Велковски: До крајот на годината се отвараат 15 нови градинки, листата на чекање целосно ќе се елиминира
1Велковски: До крајот на годината се отвараат 15 нови градинки, листата на чекање целосно ќе се елиминира
Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
1Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
Други спортовиПрв позитивен ковид тест во Олимпиското село во ТокиоПрвиот позитивен ковид случај внесува сериозна вознемиреност во Токио. Директорот на Олимписките игри Тоширо Муто официјално ја потврди информацијата.Организаторот на игрите стравува од можно ширење на вирусот во Олимпиското село но и надвор од него. Ова е 45 позитивен случај меѓу луѓето поврзани со организацијата но прв во Олимпиското село. Јапонија бележи постојан раст на позитивни случаи и од поодамна забрани публика на игрите и доаѓање на странци во земјата. На Летните Олимписки игри ке земат учество 11.000 спортисти од кои 85% се вакцинирани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВелковски: До крајот на годината се отвараат 15 нови градинки, листата на чекање целосно ќе се елиминираДо крајот на годинава се очекува да бидат отворени 15 детски градинки со што ќе се обезбедат повеќе од 3.800 нови места за прием на деца од предучилишна воздраст, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велков.&nbsСпоред него, со реализацијата на сите проекти, сегашната листа на чекање од околу 4000 деца ќе биде целосно елиминирана. -Останува во 2026 и 27 да отвориме вкупно 37 вакви објекти, каде што ќе задоволиме капацитет на 3.800 дечиња, што значи бројот на листите за чекање од 4.000 ќе биде сведен на нула. 15 од овие 37 градинки ќе бидат отворени до крајот на 2026 година, со што повеќе од 1.800 деца ќе можат да се сместат во овие капацитети,- - Ѓоко Велков- министер за социјална демографија, спорт и млади. Како што рече Велков, изминативе години во градинките се вработени и повеќе од 900 воспитувачи и друг стручен кадар со цел подобрување на условите за згрижување на децата. Министерот посочи и дека Министерството постојано ги следи демографските трендови и потребите на секоја општина, со помош на детални анализи за бројот на новородени деца и капацитетите на градинките, за како што рече навремено да се планираат нови инвестиции и да се обезбеди место за секое дете. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБакарот станува стратешки ресурс - Македонија со потенцијал но без реализирани проектиДодека Македонија располага со значајни резерви на бакар, на глобално ниво експертите предупредуваат дека растот на побарувачката може да создаде сериозен јаз во снабдувањето со овој критичен минерал, клучен за зелената транзиција. За да се обезбедат доволни количини, до крајот на оваа деценија ќе бидат потребни околу 250 милијарди долари нови инвестиции во рударскиот сектор. Според Анис Насар од Светскиот економски форум, клучното прашање е дали производството ќе може да го следи растот на побарувачката, имајќи предвид дека бакарот станува неопходен за енергетските постројки на иднината. -За некои од многу важните минерали, како што е бакарот, очекуваме да немаме доволно количини за да можеме да ги изградиме енергетските постројки кои ни се потребни. Ако еден минерал е важен, а воедно има мала понуда, тоа го прави критичен,- Анис Насар – раководител за критични минерали, Светски економски форум. Во период кога светот се соочува со можен недостиг од бакар, останува прашањето дали Македонија ќе успее својот потенцијал да го претвори во економска придобивка. Можностите се препознаени и во Стратегијата за минерални суровини 2026–2046, која предвидува вклучување на земјата во европскиот синџир на снабдување со критични минерали. Сепак, конкретните инвестиции во рударството сè уште се во застој. Меѓу најзначајните проекти е „Иловица-Штука“, кој според инвеститорот има потенцијал за производство на над 10 илјади тони бакар годишно во период од околу две децении. Според Насар, во глобалната трка за критични минерали, земјите кои располагаат со ресурси стануваат стратешки партнери, а не само извозници на суровини. - Некои земји имаат доминантна или водечка улога во синџирот на снабдување. Тие можат да ја користат својата водечка позиција во било какви економски преговори, а ова може да предизвика и трговски бариери. Другиот аспект се однесува на националниот интерес во земјите со растечка индустрија кои ги поседуваат тие минерали. Многу земји се заинтересирани, не само за ископ на минералот и извоз на рудата, туку и за преработка во рамките на нивните граници,- Анис Насар – раководител за критични минерали, Светски економски форум. Експертите предупредуваат дека предизвикот не е само во резервите, туку и во брзината со која светот може да обезбеди нови количини на критични минерали. Анализите покажуваат дека отворањето нови рудници и изградбата на капацитети за преработка траат со години, што е случај и во Македонија, додека побарувачката расте многу побрзо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаМицкоски: Протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамкаПо шефот на дипломатијата Муцунски, и премиерот Мицкоски го повтори владиниот став дека протоколите потпишани меѓу Скопје и Софија не се дел од преговарачката рамка на Македонија. Тој изјави дека и покрај тоа, соседна Бугарија има целосно спротивно толкување со кое тврдат дека и првиот и вториот протокол се дел од рамката, преку која имаат можност за блокада на македонските евроинтеграции. „ Апсолутно ние го делиме ставот дека протоколите не се дел од преговарачката рамка, но за жал другата страна, бугарската страна тврди дека се тие дел и дека тие потпишале таков договор со претходната влада во којшто од претходната влада им било ветувано се и сешто. Но ние како влада не цениме дека протоколите се дел и не треба да бидат дел од преговарачката рамка. Така што, тој став ние го имаме од првиот момент, до денеска, но за жал ставот којшто го има другата страна е сосема поинаков, а тој став е таков поради егзибициите и капитулациите на претходната влада на СДСМ и ДУИ и преговарачкиот тим воден од губитникот од Чаир. “– Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Првиот и вториот протокол се документите кои ги потпишаа поранешните министри Димитров и Османи во 2019 и 2022 година. Вториот според Владата се смета за попроблематичен поради преземените обврски со него- да се спроведат уставните измени за да се отвори патот за пристапни преговори со ЕУ, да се охрабри мешовитата историската комисија да забрза и да постигне јасни резултати, а вклучени се и образовни прашања и спречување на говор на омраза меѓу двата народа. Неодамна во Само интервју актуелниот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека според него овој протокол е обичен записник од средба и не создава никакви правни обврски за Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20