Поточно, според снимките објавени од Европската вселенска агенција (ЕСА), може да се заклучи дека намалувањето на азотниот диоксид се должи на колективниот карантин во Италија.
„Иако снимките може да бидат попречени од облаци и временските услови, ние сме убедени дека сегашната состојба во Италија е под влијание на прекин на транспортот и индустриската активност“, објави ESA.
Истата работа се случи и во Кина на почетокот на месецов.
Научниците претходно откриле дека поради коронавирусот биле намалени емисиите на стакленички гасови во Кина за најмалку една четвртина , и тоа за само две недели кон средината на февруари.
Познато е дека до 23 февруари кинеските власти го прекинаа сообраќајот кон и од Вухан и затворија многу објекти за да го намалат ширењето на инфекцијата. Ова доведе до значително намалување на согорувањето на фосилни горива, што најмногу предизвикува климатска промени, при што Кина е најголемиот производител на гасови со ефект на стаклена градина во светот.
Италија е најтешко погодена од заразата во Европа, со повеќе од 15.100 потврдени случаи и повеќе од 1.200 починати, додека владата ги спроведува најстрогите контроли во земјата уште од Втората светска војна.