Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите
1Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите
3Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
Други спортовиПрва победа за македонските одбојкари во Европската лига Одбојкарската репрезентација на Македонија во третиот дуел ја забележа првата победа оваа сезона во Европската лига. Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ совладан беше Израел со убедливи 3-0. По слабата игра и двата пораза минатиот викенд од Естонија, избраниците на селекторот Жарко Ристоски прикажаа одлична партија препуштајќи му на противникот само 13 поени во првиот, 18 во вториот и 19 во третиот сет. Денеска од 17 часот и 30 минути двете репрезентации ќе го одиграат втрориот меѓусебен дуел, исто така во СЦ „Борис Трајковски“. На првиот вчерашен натпревар од А-групата, Естонија на домашен терен ја совлада Полска со 3:1. Табела: Естонија 12 бодови, Полска 10, Австрија 8, Македонија 3, Данска 3 и Израел 3.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија го нападна Киев, најмалку 18 луѓе се убиениРуските сили ноќеска извршија масовен напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев.Според последните информации, загинале најмалку 18 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 40 се повредени. Силни експлозии одекнувале низ градот во текот на ноќта, додека системите за противвоздушна одбрана биле активирани во повеќе делови на Киев. Поради нападите, неколку населби биле евакуирани, а избувнале и повеќе пожари. Оштетена е и амбулантна станица во централното подрачје, при што едно лице се наоѓа во критична состојба. Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека меѓу жртвите има и деца. Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека досега се спасени повеќе од 50 луѓе, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани на погодените локации. Нападот следува само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов бран воздушни удари. Новата серија руски напади доаѓа по неодамнешните украински удари длабоко на руска територија, во кои, според украински извори, биле погодени нафтени рафинерии и воени објекти на руската армија. Од своја страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека извело напади врз воени бази во централна и источна Украина, како и врз украинската одбранбена и енергетска инфраструктура, наведувајќи дека станува збор за одговор на претходните украински напади врз руски енергетски објекти. Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин призна дека земјата се соочува со недостиг на гориво, што е редок јавен коментар за последиците од нападите врз руската енергетска инфраструктура.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаМицкоски: Наместо планираните 5.000, обезбедивме 7000 денари за зголемување на пензиитеПремиерот Мицкоски изјави дека владата успеала да го надмине првичниот план и изборно ветување за зголемување од 5000 денари на пензиите, со плус уште 2000 денари. Според него ова покачување довело до подостоинствен живот за пензионерите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеРевизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихитеНа Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, 66 проценти од вкупните реализирани прегледи биле извршени преку итни или упати без термин, што укажува од големо отстапување од планираниот начин за користење на системот „Мој термин“.На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, 66 проценти од вкупните реализирани прегледи биле извршени преку итни или упати без термин, што укажува од големо отстапување од планираниот начин за користење на системот „Мој термин“, се вели во извештајот на државниот завод за ревизија. Извештајот е направен за 2024 година. Според извештајот, не е воспоставено ажурно и навремено евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а дел од нив биле набавувани пред склучување на договор за да се обезбеди непречено вршење на здравствената дејност. Ревизорите утврдиле и дека во рамки на Клиниката не е формирана болничка аптека, преку која треба да се врши управувањето со залихите. -Ваквата структура на упатувања укажува на зголемено оптоварување на Клиниката, што може да влијае врз ефикасноста на планирањето и организацијата на работниот процес, оптималното користење на расположливите капацитети и достапноста на здравствените услуги за пациентите,- Државен завод за ревизија. За надминување на утврдените состојби, Државниот завод за ревизија доставил осум препораки до ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter