3Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ТехнологијаПрвиот QLED Android TV произведен во Хрватска!VIVAX е првиот бренд во Хрватска и поширокиот регион кој започна со производство на Android телевизори со врвен квалитет QLED технологија. Новата Q серија на 4K QLED телевизори ќе биде премиерно прикажана на почетокот на септември оваа година на водечкиот европски саем за потрошувачка електроника, на саемот IFA во Берлин. По долгогодишно искуство стекнато во производството на LED телевизори, брендот VIVAX направи чекор понатаму и лансираше нова серија на 4K QLED телевизори, сертифицирани од Google. Сертифицираните Google VIVAX 4K QLED телевизорите од Q серијата, се првите телевизори на пазарот кои го користат најновиот оперативен систем Android 11, кој овозможува најбрз и најдобар пристап до сите апликации што може да се преземат од Google Play Store. Новата Q серија на VIVAX 4K QLED телевизори е со вградени Dolby Atmos® и Dolby Vision® технологиите, кои прават звукот и сликата да бидат совршени. Јасноста и живоста на сликата и звукот овозможуваат вистинско уживање при гледањето, со чувство на кино искуство или како да сте во живо на концерт. Технологијата HDR 10+ овозможува содржината прикажана на телевизорот да биде јасна и реалистична. Со помош на „вградената“ Chromecast технологија, сите паметни уреди со Android или iOS може брзо и лесно да се поврзат со телевизорот. Далечинскиот управувач на телевизорот со помош на Bluetooth технологијата овозможува и гласовни команди за побрз пристап до саканата содржина. Давањето на команди преку „Google voice search“ опцијата, ќе ги направи вашите омилени апликации како YouTube или Netflix уште полесни и поедноставни за користење. Во дизајнот на Q серијата на VIVAX QLED телевизорите, акцентот е ставен на ултра тенката метална рамка за ТВ која врвно се вклопува во секој простор. Оваа Q серија на VIVAX 4K QLED телевизори доаѓа во 4 дијагонали: 43", 50", 55" и 65". Секој VIVAX телевизор е подложен на повеќекратни проверки за квалитет за време на производството. Финалната контрола на крајот од производната серија вклучува целосен преглед на секој телевизор, неговите функции и функционирањето на приклучоците. Телевизорите VIVAX ги исполнуваат сите пропишани ЕУ стандарди и ги имаат сите потребни сертификати. Производствената серија на QLED телевизорите VIVAX се наоѓа во местото Ругвица, кај Загреб и има годишен производствен капацитет од 180.000 уреди. Новата Q серија на телевизори на Android VIVAX 4K QLED може да се купат на сите продажни места низ Македонија и по пат на онлајн продажба. VIVAX е бренд кој е наменет за секого. Доколку не сте знаеле, брендот VIVAX е хрватски бренд на потрошувачка електроника кој постои 18 години и е единствениот бренд на пазарот кој нуди најширок асортиман на уреди, задоволувајќи ги сите реални потреби на потрошувачите. Моменталната палета нуди над 300 производи во 5 основни категории: клима уреди, ТВ и аудио уреди, бели техника и вградна бела техника, мали апарати за домаќинството и паметни уреди. VIVAX производите моментално се продаваат на повеќе од 35 пазари ширум светот, со што брендот VIVAX им се придружува на останатите хрватски брендови кои сѐ повеќе добиваат глобален карактер. Дознајте повеќе за брендот на vivax.com. VIVAX. Едноставно квалитетно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин ВикВо рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура. Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромитеПолска привремено затвори два аеродрома поради воени дејствија на руските воздухопловни сили во соседна Украина. Пријавени се експлозии во близина на полско-украинската граница. Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека активностите во воздушниот простор се поврзани со руските напади со беспилотни летала во Украина, пренесува LBC. Украински претставник потврди дека за време на денешниот руски напад со беспилотни летала, се слушнале експлозии на неколку километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Во Жешов и Лублин, во источниот дел на земјата, се огласија сирените за воздушна опасност, а граѓаните беа предупредени да побараат засолниште. Lublin 11:50 słychać syreny alarmowe Ludzie mają chill https://t.co/YLjOXJh7xw — Agatha💃🏼🐙 (@GabrielaCat1191) September 17, 2026 „Копнените системи за противвоздушна одбрана и системите за радарски надзор се во состојба на целосна готовност“, соопштија Полските вооружени сили. Од командата додадоа дека станува збор за превентивни мерки насочени кон обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што граничат со загрозените региони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површиниИнспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните. Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook