Прва жртва на ниските температури и снежното невреме во Србија , маж замрзнал во затрупан автомобил

Врнежите од снег проследени со силен ветер, создаваат проблеми низ цела Србија, предизвикувајќи блокади на некои сообраќајници, а прогласена е вонредна состојба во некои општини.

Во Сјеница, каде состојбата е сеуште алармантна, едно лице почина од замрзнување.

Вонредна состојба поради проблемите предизвикани од снежните врнежи денес била прогласена во општините Пожега, Сјеница и во Црна трева.

Врнежите од снег низ цела Србија, го зафатија и Ниш, каде улиците цел ден беа расчистувани од натрупаниот снег.

Според командантот на штабот за зимски услови на Ниш, Стојан Спасиќ, десет екипи вечерва ги чистат приоритетните улици.

Снегот достигна околу 40 сантиметри на територијата на општина Ивањица, а во селата со голема надморска височина, поради невремето и ветерот, се создаваат наноси , кои ги прават одредени правци целосно непроодни, пренесуваат медиумите.

Прогласена е вонредна состојба во општина Сјеница, а заменик-градоначалникот на таа општина, Војо Трмчиќ, вели дека автопатот Нови Пазар - Сјеница е сè уште непрооден поради големите снежни врнежи.

Во селото Зарожје кај Бајина Башта спасувачките екипи интервенирале во вадење на возила од наноси на снег додека пет деца биле евакуирани во Игњеваца од Мокра Гора, соопшти српското МВР.

Во Варда кај Косјериќ осум лица биле евакуирани на безбедни места , а пет затрупани возила се ослободени од снегот.

Мажот Р.Ш. (66), чие безживотно тело било пронајдено во завеан автомобил на подрачјето на селото Бранџице кај Сјеница, починал од замрзнување, изјави денес докторот Мехмед Башиќ.

„ Автомобилот бил паркиран покрај патот и возачот отишол да побара помош додека Р.Ш останал во автомобилот од каде не можел да излезе заради неговата здравствена состојба. Така, тој се замрзнал “, изјавил за Танјуг д-р Башиќ, кој бил на самото место.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер