Првиот хип хоп милијардер на светот - Канал 5

Првиот хип хоп милијардер на светот

Сопругот на светската музичка ѕвезда Бијонсе, музичарот Џеј Зи е официјално првиот хип хоп милијардер на светот, објави Форбс. 

Првиот хип хоп милијардер на светот

Според познатиот магазин Џеј Зи откако изградил империја од музиката, недвижнините, модата и инвестициите стигнал до богатсво од една милијарда долари.

Форбс наведува дека сопругот на Бијонсе успеал поради тоа што не финансирал брендови туку градел бреднови. Џеј Зи има удел во Убер и огромна колекција на луксузни уметнички дела.

Џеј Зи чие вистинско име е Шон Картер потекнува од еден од најозлогласените квартови во Њујорк, Бронкс.

49 годишниот Џеј Зи како богатсво има:

Музички каталог од 75 милиони долари

Удел во шампањот „Armand de Brignac“ и коњакот „ D'Usseu“ вреден 410 милиони долари

Удел во Убер од 70 милиони

Недвижнини во Њујорк и Лос Анџелес

Удел од 100 милиони во музичкиот стриминг сервис Тидел

Колекција на уметнички дела во вредност од околу 50 милиони долари...

Неговата сопруга Бијонсе според Форбс наводно „тежи“ 335 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти

СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. 

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти

Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи.

Во оваа прилика да му објасниме и на Филипче и на неговиот другар Зоран Заев кој се уште очигледно му дава насоки за работа.

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија и треба основен, примарен, национален дата систем за чување на сите податоци од сите институции.

Македонија како држава има проект во делот на реформската агенда со ЕУ за изградба на национален дата центар. Притоа ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар.

Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни.

Ова е тоа за што СДС се противи, а само да потсетиме во време на нивната влада имаше напад на системот на ФЗО и граѓаните не можеа да ги остварат своите права, не можеше да се исплаќа породилно, да се прави поврат на средства за лекови и слично.

Оттука евидентно е дека СДС се противи на развој на индустрија која значи заштита на лични податоци на секој поединец, заштита на државни податоци, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Покрај кејот во Охрид е пронајдена неексплодирана бомба

На 28.08.2026 во 15.33 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на кеј „Македонија“, пронајдена е неексплодирана бомба. 

Покрај кејот во Охрид е пронајдена неексплодирана бомба

Местото е обезбедено од страна на полициски службеници по што, бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување, за натамошна постапка, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Кирановиќ за величењето на Младиќ, што е следно?

Мицкоски го штити својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Далибор Китановиќ.

Штерјова: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Кирановиќ за величењето на Младиќ, што е следно?

Од никого не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор, да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка.

Наместо кривично да одговараат и давајцата, согласно член 407 од Кривичниот законик поради „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.

Нема тука простор за негово одлучување или различно толкување.

Луѓе како Стоилковиќ и Китановиќ со такви ставови не треба и не смее да бида вршители на каква било јавна функција во Владата.

Дали Мицкоски се согласува со својот министер Иван Стоилковиќ?

Дали Ратко Младиќ е и негов генерал?

Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ и Китановиќ, тогаш нека ги осуди нивните ставови и нека ги разреши.

Ова е дел од поширока агенда, сценарио на Вучиуќ која Мицкоски ја спроведува и за која СДСМ предупредува.

Создавање тензии, поделби меѓу граѓаните, етнички провокации и поделби, операција „Талог“.

Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.

Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ.

Се е дел од иста кампања. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.

Прашањето е што е следно? Што друго имаат подготвено?, рече Кети Штерјова од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер