Прва „Кирилица“ во новата сезона на Македонската филхармонија - Канал 5

Прва „Кирилица“ во новата сезона на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечер ќе го одржи првиот концерт од циклусот „Кирилица“ во новата сезона.

Прва „Кирилица“ во новата сезона на Македонската филхармонија
Публиката ќе има можност да слушне две дела од припадници на различни генерации македонски музички творци - „Диверзија“ од Кирил Македонски со кое се прославува 90 години од раѓањето на авторот на првата македонска опера, како и премиерната изведба на „Исон“ од младата и афирмирана композиторка Валентина Велковска-Трајановска.

Под диригентство на Борјан Цанев, изведени ќе бидат и две дела од Моцарт - Симфонијата „Париска“ и Симфонијата кончертанте за дувачи во Ес-дур, на која како солисти ќе се претстават водачите во оркестарот на Македонската филхармонија, Владимир Лазаревски, обоа, Здравко Ангелов, кларинет, Џијан Емин, хорна и Ванчо Стојановски, фагот.

Сите четворица зад себе имаат завидна концертна кариера. Владимир Лазаревски студирал обоа на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, каде што завршил додипломски и постдипломски студии. Во 2004 година добива стипендија за студии на Музичката академија „Лонџи“ во Бостон (САД), каде што го продолжува своето образование и растеж во изведбата на обоа и камерна музика. Во 2009 година се здобива со МБА-диплома од Институтот „Курт Бош“ од Сион, Швајцарија. Од февруари 2012 година.

Лазаревски има титула доктор по музика и наука од Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Добитник е на многу награди и учествувал на повеќе работилници и семинари со еминентни обоисти и музичари. Џијан Емин дипломирал на инструментот хорна на Факултетот за музичка уметност. Зад себе има огромно професионално искуство како композитор и како мултиинструменталист. Тој е прв хорнист-гостин на Белградска филхармонија и прв хорнист на оркестарот „Но бордерс“. Моментно е на студии по диригирање на ФМУ и како диригент досега има настапувано со Македонската филхармонија, Фламанскиот симфониски оркестар - Белгија, Оркестарот Ламоро - Франција и со Детроитскиот симфониски оркестар.

Здравко Ангелов ги завршува студиите во 2000 година на Факултетот за музичка уметност, а магистрира во 2012 година. Добитник е на повеќе награди на натпревари во земјите од поранешна Југославија. Како солист, камерен музичар, со симфониски оркестри, но и како постојан член на камерниот ансамбл „Консонанс“, Ангелов настапувал на значајни фестивали во државата и надвор од неа. Повеќепати настапувал и како солист со Македонската филхармонија.

Ванчо Стојановски (1967) дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Љубљана, во класата на проф. Божидар Тумпеј. Од 1992 година е редовно вработен во Македонската филхармонија како прв фаготист. Освен на редовните концерти со Македонската филхармонија, Стојановски настапува и во дует со фаготистот Зоран Митев, со Македонскиот Дувачки квартет, како и во други камерни ансамбли. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта

На целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. 

Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта

Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива.

Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи.

Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер