Прва реакција на лидерот на Хезболах по постигнатото примирје во Газа

Лидерот на Хизболах, Наим Касем денеска им честиташе на Палестинците за договорот за прекин на огнот во Газа, велејќи дека тоа е доказ за „истрајноста на отпорот“ против Израел.

Тоа е прва јавна изјава на водачот на либанската милитантна група поддржана од Иран откако Израел и Хамас постигнаа договор во средата.

„Овој договор, кој остана непроменет од она што беше предложено во мај 2024 година, ја докажува упорноста на групите на отпорот, кои го земаа она што го сакаа, додека Израел не можеше да го преземе она што го бараше“, рече тој.

Израел и Хезболах се согласија на прекин на огнот во конфликтот паралелен со војната во Газа во ноември. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД и Франција, бара израелските сили да се повлечат од јужен Либан во рок од 60 дена и Хезболах да ги отстрани сите борци и оружје од југот.

Оттогаш и двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.

„Не го тестирајте нашето трпение и ја повикувам либанската држава цврсто да се справи со овие прекршувања кои надминаа 100“, рече Касем.

Тој се осврна и на изборот на новиот либански претседател Џозеф Аун, кој командуваше со либанската армија додека парламентот не го избра за претседател на 9-ти јануари.

„Придонесот на Хезболах и движењето Амал доведе до избор на нов претседател со консензус“, рече Касем. Назначувањето на либанскиот премиер Наваф Салам го налути Хезболах, кој ги обвини противниците дека сакаат да го исклучат.

Салам минатата недела беше номиниран од мнозинството пратеници за формирање влада, но тој не ја доби поддршката од шиитските партии Хезболах и движењето Амал. Салам рече дека формирањето на новата влада нема да се одложи, укажувајќи на позитивна атмосфера за време на дискусиите за составот.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер