ѝ вели како да се облече, да се облече топло, оти утредента ќе биде ладно. -Зорица Ѓорчевска – мајка на Вања. Зорица потврди дека продала стан во скопска Бојмија за 83.000 евра, од кои покриела минуси на картичките, купила кола и заштедила 30.000 евра. Во станот од кој Вања беше киднапирана, живела со двете ќерки само два месеци претходно, од септемри лани. Тој, заедно со уште два други стабнови во Скопје и еден во Охрид, ги наследила од родителите, но по барање на Алексаданр му го препишала во 2018 година. Но, бидејќи децата сакале да живеат таму, побарала да и го врати. -Постапката почна, но нотарската заверка никогаш не беше завршена, тој се повлекуваше, ретерираше. Кога се преселивме, јас инсистирав да се доврши постапката. Јас го користев станот, почнав да го уредувам, да го преградувам, нарачавме мебел и се преселивме на 10 септември. Претходно беше даден под кирија, а киријата ја земаше Александар. --Зорица Ѓорчевска – мајка на Вања. Зорица кажа дека додека била во брак со Александар тој бил невработен. По разводот почнал да работи, но останал без работа во март лани. За првообвинетиот во случајот Љупчо Палевски Палчо, Зорица кажа дека лично не го познава, но и дека не е запознаена дали нејзиниот татко имал недоразбирања со Палчо околу препродажба на станови, што за неговиот адвокат е спротивно на теоријата на обвинителството. -Од исказите на оштетените во својство на сведоци нема ниту еден дел кој би упатил на тоа дека Палевски е сторител на кривично дело. Зорица воопшто не можеше да потврди дали Плевски се знаел со нејзниот сопруг Александар.- изјави – Марјан Витановски – Адвокат на Љупчо Палевски Палчо. За одбраната на Александар сведочењето на Зорица потврдило дека тој нема никаква инволвираност. -И таа имала своја теорија, дека Вања избегала, дека некој ја прелажал итн. Појасни во која смисла го разбира неговото мислење дека Вања е киднапирана и појасни дека тој неможел да се помири со фактот дека неговото дете избегало итн. И затоа неговата теорија била дека тој пртпоставува дека нема што друго да биде освен дека е киднапирано.- изјави – Владимир Туфекџиќ – Адвокат на Алекдандар Ѓорчевски. На денешното рочиште сведочеа и ќерката и зетот на убиениот Панче Жежовски. Раскажаа дека Панче во 2007 го ангажирал обвинетиот Велибор Маневски, кој му бил сосед, да му го уреди дворот, но поради 500 евра долг се појавиле недоразбирања кои завршиле на суд. Судскиот процес продолжува во среда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook