МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
2МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
1Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
СветПрвите луѓе на американската влада дискутирале доверливи воени информации на обична апликација Ја користеле апликацијата „Сигнал“ („Signal“) да разговaраат за претстојната воена операција против јеменските Хути.Членови на Советот за национална безбедност на САД ја користеле апликацијата „Сигнал“ („Signal“) да разговaраат за претстојната воена операција против јеменските Хути, и како еден од учесниците на затворената група се нашол и Џефри Голдберг, главен уредник на изданието „Атлантик“. Во разговорот учествувале клучни претставници на американскоиот врв: министерот за одбрана Пит Хегсет, државниот секретар Марко Рубио, потпретседателот Џеј Ди Венс, советникот за национална безбедност Мајк Волц и други високи функционери, или вкупно 18 лица. Голдберг бил додаден во групата на 13 март 2025 година, само два дена пред САД да ги започнат воените напади. Во напис објавен од „Атлантик“, тој пишува дека во чатот детално се разгледувале сите аспекти на операцијата: времето и целите на нападите, очекуваната реакција на други држави, можните ризици и последици. Главниот уредник истакнува дека потпретседателот Венс бил против избрзан напад и се обидел да ги убеди другите учесници во дискусијата, операцијата да се одложи за подоцна, но неговиот став не наишол на поддршка. -Никогаш досега не сум видел толку флагрантно нарушување на доверливоста. Членовите на Советот за национална безбедност користат „Сигнал“, но обично само за координирање состаноци и логистика, а не да разговараат за воени операции, изјави главниот уредник на списанието. Не е јасно како Голдберг се нашол во група која разговара за доверливи воени работи, а самиот нема дозвола за пристап до државни тајни. По почетокот на воената операција, Голдберг побарал официјален коментар од Советот за национална безбедност. Претставник на советот ја потврдил автентичноста на чатот и соопштил дека моментално се спроведува истрага за тоа како новинарот добил пристап до затворената комуникација. Според правниците кои ги консултирал „Атлантик“, креаторот на групата, Мајк Волц, најверојатно прекршил неколку одредби од американскиот Закон за шпионажа, кој строго ги регулира процедурите за ракување со доверлива воена информација. Експертите потенцираат дека „Сигнал“ не е официјално одобрен од владата како канал за размена на класифицирани податоци. Во случај на загуба или кражба на телефоните на учесниците во чатот, последиците по националната безбедност на САД можеле да бидат крајно сериозни. По наредба на претседателот Доналд Трамп, на 15 март 2025 година САД започнаа обемни воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен. Според соопштението на Централната команда на вооружените сили на САД, операцијата е со цел заштита на американските интереси во регионот и обезбедување на слободна пловидба. /МИАТагови: воени информации апликацијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денариОваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно закон, она линеарно, се повлекува и критиките од опозицијата дека пензионерите се заборавени, изјави: „Опозицијата преку свои експерти праќаше дописи и претставки до Уставниот суд за тоа што оваа Влада го зголеми за пензионерите, да им го одземе, да го враќаат назад. Тоа е лицемерието на денешната опозиција којашто преку свои експерти до пред некоја недела се трудеше тоа што оваа Влада им го овозможи на пензионерите, да им го одземе. Е сега да направиме споредба со тоа што е направено од оваа Влада во првите две години, бидејќи толку е оваа Влада 26-7 месеци. И тоа што е направено од претходната Влада во првите две години. Во првите две години Владата на СДСМ и ДУИ, пензиите на пензионерите ги зголеми за отприлика 540 денари. Оваа Влада за повеќе од 6.800, просечно зборувам. Просечната старосна пензија за над 6.800 денари. Јас пред некој ден дадов изјава и реков 16 пати е разликата, направив грешка се извинувам, 12,6 пати е разликата. Да бидеме сега попрецизни. Или тоа што го направивме ние за овие 25-6 месеци е повеќе отколку што тие го направија за 7 години додека беа Влада. А да не зборувам за тоа што им го укинуваа законот, па потоа измислуваа некои швајцарски модел и така натаму. Или па да не се враќаме во минатото кога им беше на пензионерите ускратен оној процент од нивната пензија во времето на претходните Влади на СДСМ. Така што, да сумирам од една страна испраќаат свои експерти коишто ги фалат на социјалните медиуми да ги пред Уставниот суд предизвикуваат одлуките на оваа Влада за линеарното зголемување на пензиите, а од друга страна лицемерно излегуваат без никаков аргумент, се обидуваат да испратат критика. Но, нашите сограѓани се свесни за тоа што го направи оваа Влада и претходната. Така што можат да направат јасна разлика. Јас не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од тоа што беше во времето на СДСМ и ДУИ.“- истакна премиерот Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ прв пат без место меѓу Топ 10 најдобри на АТП листатаНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ го загуби местото во елитната Топ десетка на новата Листа на АТП, прв пат по далечната 2002 година.Со објавувањето на најновата ранг-листа во понеделникот, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ падна од петтото на 12-тото место, што е првпат од октомври 2002 година елитната група на десетте најдобри светски тенисери да остане без ниту еден член на славната „Голема тројка“. Триесет и деветгодишниот Ѓоковиќ – последниот активен претставник на ерата во која Роџер Федерер и Рафаел Надал веќе се пензионираа – испадна од најдобрите десет по раната елиминација на УС Опен во Њујорк. Поразот на Ѓоковиќ од Маријано Навоне уште во првата рунда на Грен слемот во Њујорк е главната причина за падот на српскиот ас на новата листа на АТП. Неуспехот во дуелот со Маријано Навоне преставува најраната елиминација на популарниот Ноле на некој Грен слем турнир во последните дваесет години. По оваа смена на генерациите, на чело на АТП-листата се наоѓаат Јаник Синер, Александар Зверев и Карлос Алкараз. Елиминацијата на Ѓоковиќ стави крај на рекордната низа во која членовите на „Големата тројка“ постојано ги заземаа местата на самиот врв на светскиот тенис. Федерер, Надал и Ѓоковиќ имаат постигнато историски резултати, со вкупно 66 освоени Гренд слем титули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети НиколеМинистерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес беше во посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев извршија увид во активностите за подобрување на условите и за поставување на фотоволтаици во повеќе образовни установи. „Драго ми е што локалната самоуправа во континуитет се труди да гради поквалитетно образование на локално ниво, а тоа е идентична цел и на Владата и Министерството за образование и наука на национално ниво. Секако, кога целите се идентични, заложбите се многу поефективни. Инфраструктурата е еден од основните предуслови за да имаме добар воспитно – образовен процес и во оваа прилика ќе се заблагодарам на градоначалникот што покажува голема грижа за најмладите и порачувам така да продолжи и во иднина да работи“, рече Јаневска. Градоначалникот Владев информираше дека се работи за инвестициски циклус од околу 13 милиони денари, средства со кои се поставуваат фотоволтаици во три основни училишта и две градинки, се уредува дворот во дел од нив, а во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ се поставува фасада и кров со средства од Владата обезбедени преку повикот за финансирање на капитални проекти на општините.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter