АвтомобилизамПрвиот електричен Волво ќе се појави во продажбаПрвиот електричен Volvo е теренец, а цената е според очекувањата.Пред точно една година, Volvo премиерно ја претстави електричната верзија на мошне успешниот XC40. Неговото име е XC40 Recharge P8 AWD, и дури сега првите копии излегоа од лентата и се упатија кон салоните. Првите копии од белгиските погони во Гент ќе им бидат доставени на клиентите на крајот на месецот. Се чини дека Volvo заврши добра работа бидејќи интересот е голем и сите возила што ќе бидат произведени до крајот на годината се продадени однапред. Моделот користи платформа „ Compact Modular Architecture “ (CMA) развиена со помош на „ Geely “ концернот и ја споделува со моделот „Полестар 2“, кој многумина го вклучија во списокот на конкуренти на „Тесла“. Сепак, погонот дава 408 КС, максимумот е ограничен на 180 км на час, а достигнува 100 км на час за одлични 4,9 секунди. Батеријата има капацитет од 78 kWh и е доволна за да обезбеди опсег од 418 км на WLTP и 335 км на EPA. Потребни се 40 минути на брз полнач за полнење на батеријата до 80 проценти. И, конечно, да ја споменеме цената. Првиот електричен Volvo во Германија има почетна цена од 60.437 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаСали: Целна експертиза и институционална одговорност за побрзо спроведување на реформитеМинистерот Сали нагласи дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност.Денеска, во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите. На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност до Обединетите нации за континуираното партнерство и ја нагласи важноста на овој механизам во период кога институциите паралелно работат на спроведување и планирање на реформите кои треба да дадат конкретни и мерливи резултати. „Спроведувањето на обврските од Реформската агенда ќе го определи не само темпото на нашиот напредок во рамки на Инструментот за реформи и раст, туку и квалитетот и кредибилитетот на поширокиот процес на европска интеграција. Затоа, кон секој реформски чекор мора да пристапиме сериозно, со професионална одговорност и силен фокус на резултатите“, истакна Сали. PREF има за цел да им овозможи на институциите брз и структуриран пристап до претходно проверени домашни и меѓународни експерти. Соодветната експертиза може да биде идентификувана во рок од десет работни дена по одобрувањето на барањето, со што институциите ќе можат навремено да добијат целна поддршка за подготовка на сложено законодавство, проценки на влијание, патокази и стратегии, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Сали нагласи дека надворешната експертиза не претставува замена за институционалната одговорност. „Надворешните експерти можат да обезбедат знаење, анализи и технички решенија, но приоритетите мора да ги дефинираме ние, процесот мора да го водиме ние, а конечните резултати мора да бидат наша сопственост и наша одговорност за нивното спроведување.“ Институциите беа повикани внимателно да ги разгледаат чекорите од Реформската агенда за кои се надлежни и да ги идентификуваат областите каде специјализираната експертска поддршка може директно да го забрза спроведувањето, да помогне во надминување на техничките пречки и во исполнување на договорените рокови. Министерството за европски прашања ќе продолжи да им дава поддршка на институциите во текот на процесот и да ја обезбедува потребната координација со Обединетите нации. „Успехот на Реформската агенда нема да се мери според бројот на планови што ќе ги усвоиме или состаноци што ќе ги организираме, туку според тоа дали реформите се завршуваат навреме, дали институциите функционираат подобро, дали граѓаните и бизнисите гледаат конкретни подобрувања и дали нашата земја се приближува кон полноправно членство во Европската Унија“, порача Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРанче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина БутелОпштина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите. Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче. Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка. Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал. Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел. Општина БутелТагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаПриведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затворНа 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter