3Лефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста?
ЖивотПрва промоција на сирење од автохтоната раса „праменка овчеполка“Во земјава одамна се негува традицијата на производство на бело саламурено сирење кое е препознатливо по својот квалитет, мирис и вкус. Според некои податоци, од вкупно произведеното овчо млеко, 70 отсто се преработува во бело саламурено сирење.Деновиве во Скопје прв пат беше одржана промоција на овој наш препознатлив млечен производ, но добиен од автохтоната раса овци „праменка овчеполка“. Целта беше домашните потрошувачи да се информираат и да дознаат нешто повеќе за овој вид сирење, како и да го дегустираат. Досега ваква промоција, на сирење од „праменка овчеполка“, беше организирана во Бјеловар, Мостар и Горна Радгоња. -Ова е традиционално овчо сирење кое засега, се уште не можеме официјално да го продаваме зашто немаме употребни дозволи. Мерка за мандри има, веќе поднесовме за осум фарми, сите ни се одобрени и очекуваме да склучиме договор. Досега производството се продаваше „нелегално“, преку пријатели, од фарма до трпеза. Следната година планираме да го брендираме сирењето или да го регистрираме со географска одредница. Тоа веќе го направивме со јагнето, изјави за МИА претседателот на Здружението на одгледувачи на домашната автохтона раса овци „Праменка овчеполка“ од Крива Паланка, Моме Младеновски. Според него, сирењето од „праменка овчеполка“ се произведува повеќе од 2 000 – 3 000 години. -Кај нас, на овие простори, „праменката“ се спомнува уште од времето на Илирите. Расата пред 15 години беше пред истребување, но ние од 200 јагниња сега имаме 8 000 – 9 000 уматичени овци, а покачена е и млечноста од 30 на 70 – 80 литри млеко по грло во време на лактација, објасни Младеновски. Производството на сирење денес е од 12 до 18 килограми по овца и варира од фарма до фарма, а цената се движи меѓу 400 и 600 денари. Генерално, за производство на еден килограм сирење во просек се потребни 3,3 литри овчо млеко. -Ако имаме околу 8 000 овци, значи дека произведуваме 12 000 канти. Рандманот на сирењето е различен, зависно од периодот на лактација на овците и просечно изнесува 18 – 22 отсто, односно во првиот месец на лактација од четири литри млеко се добива еден килограм сирење, во вториот месец од три литри млеко се добива еден килограм сирење, а во четвртиот од 2,5 литри млеко се добива еден килограм сирење, нагласи Младеновски и најави дека сирењето од „праменка“ годинава ќе биде претставено на меѓународниот саем „Тера Мадре“ во Торино. Производството се одвива по однапред утврдени технолошки постапки (рецептура) со што се зачувува традиционалниот начин. Квалитетот и стандардот не се унифицирани што резултира со диверзификација на сирењето од фарма до фарма. Од една страна, како што поосчи Младеновски, ова е добро, но од друга, оневозможува организиран, заеднички настап на пазарот. На промоцијата беше и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски. -Овие манифестации се одлични. Добро е, посебно во ова време на криза, да ги промовираме нашите домашни, традиционални производи. Сите производители, за да можат да го продаваат својот производ, да дојдат и според Правилникот за флексибилност кој е токму за нив наменет, да се регистрираат како економски оператори и да ја реализираат продажбата „од куќен праг“ што ја промовираме подолго време, а со тоа и потрошувачот да добие гаранција дека производот што го купил е безбеден, изјави Бабовски за МИА. На настанот една маса беше резервирана за овчо сирење од дебарскиот крај кое служеше за споредба со сирењето добиено од „праменка“. Зад тезгата стоеше познатитот и етаблиран производител Скендер Аме од Здружението на сточари Даши од Дебар. Аме се пожали дека бројот на овците во земјава се намалува, а проблемот не е само во државата, туку, како што оцени, и во тоа што младите не сакаат да се занимаваат со сточарство. -Навистина имаме квалитетно традиционално овчо сирење и вакви манифестации како оваа се добредојдени, посебно за сточарите и потрошувачите. За традиционалното сирење има побарувачка и целата произведена количина се продава во земјава, нема потреба да го извезуваме надвор. Всушност, не можеме да ја задоволиме побарувачката и тука, зашто, за жал, бројот на овци драстично е намален. Неофицијалните бројки се дека во земјава има само 400 000 грла, за разлика од порано кога беа околу два милиона, потенцира Аме. Според него, субвенциите помагаат, но исплатата доцни. -Субвенциите не ни се исплаќаат навреме. Син ми се уште нема земено субвенции за 2020 година, а 2021-ва помина и веќе сме 2022 година. Во ова време на голема инфлација, тие пари што ќе ни ги дава државата не покриваат ниту 50 отсто од трошоците. Ако порано сум земал 1 000 евра, тоа сега ќе биде како да сум зел 500 евра. Затоа, ги молам надлежните, што побрзо да ги даваат субвенциите, рече Аме. Дебарското сирење се уште ја негува дамнешната традиција на производство и далеку е познато по својот квалитет. Од сирењето на „праменката“ се разликува по суровината (млекото). -Нашите овци пасат најквалитетни билки, од чиста, природна средина, а мајсторите го „чуваат“ и применуваат оној стар начин на преработка. Сепак, производството е веќе намалено за 30 – 40 отсто зашто е намален и бројот на овците, подвлече Аме кој моментно има околу 700 грла или вкупно, заедно своите браќа, одгледува 2 500 овци. Аме не верува дека стадото ќе се зголемува поради, како што објасни, високите трошоци и немањето работна рака. Цената на килограм дебарско овчо сирење засега се движи од 300 до 400 денари, а пласманот во најголем дел, поради квалитетот, се реализира во хотелите и рестораните./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за правда: Хрватска – наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграцијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на која беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудството и владеењето на правото. На средбата се разговараше за тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда, со посебен акцент на размената на знаења и искуства во усогласувањето на законодавството со европското право, како и на натамошното јакнење на институционалната соработка. Хрватска е наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција, а нејзиното искуство од процесот на интеграција во Европската Унија е од особено значење за нашата држава. Ова искуство, особено во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, претставува значајна поддршка за нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. На средбата беше потврдена заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и размената на искуства, со цел унапредување на реформите и забрзување на процесот на европска интеграција.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСофија Вергара можеше да има многу поинаква кариера. Знаете ли што студирала?Софија Вергара, 54-годишната актерка најпозната по улогата на Глорија Делгадо-Причет во „Модерно семејство“ и како судија во „Америка има талент“, планирала да тргне по сосема поинаков пат пред да стане актерка.Колумбиско-американската ѕвезда студирала стоматологија во нејзината родна Колумбија, но никогаш не дипломирала. Студирала стоматологија Вергара зборуваше за тој период од својот живот во ток-шоуто на Хари Коник Џуниор. Таа откри дека студирала стоматологија две години, но на крајот се откажала. „Одев на стоматолошки факултет, но не го завршив. Студирав две години“, изјавила таа во тоа време. Студирала стоматологија, но никогаш не работела со пациенти. Се откажала од колеџ само два семестри пред дипломирањето за да ги искористи можностите во манекенството и глумата. View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Родниот град добива огромна статуа Вергара подоцна имала успешна кариера во Холивуд, а нејзиниот роден град Баранкила ја почестил со монументална скулптура. Бронзената статуа беше откриена на 10 јули 2025 година, на нејзиниот 53-ти роденден, на шеталиштето Гран Малекон. Градоначалникот на Баранкила, Алехандро Чар, нагласи колку градот е горд на актерката. „Баранквила ви се поклонува и му вели на целиот свет: ви благодарам што сте тоа што сте, ви благодарам што сте од Баранкила“, рече тој. „Каков подобар начин да се прослави роденденот на Софија од откривањето на ова прекрасно дело што ја претставува нејзината радост, харизма, автентичност и личност“, додаде тој. Статуата е создадена од скулпторот Јино Маркез, кој работеше на неа седум месеци со помош на шест студенти и поранешни студенти на локалното уметничко училиште. Скулптурата е висока 7,5 метри и тежи 5,5 тони. Статуата предизвика контроверзии Вергара, која наводно била на одмор со своето семејство во времето на откривањето, не присуствуваше на настанот. Статуата брзо привлече внимание на интернет, а многумина коментираа дека скулптурата не личи баш на актерката. Некои дури ја споредија со познатата статуа на Кристијано Роналдо која некогаш предизвика потсмев на социјалните мрежи. Корисниците на Редит исто така не беа импресионирани. „Кој го одобри ова?!“ напиша еден корисник. „Ако правиме статуи, можеме ли да најдеме некој што може да прави лица?“ додаде друг. Еден коментатор се пошегува и за пропорциите на скулптурата: „Изгледа како да ја направил некој со голем фетиш за стапала“.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста? Неколку дена сведочиме на паниката што СДС и Венко Филипче ја шират дури и за оваа идеја за изградба на дата центи или центри за податоци.Прво, Филипче и неговото актуелно раководство во СДС треба да направат разлика помеѓу приватни дата центри и државен национален дата центар. Второ, Филипче е последен кој може да се грижи за интересите на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Државата има обврска од Реформската агенда или патот до ЕУ за изградба на национален дата центар. И како што информиравме Македонија има дата центар во Прилеп кој е секундарен, она што и треба е примарен каде што на едно место ќе се чуваат сите податоци од државните институции. Значи цел на овој дата центар е безбедност на личните податоци на граѓаните како и безбедност на податоците од државните институции. Дали Филипче и СДС кои шират паника се против безбедност на лични и државни податоци? Дали СДС знае дека тоа е клучно за безбедност и стабилност на државата? Дали СДС знае дека безбедни лични информации на граѓаните е од голема важност за остварување на нивните права по различни основици како здравствени, социјални и слично? Сајбер безбедноста или заштита од напади на системот на податоци е одлика на секоја современа држава. И вообичаено додека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин и за државата, СДС бара начини за остварување на интереси на поединци. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44