Првиот настап на Бијонсе откако е бремена со близнаци доби овации (видео)

Девет минутен настап имаше Бијонсе на доделувањето на „Греми“ наградите. Беше номинирана во девет категории а замина со две Греми статуетки. најголемото признание го доби од апсолутната победничка на Греми наградите, Адел, која рече дека наградата за „Албум на годината“ не ја заслужила, и требало да и припадне на Бијонсе.

Бијонсе беше номинирана за 9 награди а замина со две - наградата Најдобар урбан современ албум и Најдобро музичко видео. Таа вчеравечер во Лос Анџелес имаше спектакуларен настап, прв откако на 1 февруари обелодени дека очекува близнаци.

Helping mama! The 35-year-old was led by her backup dancers by the hand down a set of stairs

25 танчери беа на сцената со Бијонсе да го изведат настапот за паметење! Сцената неше украсена со илјадници цветови.

Falling head over heels: The Lemonade singer performed a daring stunt

Беше проектиран и холограм од трите генерации на нејзиното семејство - Бијонсе со нејзината мајка Тина и малата Блу Ајви.



Three generations: Both her mother Tina Knowles and Blue were featured as holograms during the show (seen here posing for the photograph that later became the hologram)

Настапот кој Бијонсе го подготвувала 5 дена, доби овации од публиката.






Апсолутниот победник на вечерта Адел, настапи со емотивен говор - рече дека од петте статуетки кои ги освои не ја заслужила наградата за најдобар албум на годината, која како што рече, требало да и припадне на Бијонсе бидејќи нејзиниот албум „Lemonade“ е „монументален и инспиративен“.

- Што треба повеќе да направи Бијонсе да добие признание за Албум на годината - изјави Адел на прес конференција по настапот.


Tribute: Adele said: 'The way you make me and my friends feel, the way you make my black friends feel is so empowering'


/извор: Дејли меил




Стапи во сила Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд

Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто.

Индустријата и земјоделците од Европската Унија добиваат мноштвото нови извозни можности со стапувањето во сила на Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд, кој се очекува да ги намали годишните извозни давачки на европските компании за околу 140 милиони евра, соопшти Европската комисија.

- Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов Зеланд во рок од една деценија да порасне за 30 отсто, при што извозот од Унијата потенцијално би се зголемил на 4,5 милијарди евра годишно. Инвестициите на ЕУ во Нов Зеланд имаат потенцијал да се зголемат и за 80 проценти. Овој историски договор, исто така, вклучува обврски без преседан за одржливост, вклучително и почитување на Парискиот договор за климата и основните работнички права, се додава во соопштението.

Со Договорот се укинуваат царините за клучните извозни земјоделско-прехранбени стоки од ЕУ, вклучително и свинското месо, виното, шампањското, чоколадата и кондиторските производи. Дополнително, со спогодбата се гарантира заштита на близу 2.000 вина и жестоки пијалаци од ЕУ, како и на 163 од европски производи со гарантирано географско потекло, како Фета сирењето, истарската пршута или чоколадните бонбони со марципан од Либек.

Од друга страна се обезбедени царински квоти за увоз на говедско и овчо месо и млечни производи во ЕУ.

Договорот предвидува и полесен пристап на компании од ЕУ до договори за новозеландски државни набавки на стоки, услуги и концесии, како посебна помош за извозот на малите бизниси.

Преговорите за Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд започнаа во јуни 2018 година. Договорот беше потпишан на 9 јули минатата година, по што тој беше одобрен од страна на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ, на 22, односно 27 ноември. Од друга страна, постапката за ратификација на Договорот во Нов Зеланд заврши на 25 март годинава. /МИА

Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

За време на велигденските празници, односно од утре петок - 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред.

-Утре и во понеделник на 5 мај од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела за сите е неработен ден, информираат од ЈСП Скопје.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.

Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Полицијата вчера на територија на СВР Битола изрекла вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, 15 казни се изречени на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, три во Македонски Брод, по две мерки во Прилеп и Крушево и една мерка на подрачје на Демир Хисар.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер