Првиот човек на Пентагон Џејмс Матис викендов во Македонија

Вашингтон ја интензивира дипломатската предреферендумска офанзива во Македонија.

По за утре најавената посета на Вес Мичел, викендов во Скопје доаѓа и првиот човек на Пентагон, Џејмс Матис.

Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели на многу кусо патување и јасно ќе дадам до знаење дека сме со македонскиот народ, порача американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис за американските медиуми, како најава за силната американска кампања во предреферендумска Македонија.

Целта на посетата, како што изјавил самиот Матис во Пентагон, е да ги истакне и американските ставови во однос на руската агресија.

-Загрижен сум што Русија би можела да се вмеша во исходот од референдумот во Македонија. Демократиите треба да бидат оставени на мира. Таквото мешање Русија го практикуваше од Естонија до САД, во Украина и сега во Македонија, изјавил Матис, чија посета е најавена само ден пред доаѓањето на помошникот Државен Секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел. Посетите на високите американски функционери на Македонија не се бројни. Во 99-тата американскиот претседател Клинтон ја посети земјава, две години подоцна државниот секретар Колин Пауел, а во 2004-тата, државниот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд. Оттогаш, во земјава немало високо рангиран американски претставник. И додека во Македонија се вжештува референдумската атмосфера, во Грција се вжештува дебатата за Договорот од Преспа. Без разлика од исходот во ПЈРМ; последниот збор ќе го има грчкиот народ, или на референдум или на избори, порачува коалицискиот партнер на Ципрас, Панос Каменос,

-Не постои ниту македонска националност, ниту македонски јазик, тие зборуваат словенски. Во некој момент Тито откри дека треба да формира област и да и го даде името на историската Македонија за да бара излез кон Егејското море. Ги зема Словените кои имаа бугарско потекло од регионот на Пирин им рече, ве нарекувам Македонци, рече Панос Каменос, министер за одбрана на Грција.

На прес конференцијата во Солун, Каменос рече дека е подобро спорот да остане замрзнат конфликт, отколку да се отстапи името Македонија.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер