Работни групи кои ќе работат на спроведување на реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството, договорија премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче на прватат тет а тет средба која траеше околу час и половина. Според Филипче работните тела треба да започнат да работат што поскоро и порача дека сите политички партии се поканети да се вклучат во нив.
„Ќе номинирам неколку експерти од обалста на правосудството и енергетиката да се вклучат во изаботката на Законите кои што се дел од рефрмската агенда, а треба да простигнат во Собранието. После ова во следниот период врз основа на ова што ќе го изработиме како преелеминарен модел на соработка дека сите апсолутно политички парти ќе седнат на заедничка маса. Ова е за доброто на државата, ние немаме ниту доволен човечки капацитет секоја политичапартија одделно, а гледаме дека младите се повеќе заминуваат од земјата. Мораме да пуштиме порака на обединување за доброто на државата“.
За средбата помеѓу Мицкоски и Филипче од Владата информираа преку соопштение.
„Беше истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани. Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање, при што Мицкоски побара од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок.“, се наведува во соопштението од Владата.
Филипче и Мицкоски на средбата разгвоорале и околку евроинтеграциите и уставните измени, но За разлика од рефромската агенда, ставовите и натаму им се спротивставени..
„За жал тука имаме различни позиции. Јас ги разбирам позициите на премиерот и останува за ова да зборуваме дополнително“.
Филипче ги демнатираше и обвинувањата од ДУИ дека средбата имала етничка позадина. Вели состанокот бил само меѓу него и Мицкоски проади тоа што ниту една друга партија на изразила подготвеност и желба за седнување на заедничка маса. Според Филипче следен логичен чекор е лидерска на ниво на парламентарни партии.
Средбата се одржа на иницијатива на опозицискиот лидер, по трагедијата во Кочани. Следна средба Мицкоски – Филипче засега не е договорена.