Првиот скрининг во Дебар покажа дека градот е далеку од колективен имунитет

Првиот скрининг процес во Дебар покажал дека градот сепак нема колективен имунитет.. Само два проценти од околу 2 илјади тестирани покажале присуство на антитела, информира за Канал 5 доктор Арбен Аголи, кој бил вклучен во процесот. 

Од 2342 дебарчани, кои по случаен избор биле опфатени во скрининг процесот за да се утврди дали во Дебар е постигнат колективен имунитет на коронавирусот, само 35 луѓе биле позитивни на ИГГ тестот . Овие информации за Канал 5 ги сподели доктор Арбен Аголи, кој беше заболен и го победи коронавирусот. Тој вели дека во неговата ординација биле направени тестови на 230 деца до 14 години, од кои само за две резултатите покажале дека изградиле одреден имунитет на вирусот. Позитивни на ИГГ се претежно луѓе кои ја прележале болеста, како доктор Аголи, и членови на нивните семејства,кои биле без симптоми.

“Што значи дека вкупниот број во Дебар е некаде 2% позитивни на ИГГ позитивни и за да зборуваме дека имаме колективен имунитет тоа не можеме да го велиме, значи треба некаде 60% да биде. Тоа значи дека кога ќе доаѓа пак есента , кога ќе почнат вирозите Дебар е пак загрозен како град .. за понова инфекција можеби ние што сме ИГГ позитвни имаме одареден имунетите и тоа можеме многу лесно да го пребродиме , но Дебар е пак загрозен како град. А кога зборуваме за карантинот, тој го даде својот резултат,ама од друга страна немаме колективен имунитет, се затворивме дома сите се избегнаа контактите и сега сме во ситуација кога скринингот ни е негативен..“ вели доктор Аголи.

Овие резултати покажуваат дека се уште е рано да се зборува за спроведување на скрининг процес на територијата на целата држава, вели за Канал 5 министерот за здравство Венко Филипче. Додава дека проверка на колективниот имунитет е можно да се направи кон крајот на летото.

Според доктор Никола Пановски заедничкиот имунитет може да се смета за делумно постигнат кога ќе има практична вредност во ширењето на болеста од најмалку 30%.

Тогаш ќе се шири болеста меѓутоа не во епидемиски размери затоа што третина од населаението сепак нема да оболува, и од тие што немаат ИГГ секако некои имаат природен или скриен имунитет, од некои причини не оболуваат, а 70 отсто е идеална бројка нормално и повеќе бидејќи тогаш вирусот не може да се шири. Овој број што го спомнавте за жал е помал од тоа што очекував, иако јас не очекував многу голем број. Зошто е тоа така бидејќи во тој град иако имаше многу случаи методите кои беа применети беа многу ригорозни и спречија понатамошно ширење. – вели доктор Пановски.

Кризната состојба во Дебар беше на сила од 13 март до 13 април. Од почетокот на епидемијата, во овој град беше регистриран 51 случај, досега четворица починаа, а оздравени се останатите 47, со што од вчера во Дебар нема активен случај. Добра вест пристигна и од Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар, каде исто така од вчера нема позитивни случаи.

Ја препознавате ли оваа пејачка?

По неа денес лудува цел регион, а песните ѝ се толку популарно што се слушаат на секој чекор!

На Tикток почна да кружи снимка на која една од најпопуларните пејачки на нашите простори се појавува во сосема непрепознатливо издание.

Харизматичната словенечка пејачка Сенида во последните неколку години ја освои публиката ширум регионот и повеќето ги засакаа нејзините песни, специфичниот глас и посебниот музички правец, кој не го прилагодуваше на трендовите што „носат пари“. За кратко време се покажа дека овој музички правец е одлично пртифатен, особено кај помладите генерации.

@eminentan2 ZAPRATI ME DA VIDIS KO JE SLEDECI😱 #fyp #foryoupage #fypシ #viral #senidah ♬ original sound - L i d i j a ✌

Градејќи го својот простор на музичката сцена, Сенида го формираше и својот стил на облекување и шминкање. Меѓутоа, кога се во прашање хируршките корекции на физичкиот изглед, се чини дека малку им „подлегнала“ на трендовите, па така беше забележало дека пејачката направила неколку интервенции за да изгледа токму онака како што сите ја знаеме денес.

На ТикТок кружи снимка од Сенида пред операциите, но нејзините фанови не се ниту изненадени ниту разочарани.

Иако повеќето се согласија дека Сенида изгледа прекрасно во секое издание и има природна убавина, имаше и коментари што се однесуваа на тоа дека секому му е потребно мало дотерување и дека таа не е ниту прва ниту последна што го прави тоа.

Позната ѕвезда на филмови за возрасни проговори за шокантните работи во Холивуд!

Актерката Мејтлан Ворд позната на пошироката јавност по својата улога во серијата „Boy meets world“ откако ја отвори вратата на Холивуд, филмската индустрија за која сите актерки сонуваат, таа се сврте кон индустријата за еротски филмови. 

Своето неверојатно искуство таа го опишала во книгата „Како порно индустријата ме спаси од Холивуд“.

Актерката се осврнала на периодот на снимањето на серијата што ја направи ѕвезда, опишувајќи го искуството како многу збунувачко.

- Во серија како „Boy meet word“ би можела да бидам секси и провокативна. Во некои сцени носев минимална облека и сите беа воодушевени што во некои кадри имав онолку облека колку што би имала за дечкото во спалната соба. Ако носев такви работи во јавноста или би ме фотографирале некаде, продуцентите и индустријата на Дизни ќе ме пикираа. Особено Мајк Џејкобс, тој беше многу упорен во тоа дека девојките мора да изгледаат невино – истакна актерката.

Според оваа актерка, искуството од снимањето на серијата ѝ пречело да ја истражи својата сексуалност.

- Сето тоа ми беше многу збунувачко. Ми пречеше во откривањето која сум и какви желби имам, и тоа траеше многу долго - открива познатата актерка на филмови за возрасни.

Актерката Мејтлан Вард влезе во порно индустријата во 2006 година. За многу кратко време таа се најде на самиот врв во филмовите за возрасни. Таа продолжи да снима филмови и стекна голема слава кај публиката од таа содржина.

Актерката открива и дека тоа што го заменила Холивуд со порно индустријата ја ослободило од притисокот со кој се соочуваат жените поради стареењето.

-Во текот на раните 2000-ти, притисокот во Холивуд беше страшен. Сите беа во паника дека набргу, како стареат, кариерата ќе им заврши, дека нема да добиваат атрактивни улоги и дека ќе заминат во заборав. Холивуд сака убави и млади жени, сè друго за нив има рок на траење. Секако, тоа не е случај со мажите, тие би можеле да бидат ѕвезди и на 60 или 70 години. Холивуд е многу суров кон стареењето, додека јас тоа не го чувствувам во порно индустријата – открила актерката.

Таа се надева дека нејзината приказна ќе доведе до некаков напредок во елитната филмска индустрија.

Чудо на Алјаска: Отровен гас излегува од новоформираните езера (ВИДЕО)

Езерата на Алјаска кои се формираат поради топењето на вечниот мраз „ослободуваат“ метан во атмосферата, предупредуваат научниците.

Овие езера, наречени термокарсти, се толку полни со гас, опасен за климата, што може да се види како клокотат на површината. Според истражувањата од 2021 година, со топењето на „вечниот мраз“ на Алјаска се создаваат сѐ повеќе вакви езера.

Вечна шума или вечен мраз е името во геологијата за почва што е на температура од 0 степени Целзиусови, или пониска, за период од две или повеќе години. Топењето на вечниот мраз на Алјаска, односно ледената покривка која треба да биде замрзната во текот на годината, се должи на климатските промени; повисоки температури и поголем број шумски пожари.

Експериментот за ранливост на Арктикот Бореал (ABoVE) на НАСА го проучува влијанието на ваквите новоформирани езера врз климатските промени. Кога „вечниот мраз“ се топи, масивните блокови мраз вградени во земјата исто така се топат, што предизвикува колапс на земјата.

„Пред многу години земјата беше околу десет метри повисоко и имаше шума од смрека“, рече Кејти Волтер Ентони, еколог од Универзитетот во Алјаска-Фербенкс, опишувајќи го термокарстот Big Trail во Алјаска.

Волтер Ентони работи со проектот ABOVE за да го проучи влијанието на езерото Биг Треил врз климатските промени. Како што водата навлегува во дупките, така навлегуваат и бактериите.

„Големото Езеро Трејл изгледа како некој да ја отворил вратата од замрзнувач и оставил храната да се стопи и да се распадне. Како што бактериите го разградуваат материјалот, тие ослободуваат гас метан“, вели Волтер Ентони.

На Арктикот има милиони езера, но повеќето од нив се стари илјадници години и повеќе не испуштаат многу гас. Само поновите, како Биг Трејл, кое се појави пред помалку од 50 години, ослободуваат високи нивоа на метан.

Ваквите езера испуштаат толку многу метан што многу лесно се запалуваат, како што може да се види на видеото.

Иако јаглерод диоксидот (CO2) е главниот двигател на климатските промени, истекувањето на метанот исто така ги забрзува проблемите со глобалното затоплување. Метанот е стакленички гас, што значи дека ја задржува топлината во атмосферата што зрачи од земјата, наместо да дозволи Земјата да се олади.

Тој е многу помоќен од CO2 во оваа смисла, односно е околу 30 пати поефикасен во задржувањето на топлината. Но, исто така се расфрла побрзо од CO2, кој всушност се задржува подолго во атмосферата, пишува Business Insider.

„Намалувањето на емисиите на метан е исклучително важно во борбата против климатските промени и глобалното затоплување. Метанот, исто така, придонесува за формирање на озон на ниво на земја, кој предизвикува приближно 500.000 предвремени смртни случаи ширум светот секоја година“, рече Рик Спинрад, шеф на американскиот Национален институт за океани и атмосферска администрација (NOAA).

Човечките активности како што се земјоделството, користењето гориво и депониите придонесуваат за емисиите на метан. Но, постојат и природни извори; како мочуришта или новосоздадени езера како ова.

NOAA во април објави дека зголемувањето на температурите може да предизвика таканаречена повратна врска која еден ден повеќе нема да можеме да ја контролираме.

притисни ентер