Димитријевиќ: Со премиерот секако“ за Алта банка – Славески го посочи Мицкоски, Обвинителството е на потег!
1Димитријевиќ: Со премиерот секако“ за Алта банка – Славески го посочи Мицкоски, Обвинителството е на потег!
3Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард
Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
1Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
КултураПрвите три дена на Саем на книга со поголема посетеност во однос на ланиЈубилејното 35. издание на Саем на книга веќе е во полн ек, а организаторот посочува на позитивен раст од 25 проценти поголема посетеност во првите три дена од годинашниот Саем во однос на минатата година.Организаторот на Саемот на кој има повеќе од 60 издавачки куќи очекува бројот на посетители оваа година да достигне 30 илјади, како во предпандемичниот период. Средбите со авторите, работилниците, трибините придонесуваат за тоа. -Голем број на реномирани и познати авторски имиња веќе се појавија и се дел од програмата во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во којашто од 4ти мај, согласно уредениот простор за потребите на овој саем, не се видливи трибините, ниту пак се има чувство дека посетителите се наоѓаат во спортска сала, туку во еден сосема поинаков трансформиран простор. Игор Џамбазов, Влада Урошевиќ, Ана Јовковска, Венко Андоновски, Васил Мукаетов, Наташа Сарџоска, Велко Неделковски, Станислав Петковски-Сашо, Виолета Танчева-Златева, Вања Изова, Петар Андоновски, Анде Јанков, Ана Аврамовска, Дарко Симуновски, Александар Прокопиев, Бистра Георгиева, Игор Станојоски, Жарко Кујунџиски, се само дел од многуте имиња кои се дел од годинешната програма на средби и читања со автори на Саем на книга. Во самиот простор, саемот и штандовите ги красат висечките табли со мисли од безвременски легендарни имиња во македонската и светската книжевност како Кочо Рацин, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Лав Толстој, Франц Кафка..., наведуваат од организацијата на Саемот. Оттаму информираат дека во организација на „Сакам книги“ денеска штандот на издавачот од 12 до 15 часот ќе го посети интернационалното име во светот на модерната литература, авторот Крис Картер. -Уште една позитивна страна од јубилејното издание на Саемот на книга е што едни од најбројните посетители оваа година се токму младите и учениците од разни училишта во државата, факт што влева надеж за идните генерации и нивните навики, се вели во соопштението. Издавачките куќи како учесници се многубројни, а дел од препознатливите имиња се Академска Книга, Издавачки Центар Три, Паблишер, Антолог, Сакам Книги, Арс Ламина, Литература, Топер, Светот на Биби, Антолог, Полица, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Државен Архив, Бата Прес, Ѓурѓа, Муза, Гаврош, Сигма Прес, Магор, Чудна шума, ПНВ Публикации, Гноса, Macedonia from Above, Бегемот, Сказнувалка, Славика Либрис, Прозарт Медиа, Едиција Светулка, Бункер, Логос А, Нобел, Јени Балкан, Оливера Ќирковиќ, Феникс, и други. На влезот на саемот можат да се видат и бројни ракотворби. Дел од изведувачите имаат и своја селекција на топ 3 наслови на Саем на книга, достапни во онлајн каталогот на Скопски Саем. Саемот на книга трае до 10-ти месецов, во Арена – Борис Трајковски во Скопје, со работно време секој ден од 10 до 20 часот. На 10-ти мај саемот ќе биде отворен сѐ до 18 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитријевиќ: Со премиерот секако“ за Алта банка – Славески го посочи Мицкоски, Обвинителството е на потег!Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство.„Со премиерот секако“ - Имаме признание на Трајко Славески дека Мицкоски ја донел одлуката за Алта банка, пералницата на пари на Вучиќ и неговата мрежа. СДСМ алармираше уште пред 11 месеци да не се дозволи но Христијан Мицкоски ја внесе Алта банка во Македонија. Додека во Европа имаше санкции и суспензии, додека во Црна Гора имаше одбивање и притисоци што не влегла Алта банка, Мицкоски и Трајко Славески ја внесоа во Македонија. И покрај тоа што Европската централна банка реагирала, и покрај сомнителниот капитал, и покрај тоа што формалниот сопственик имал менувачница а не банка. Не само што ја донесоа. Мицкоски на седница на Влада носел одлуки јавни претпријатија да ги продаваат акциите на Алта банка. Со одлука на Влада му овозможиле на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата. Банкарот на Вучиќ е и банкар на Мицкоски. Сега во Србија има отворено стечај за Алта банка, Мацура е уапсен, има истрага за 380 милиони евра. Во Македонија има принудна управа, народот не може да дојде до своите пари и заштеди, пензионерите до своите пензии, фирмите не можат да исплатат плати. Фактите се на виделина. Затоа Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара. Знае дека документите и трансакциите се тука. Затоа што знае дека не може да се сокрие кој вршел притисок. Затоа прават притисок врз една домашна и една странска банка да се јават како купувачи. Мицкоски јавно признава дека ќе преговара за купување на Алта банка иако Народна банка треба да е независна. Политички услови и сензитивност, како што призна Славески. Сега е на потег Јавното обвинителство и Ненад Савески. Мора нешто да преземе. Прво Савески треба да ги блокира телефонските повици од Мицкоски, да ги одбие нарачките, наредбите од телевизија или од собраниска говорница и да постапува по закон. Во спротивно станува соучесник. Во Кривичниот законик, членот 368-а, јасно е посочена одговорноста за „попречување на правдата“. Мора да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО. Истрага и одговорност за Мицкоски, Славески, Кочовска за сите инволвирани во носењето на Алта банка во Македонија, на сите кои ја донесоа, кои помагаа, правеа притисок врз јавни претпријатија и кои дозволија да се случи овој огромен скандал, рече Александар Саша Димитријевиќ - генерален секретар на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилков: Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ – за две години подготвивме 33 закони Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда во изминатите две години беа исправни, а реформите што ги започнавме и реализиравме даваат конкретни резултати. Она што за некого беа само ветувања, за нас беше обврска. Она што го ветивме пред граѓаните, го преточивме во конкретни реформи. Денес, резултатите од таа работа се препознаени и во извештајот на Европската комисија. Особено значајна е позитивната оценка за новиот Закон за Судскиот совет, донесен во декември 2025 година. Европската комисија утврдува дека законот ги адресира препораките на Венецијанската комисија и Оценската мисија. Комисијата конкретно истакнува дека со законот се подобрени транспарентноста и јасноста на постапките за избор на судии и водењето дисциплински постапки. Позитивна оценка доби и новиот Закон за Советот на јавните обвинители, донесен во 2026 година. И за овој закон Европската комисија констатира дека е имплементирано мислењето на Венецијанската комисија. Станува збор за два исклучително значајни системски закони. Со нив поставивме квалитетна законска основа за унапредување на независноста, транспарентноста и отчетноста при изборот и одговорноста на судиите и јавните обвинители. Посебно сум горд на донесувањето на новиот Закон за парничната постапка, со кој по повеќе од 20 годишен застој, се обновува една од најважните процесни законски рамки во државата. Со овој закон се предвидуваат суштински промени за модернизација и забрзување на граѓанските судски постапки. Донесувањето на овој закон значи исполнување на препораките на Европската комисија од Извештајот за 2025 година. Покрај законодавните реформи, особено значаен е и напредокот во спроведувањето на Развојанта секторска стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028. Во реализацијата на активностите планирани за 2025 година бележиме значителен пораст и тоа од 42,9% за 2024 година, на 56,9% за 2025 година. Препознаен е и напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото. Тој претставува основа за усогласување со европското законодавство и исполнување на обврските во процесот на европската интеграција. Како позитивен исчекор, во извештајот е нотирано и потпишувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото во мај 2026 година. Ова е важно за прифаќање на меѓународните стандарди за одговорно користење на вештачката интелигенција. Би сакал да се осврнам накратко и во делот на критиките во извештајот. Борбата против корупцијата, недоволните финансиски и човечки ресурси, независноста на правосудните институции и ефикасноста на постапките. Да појаснам: антикорпуцијата се следи како хоризонтален процес, кој влијае на сите 6 кластери и е поврзан со секое 31 поглавје преку кои се оценува процесот на пристапување кон членство во Европската Унија. Односно, директно се оценува во најмалку 3 поглавја, од 31. Достигнувањата во делот на Владеењето на правото треба да се гледаат низ призмата на Поглавјето 23, кое во суштина е основата на процесот на преговорите со Европската Комисија. Овие предизвици бараат конкретно постапување од сите надлежни институции – судови, обвинителства, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и на сите други чинители. Во текот на мојот двегодишен мандат, заедно со тимот во Министерството за правда, подготвивме вкупно 33 закони. Пет од нив се веќе донесени, 2 се во Собраниска процедура, 10 во владина процедура, а останатите објавени на ЕНЕР или финализирани. Зад овие 33 закони стојат илјадници часови работа, стручни анализи, јавни дебати, консултации со домашни и меѓународни експерти и усогласувања со европски и меѓународни стандарди. За прв пат, пред донесување на било кој закон, од Министерството за правда, прокрај организираните стручни дебати, беа организирани и јавни дебати од страна на Собранието на Република Македонија. Тоа е многу битно да се напомене. Ова претставува сериозна работа на која сум исклучително горд и за која им изразувам благодарност на сите колеги, експерти и институции што беа дел од процесот. Сакам да нагласам дека донесувањето на овие закони, како и подготовката на останатите, не беше само прашање на исполнување на чекори од Реформската агенда. Целта беше и вистинска промена во функционирањето на правосудството во целост. Нешто што не било направено со децении! Верувам дека преостанатите подготвени закони ќе бидат донесени во најскоро време, без непотребно одложување, и дека ќе продолжи реализацијата на веќе започнатите реформи. Токму овие закони адресираат голем дел од препораките нотирани во Извештајот. Дозволете да набројам неколку од нив: Закон за спречување на корупција и судир на интереси, Закон за јавно обвинителство, Закон за судски буџет, Закон за судови, Закон за кривична постапка, Закон за академија за судии и јавни обвинители, новиот Кривичен законик, како и многу други финализирани до јули 2026 година. Искрено се надевам дека во следниот Извештај, Европската комисија ќе констатира уште поголем напредок во правосудството. Позитивната оценка на Европската комисија е огромна потврда за вложениот труд и реализираните реформи. Поставивме важни темели, но за постигнување на крајната цел – независно, ефикасно и праведно судство – неопходно е да се задржи континуитетот, да се донесат преостанатите подготвени закони и доследно да се спроведе започнатото. Започнавме сериозен процес но, за да бидат завршени реформите во интерес на граѓаните, и во целост, мора активно да се вклучат сите засегнати чинители и страни. ЗНАМ останува доследен на принципот на владеење на правото и дава целосна поддршка на институциите во овие комплексни процеси, како внатрешен коректив на Владата. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во ЕуростандардФилипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард.Додека денес не бираат средства со кои ја напаѓаат Владата, во 2019 година, во времето на Заев и Филипче од Венецуела во Македонија беа слеани 110 милиони евра во струмички фирми блиски до Заеви. Да потсетиме, тогаш Венецуела беше под меѓународни санкции, но тоа за Владата на Заев и Филипче не беше важно. Истражувачки новинари, тогаш открија дека тие 110 милиони евра биле првата транша од планирате дури милијарда и 600 милиони евра. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, чии вистински сопственици биле латиноамерикански државјани, а дел од парите оделе и преку руски банки. Каде има криминал, корупција и уништување, таму се Филипче и Заев. Затоа денес се гласни, затоа што имаат за цел да уништат банка, да шират паника дека ќе им пропаднат парите на клиентите, и да дојде бизнисмен близок до Заев да ја преземе банката. Тие гледаат само корист. Додека е Мицкоски претседател на Владата, банка нема да пропадне, а граѓаните ќе бидат заштитени, рече Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter