Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
ЖивотПрва помош на пеколните горештини!Како да му помогнете на лице кое добило сончаница или топлотен удар, и што никако не смеете на правите...За време на високите температури, кога асфалтот надвор се топи, многу е важно да знаете неколку важни работи. Најважна работа што треба да ја знаеме среде лето е секако давањето прва помош на лице со сончаница или топлотен удар. Лекарите нагласуваат дека на жештините најважни се две работи, да не паничите и веднаш да се јавите во брза помош доколку температурата на телото на пациентот се искачи над 40 °С! На почетокот, многу е важно да се знае кои се симптомите на сончаница, а кои на топлотен удар. Сончаница Сончаница настанува при директно изложување, пред сè на главата и вратот, на сончевите зраци. Започнува со силна главоболка и зголемување на телесната температура. Честопати се јавува замор и омалаксаност, поспаност и вртоглавица, зуење во ушите или краткотрајно губење на слухот, а кај постари лица често може да дојде до губење на свеста. За да спречите сончаница, најважно е да избегнувате долго изложување на сонце и да ја покриете главата со соодветна капа, качкет, шапка во светли бои. По можност, главата и вратот треба повремено да се ладат со мокрење. Прва помош при сончаница Веднаш тргнете го лицето од сонце (во климатизирана или затемнета и добро проветрена просторија). Истуширајте го со млака вода (или барем измијте го и ставете му ладни облоги на челото и вратот). Дајте му да пие течност (чај, сок или обична вода) - не одеднаш во големи количини, туку повеќепати во мали голтки. Одморот е неопходен, а следниот ден никако не треба да се изложува на сонце! Доколку симптомите продолжат или се влошат, потребно е да се јавите на лекар! Топлотен удар Се јавува не само поради прекумерна изложеност на директна сончева светлина, туку и поради влажен и прегреан воздух - особено кај работниците во пекарница, во кујна во близина на високи печки, но и во прегреан автомобил, јавен превоз, па дури и во стан. Топлотниот удар е состојба во која телото се прегрева за релативно краток временски период. Се јавува ненадејно, поради прекумерно зголемување на телесната температура и неможноста на телото да ја одржува температурата во нормални граници. Симптоми на топлотен удар се телесна температура повисока од 40°C, општа слабост, топла и сува кожа без потење, забрзан пулс и дишење, пад на крвниот притисок, вртоглавица, главоболка, гадење, повраќање, а понекогаш и губење на свеста (што може да биде прв знак). Прва помош при топлотен удар Топлотниот удар е сериозна состојба која бара итна медицинска помош! Доколку се сомневате на топлотен удар, веднаш јавете се во брза помош или контактирајте ја најблиската здравствена установа! Доколку здравствените услуги не се достапни или е потребно подолго време за да се обезбеди стручна помош, неопходно е да се направи следново: Веднаш тргнете го лицето од сонце или од прегреаната просторија и отстранете го вишокот облека. Измијте го или истуширајте го со не многу ладна вода. Ако немате вода, изложете го лицето на струење на воздух (на пр. разладување со вентилатор). Дајте му течности, доколку состојбата го дозволува тоа. По закрепнувањето од топлотен удар, зголемена е осетливоста на високи температури и во текот на следните недели. Најдобро е да се избегнуваат високи температури и физичка активност додека лекарот не одобри. Топлотна исцрпеност Често се јавува како резултат на прекумерна физичка активност во услови на покачена надворешна температура и влажност на воздухот. Се манифестира со зголемено потење, грчеви во мускулите, главоболка, повраќање, нарушена видна острина, пад на крвниот притисок и слабост, како и губење на свеста. Прва помош при топлотна исцрпеност Лицето треба веднаш да се стави под сенка или во ладна, по можност затемнета просторија, а облеката треба да се отстрани. Освежете го поливајќи го со млака вода или со ставање ладни облоги на главата и задниот дел на вратот. Дајте му на лицето да пие разладена течност - вода или благ билен чај во мали голтки. Со оваа состојба, задолжително е да се побара лекарска помош, поради можно влошување во состојба на топлотен удар. Се препорачува интравенски надомест на течности во здравствена установа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook