Прво литургиско празнување на свети Кирил Лешочки - Канал 5

Прво литургиско празнување на свети Кирил Лешочки

 Во манастирскиот храм „Свети Атанасиј“ во тетовски Лешок денеска се одржа првото литургиско чествување по прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ во светец Кирил Лешочки што се случи минатата 2022 година.

Прво литургиско празнување на свети Кирил Лешочки

Светата Архијерејска литургија по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на свети Кирил Лешочки ја раководеше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот г.г Стефан во сослужение со повеќе митрополити и свештонослужители.

Архиепископот г.г. Стефан по празничната беседа пред верниците посочи дека првиот помен ден за свети Кирил Лешочки се прави во неговиот дом и вечното почивалиште манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ и „Света Богородица“ во Лешок.

-Чествувајќи го денес празникот посветен нему му благодариме на Бога што во денешниот славеник ни даде личност од нашиот род кој продолжувајќи го делото на неговите и нашите славни предци, светителите и просветелите Кирил и Методиј и Климент и Наум, пред две столетија силно заблеска под македонското небо. Навистина во преподобниот Кирил монахот светогорски, игуменот на Марковиот и Лешочкиот манастир, просветителот македонски и светителот сехристијански, имаме прекрасен показател за обилноста на даровите што Бог ги излива врз оние кои врват по патот на светоста, истакна г.г. Стефан.

Понатаму тој порача дека живеењето богоугоден живот е право и должност за верниците.

- Постојано да го просиме неговото молитвено застапнништво кон живот едноставен, чесен, честит и чист, кон живот кој ги избегнува оковите на денешниот безрасуден протибожен и противчовечки активизам, кон живот кој е свесен за потребите и маките на ближниот па се обидува да му ги олесни па се стремиме кон живот кој е достоен да се нарече човечки кон живот кој преподбникот Кирил ќе не препознае како свои вистински наследници и духовни истомисленици, рече поглаварот на МПЦ-ОА.

Со запазување на верата го чуваме и нашиот идентитет, истакна поглаварот.

-Од запазувањето на верата, зависи запазувањето на целокупниот наш народен, културен и јазичен вид. Преподобниот Кирил и со своите слова и со својот живот ни покажува дека со искрено и истрајно Богољубие со вистински христијански етос се преобразува целиот етнос. Неговите преродбенички напори од доменот на писменост извираат од севкупното предание на црквата и нивната цел секогаш е најзначајната средба, средбата со човекот на самата светлина на светот. Секогаш молитвено да му се обраќаме на светиот Кирил Тетоец, а неговите просветителски напори да ги почитуваме, неговите поуки да ги препрочитуваме, неговиот светол христијански живот да го поддржаваме. Ако тоа го правиме ќе ја исполниме Свети Климентовата и негова порака да бидеме христијани по животот и делата, а не само по името, рече г.г. Стефан во беседата.

Светиот Архијрејски Синод на МПЦ минатата година донесе одлука за прогласување на светец на Кирил Пејчиновиќ. На 15 и 16 октомври 2022 за време на канонизацијата, 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки. За новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна богослужба.

-Тој бил просветител, преродбеник, писател, исцелител. Првиот којшто низ цела Македонија ги прошетал сите цркви и манастири и ги собирал прашливите стари книги и ракописи и ги однел во Марковиот манастир каде создал импозантна бројка на книги, кои подоцна ги донел во Лешочкиот манастир и продолжил да ја збогатува таа библиотека, изјави професорот Борис Момировски Лешанин кој 60 години го истражува и документира животот на Кирил Пејчиновиќ.

Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Традиционални пензионерски спортски игри во Карпош

Денеска во спортската сала „Партизан“ се одржаа традиционалните пензионерски спортски игри, организирани по повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош. 

Традиционални пензионерски спортски игри во Карпош

На спортскиот настан присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, кои им посакаа успех на учесниците и го поздравија нивниот ентузијазам, спортски дух и желба за дружење.

„Гледајќи го овој спортски терен исполнет со позитивна енергија, насмевки и младешки дух, не можам, а да не кажам – вие сте вистинска инспирација за сите помлади генерации во нашата општина. Денес не е важна возраста, туку желбата за дружење, движење и зачувување на натпреварувачкиот дух. Сигурен сум дека ќе видиме одлични резултати, фер-плеј и многу спортска среќа во сите машки и женски дисциплини. Најдобрите тројца во секоја категорија ќе си заминат дома со заслужени пехари. Но, сакам да нагласам една работа – за мене како градоначалник, а верувам и за целата публика која е тука да ве бодри, сите вие денес сте победници“, истакна градоначалникот Лукровски.

На игрите учествуваа членови на двете пензионерски друштва – „Карпош“ и „Тафталиџе“, кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини: шут на гол за мажи и жени, фрлање ѓуле за мажи и жени, трчање на 60 метри за жени и 80 метри за мажи, како и скок во далечина. По завршувањето на натпреварите, на учесниците им беа доделени статуетки, по што следуваше пригоден свечен коктел. Општина Карпош продолжува да ги поддржува активностите кои поттикнуваат активен живот, дружење и квалитетно поминување на времето во третото доба.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентични близначки се омажија за идентични близнаци, тајната ја чувале четири години (ФОТО)

Идентичните близначки Камил и Кенерли Кит, познати како музичкото дуо „The Harp Twins“, се венчаа со идентичните близнаци Дромил и Дромал Волфганг.

Идентични близначки се омажија за идентични близнаци, тајната ја чувале четири години (ФОТО)

Двојката се венча во 2022 година, но со години го криеја бракот од јавноста и го потврдија дури на почетокот на оваа година. Двата пара близнаци привлекуваат внимание на социјалните мрежи, каде што објавуваат содржини поврзани со музика.

Се запознаа по концерт

Нивната приказна започна во 2019 година, кога браќата Волфганг, кои се тапанари, чекаа во ред по концертот на сестрите Кит за да ги запознаат. Тие донесоа цртеж на кој беа прикажани двете сестри.

„Тоа е една од оние ситуации кога веднаш знаете дека ова е тоа“, изјави Камил за Today. По првата средба, четворицата музичари брзо се зближија. Браќата Волфганг наскоро им се придружија на сестрите на турнејата, поради што ги напуштија своите работни места во градежништвото и се посветија целосно на музиката и заедничкиот живот. Со текот на времето, Камил и Дромил се заљубија, како и Кенерли и Дромал, па двете сестри се омажија за двајцата браќа близнаци.

Тие ја криеја свадбата со години

Двата пара се венчаа на ист ден, 22 февруари 2022 година, и во исто време - во 14:22 часот. Церемонијата се одржа во друштво на најблиските роднини и пријатели.

Тие ја објаснија одлуката да го задржат бракот за себе со желбата да избегнат дополнително медиумско внимание и бројни прашања што веројатно ќе следат поради нивната необична семејна комбинација. „Некои луѓе велат: „Тоа е чудно““, рече Дромал, а потоа додаде: „Ние велиме: „Па, можеби си чуден“.“

„Сите сме најдобри пријатели“

Дромил, исто така, зборуваше за посебната врска што ја дели со својот брат. Тој вели дека луѓето кои не се близнаци честопати тешко разбираат колку може да биде блиска таквата врска. „Луѓето кои немаат близнак честопати не разбираат или не ги одобруваат толку блиските врски“, рече тој.

Четворицата беа силно поврзани од самиот почеток, а нивната свршувачка е дополнителна потврда за нивната компатибилност. Двата пара се свршија во исто време и со идентични прстени. „Сите сме најдобри пријатели“, рече Кенерли. „Ги имаме нашиот близнак, нашиот сопружник и неговиот близнак. Тоа е навистина најдоброто од сè.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Доживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане -кумановскиот суд го прогласи за виновен по сите точки од обвинението, односно за четири убиства и два обиди за убиство. 

Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане

Според судот, таргет биле изнемоштени и стари жени, а мотивот бил некрофилија. Кумановскиот суд не успеал да најде ниту една олеснителна околност при изрекувањето на пресудата.

Обвинителството е задоволно од пресудата - за обвинителот Љубомир Лапе, судот немал друга опција освен да му изрече доживотна затворска казна на Бојковски.

Бојковски и неговиот адвокат смирено ја дочекаа пресудата во судница - но надвор од неа, осудениот на доживотна казна затвор за четири убиства, при влезот во возилото, демонстрираше нервозно однесување и неразбирливи гестикулации. Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обид за убиство на Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска. Кривичните дела на свиреп и грозоморен начин биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер