Прво координативно тело на градоначалниците на скопските општини - Канал 5

Прво координативно тело на градоначалниците на скопските општини

Во текот на следната недела ќе биде распишана тендерската постапка за изградба на нов Луна парк, информираше денеска градоначалникот на Град Скопје на првата средба на Координативното тело на скопските градоначалници. 

Прво координативно тело на градоначалниците на скопските општини

Додека пак, за подземната сообраќајница кај Лимак и за кружниот тек во Ѓорче Петров, како што рече, веќе се започнати тендерските постапки.

Ѓорѓиевски најави и дополнување на проектот за БРТ во кој ќе бидат опфтени и населбите Радишани и Драчево, со цел сите граѓани да го користат овој вид превоз. Како што рече, процедурата за овој проект е веќе откочена.

Ѓорѓиевски рече дека ќе побара измени во законот со кои и Градот ќе добие градежна инспекција, со што како што рече, ќе им застане на патот на дивоградбите. Најави субвенции за загревање на домаќинствата а веќше се разговара и со Топлификација за проширување на мрежата за загревање.

За решавање на проблемот со отпадот, ставени се во функција дополнителен број на камиони за собирање отпад, со што како што информираше Ѓорѓиевски, од 16 камиони, сега бројот на функционални камиони е над 50.

Во однос на дочекот на Новата година, тој најави достоинствена вечер на градскиот плоштад, каде граѓаните ќе ги забавува Каролина Гочева.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер