МакедонијаПрвата електронска алка ќе ја носи 79-годишен велешанец, осуден на 3 месеци куќен затворАлките за следење на затворениците за извршување на алтернтивна мерка куќен затвор станува реалност. На 79 годишен велешанец обвинет за полово вознемирување му е пресудено тримесечно извршување мерка куќен затвор со уред за следење. Неговата казна се состои од забрана за напуштање на домот, освен во случаите кои се предвидени со закон за пробација. -На обвинетиот му се утврдува казна затвор во траење од три месеци и истовремено се определува дека утврдената казна затвор во траење од три месеци, со согласност на обвинетиот, казната да ја издржува во куќен затвор со електронски надзор, а која се состои во забрана за напуштање на домот, освен во случаите утврдени со Законот за пробација. Доколку обвинетиот ја прекрши забраната за напуштање на домот, по предлог на надлежен орган, судот може да одреди заменетата казна затвор да се изврши во целост во установа за извршување на казната затвор. -стои во пресудата која ја донесе велешкиот суд во јуни годинава. Во моментот Управата за санкции има 100 функционални алки, но уште 300 се во резерва и наскоро треба да бидат ставени во функција, изјави Директорот на Управата за Извршување Санкции, Александар Пандов за Канал 5 ТВ. Пандов вели ваква казна може да добијат стари и изнемоштени лица, мајки со бебиња или мали деца, тешко болни лица и лица со инвалидитет, но и лица кои имаат издржано дел од нивната казна..Системот не може да биде хакиран, а доколку некој се обиде да го напушти дозволениот периметар, веднаш ќе бидат известени надлежните органи. Доколку лицето излезе од периметарот и не се јави на телефон, веднаш ќе биде вратено во затвоР, рече Пандов. -Истата таква можност можат и самите осуденици кои се сега во затворите, кои спаѓаат во овие категории и имаат поголем дел од нивната казна одлежано имаат право да бараат од судовите куќен затвор.Се става алката, се става еден уред во неговиот дом со СИМ-картичка, се нанесува тој уред да има одреден периметар за осуденото лице коешто ако излезе во дворот не реагира, меѓутоа ако излезе надвор од тој периметар, луѓето кои се во тоа одделение за електронски надзор веднаш добиваат нотификација. --Пандов. Иако ова е прв случај, уште две лица се очекува наскоро да добијат ваква пресуда, посочи Пандов..Инаку,електронските алки беа најавени и презентирани пред неколку месеци со цел е да се намали пренатрупаноста во затворите, но и да се направи исчекор кон реализација на европските стандарди во делот на издржување на казните. Тагови: Александар Пандов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Путин може да присуствува, ако сака, на самитот на Г20 на ФлоридаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот на Г20 што ќе се одржи во Флорида следниот месец, но дека би можел да дојде доколку сака.„Ако сака да дојде, сигурно може да дојде“, им рече Трамп на новинарите во неговиот голф-центар во Флорида во четвртокот, велејќи дека некои луѓе нема да бидат среќни да го видат Путин на состанокот на 14 и 15 декември и дека се сомнева дека самиот Путин би сакал да присуствува, објави Ројтерс. Трамп истакна дека лично би сакал Путин да дојде на самитот на Г20 во Флорида. Кремљ синоќа објави дека сè уште не е донесена одлука за учеството на Путин на самитот на Г20. По средбата со Трамп минатата недела, Путин рече дека ќе размисли да дојде на состанокот откако ќе разговара со американскиот претседател, но истакна дека ќе мора да ја земе предвид ситуацијата во Русија при донесувањето одлука за патување во Соединетите Држави.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГодишно собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГЗемјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање .Земјите од Медитеранот имаат поставено политики, стратегии и цели на делувања, но сега мора да се влезе во имплементација кога енергетиката е во прашање – ова е една од клучните пораки од Годишното собрание на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика - МЕДРЕГ, на кое учествуваше Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Регулатори, креатори на енергетски политики, финансиски институции и учесници во енергетскиот сектор дискутираа за унапредување на регионалната енергетска соработка, интеграцијата на енергетските пазари и забрзувањето на енергетската транзиција на медитеранските земји. Учесниците посочија дека неопходни се јасни и предвидливи правила за надминување на бариерите, при што нагласија дека неопходно е енергетската инфраструктура да се модернизира за поголема ефикасност и флексибилност. Во фокусот на дискусиите беше и стратешката иницијативата на Европската Унија T-MED чија цел е поврзување на земјите од јужниот Медитеран со ЕУ со цел поттикнување инвестиции во обновливи извори на енергија и зајакнување на регионалната соработка. МЕДРЕГ е асоцијација на регулатори којашто обединува 30 членки од 24 држави кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц: „Немаме повеќе пари за се“ Рекордниот буџет на Германија за 2027 година во износ од 560 милијарди евра „може да се оправда“, но во наредните години ќе биде потребно значително намалување на расходите, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот, пренесува ДПА.Канцеларот Мерц зборуваше за владината политика, која е централен дел од последната еднонеделна дебата за буџетот. Пратениците ја започнаа последната дискусија во вторник. Се очекува пратениците да го усвојат буџетот вечерва. „Во овие времиња мора да разбереме и да учиме заедно... дека повеќе немаме пари за сè“, рече Мерц. „Сите ние овде ќе мора да се откажеме од некои идеи што ни се блиски до срцето“. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети. Даночните приходи повеќе нема да можат да покријат сè на што се навикнати Германците, истакна канцеларот и додаде дека без заштеди, идните генерации нема да имаат простор сами да ги одредат буџетските приоритети. „Имаме должност и одговорност заедно да го спречиме тоа“, рече Мерц. Тој ги повика граѓаните да пристапат кон одлуките за распределба на јавните пари како „заедница на луѓе со добра волја“. Како што рече, за тоа не постои едноставна формула. „Нема калкулатор што може да пресмета што е совршено фер“, заклучи германскиот канцелар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39