Прв конгрес на МЗМСАРИН

Се одржа Првиот конгрес на македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега МЗМСАРИН

Минатиот викенд од 05 до 07 Април 2024г во хотел Аквалина Охрид се одржа Првиот конгрес на македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега МЗМСАРИН на тема ”Со Едукација до Искуство”.

На наше огромно задовоство на конгресот учество земаа над 240 колешки и колеги од скоро сите јавни и приватни здравствени установи од земјава и регионот, каде голем број од нив активно учествуваа со предавања, презентации, работилници и дискусии од страна на предавачи, гости, подржувачи на конгресот.

Од Македонија учество земаа колеги од КАРИЛ, ГОБ 8 Септември, ЈЗУ Св.Наум Охридски, КБ. Аџибадем Систина, УК Неврохирургија, ОБ Ремедика, УК Државна Кардиохирургија, Асоцијација за дезинфекција и стерилзација, УК ГАК, Очна болница Деница, УК.Неврологија, КБ Штип, ОБ Кочани, САРИЛ КБ Битола, ПЗУ Болница Плодност-Битола, ЈЗУ СБОТ „Св.Еразмо“ – Охрид, ОБ Охрид, ОБ Гостивар и Систина Офтамолигија.

Гости од Србија беа Здружението на анестетичари, интензивна нега и трансфузија на Србија, Институт за онкологија и радиологија Белград, КЦ Крагуевац, ОБ. Св.Лука Смедерево, ОБ. Врање и ОБ Петровац на Млава.

Гости од Република Српска - Универзитетски клинички центар на Р.Српска - Бања Лука, СХБ Д-р Костиќ – Бања Лука.

Од Црна Гора - Клинички Центар Подгорица, ОБ. Бјело Полје, Специјална болница Васо Чуковиц Рисан.

Од Хрватска ЕКО ЛАБ Загреб.

За време на двата конгресни дена беа презентирани 25 практични примери, работилници, искуства и новитети од страна на нашите колеги, каде секоја презентација беше прифатена со големо внимание, интерес и дискусија од страна на голем број од посетителите и слушатели на конгресот.

Остваривме нови контакти и соработка со колеги во земјава и регионот, кои ќе ги надоградуваме и одржуваме, зошто најголемиот императив во работата на МЗМСАРИН е токму афирмација и едукација на нашата професија.

Можеме слободно да кажеме дека не сме воопшто субјективни при оценувањето на успешноста на овој конгрес, бидејки покажавме дека заедно можеме и знаеме да организираме конгрес на едно виско ниво на организација, разбирање, сериозност и секако единство на целата наша фела. Ова е заклучок од коментарите на сите учесници, подржувачи и организатори.

Се заблагодаруваме на сите учесници, предавачи, гости од земјава и од регионот кои оставија свој печат на конгресот и сите кои помогнаа во организацијата и реализацијата на нашето првенче.

Благодарност до нашите подржувачи без кои овој настан не можеше да биде реализиран:

ММ Хоспитал, Алкалоид Конс, МедиТрејд, д-р.Пановски, Царсо Пхарм, Кубис Медикал, Винора –Дрегер, Нобел Илач, Пипл Медиа

Ви благодариме на сите за подршката што ни ја укажавте.

Со почит,

Организационен одбор на МЗМСАРИН

Мајка од Њујорк го држела своето 2- годишно дете во кафез, живеело во ѓубре и фекалии (ВИДЕО)

Наеша Лампкин (24) од Њујорк е обвинета дека ја загрозила безбедноста на своето дете (2) оставајќи го затворено во кафез во нивната семејна куќа.

Американската полиција во четвртокот на 16 мај соопшти дека мајката била уапсена откако нејзиниот син бил пронајден во страшни услови, со модринки по целото тело. Подоцна било утврдено дека тој претходно имал скршеници на две поголеми споени ребра, што укажува дека повредите настанале многу порано, пренесе Њујорк Пост.

На испрашувањето, мајката рекла дека момчето ги повредило ребрата кога паднало од скала на крајот на минатата или на почетокот на оваа година, но дека не мислела дека неговите повреди се „страшни“, поради што не го однела на лекар.

За време на лекарската проценка во болницата, медицинскиот персонал потврдил дека двегодишното дете има „модринки по лицето и телото“. Утврдено е и дека детето има две скршени ребра кои се лекуваат, а според нивните проценки, повредата настанала помеѓу десет дена и две недели пред детето да пристигне во болница, соопшти полицијата.

Несреќното момче било откриено откако полицијата на почетокот на годината по друга основа дошла да ја уапси неговата мајка.

Кога пристигнале во куќата за да ја уапсат, го пронашле нејзиниот двегодишен син во посебна спална соба во „импровизиран кафез“ направен од ограда за игра покриен со парче креветче врзано од три страни. Во соопштението за медиумите се наведува дека во кафезот немало доволно простор за детето „да застане или да излезе од кафезот“.

Полицијата сподели фотографија од мал кафез, на кој се гледаат пар сиви креветчиња врзани заедно. Околу кафезот имало расфрлано ѓубре и фекалии, се вели во полицискиот извештај, во кој се додава дека со измет бил извалкан и ѕидот до него.

„Имаше остатоци од храна.“

@faitsdiverstiktok Naesha lumpkin doit être jugée au mois de Juin! mais cela fait polimique car elle va peut être pouvoir récupérer sont enfant de 2 ans! ppfff . #enfants #cage #mere #faitsdivers #crimestories #pourtoi ♬ Disturbing Suspense-Psychological Thriller (with drama)(890116) - CHROMA

Полицијата во пријавата навела дека малото дете и кафезот биле покриени со „човечки измет и урина“.

"Имаше голем број оправдувања зошто детето беше така во тој кафез. Ниту едно од нив не беше со добра причина. Да бидам искрен, ниту едно дете не заслужува да живее така", додал О'Калаган.

Инспекторите во местото на живеење ги повикале Службите за заштита на децата од округот Ири и ЕМС во домот за да го лекуваат детето. Детето потоа било префрлено на лекување во детската болница Оишеи, соопшти државната полиција.

Според американските закони, доколку судот ја прогласи мајката виновна, таа се соочува со затворска казна до една година.

Гајдов: Не верувам дека Професорот Мицкоски ќе дозволи да има две влади во неговата влада

“Ние сме тие што дозволивме Али Ахмети со 13 пратеници да биде султан на Македонија“

Овие другиве што се „попитоми“ завчера беа на баци „рака“ во Приштина и дрско велат ние ќе добиеме спикер на Парламент и шест ресори. Не верувам дека Професорот Мицкоски ќе дозволи да има две влади во неговата влада. Прв пат беа сите четворица таму кај Курти кој сега има амбиции да стане лидер на балканските Албанци. Тој да решава за судбината на Албанците во Македонија, тоа е далеку од памет, како што Еди Рама порано решаваше со Али Ахмети и со другите. пор Не може никој од надвор да решава како ќе се прави влада овде, кој ресор ќе го има, тоа е многу важно. бидејќи сегашниот министер оди во Мадрид, да лобира Шпанија што не го праизнава Косово, да го признае. И завчера трите минути во Совет на ЕУ да ги користи за промоција на Косово. Чиј министер е тој? Или петте милиони евра што ги потроши наместо да направи нов конгресен центар. “Ние сме тие што дозволивме Али Ахмети со 13 пратеници да биде султан на Македонија, а нема да биде султан, рече Љубомир Гајдов во Само Вистина.

На жена со операција ѝ извадиле чаша од мочниот меур, докторите шокирани како влегла

Неверојатна приказна се случила во Тунис, каде лекарите пронашле „туѓо тело“ во мочниот меур на 45-годишна жена, која се пожалила на уринарна инфекција.

По прегледот било јасно дека треба да се организира операција, а резултатот ги остави без зборови искусните медицински лица.

Случајот е снимен пред неколку години, но и денес ја збунува пошироката јавност. Жената чиј идентитет не се соопштува, премногу си играла во кревет со партнерот, по што стаклената чаша завршила во нејзиното тело.

Сепак, тоа не е најшокантниот детал. Туѓиот предмет не бил внесен преку гениталниот орган, туку преку уретрата, пренесува Lakalle Blu Radio.

Рентгенот првично открил чаша од осум сантиметри која била покриена со калкулус.

Постапката за отстранување не била лесна, имало ризици, но на крајот сѐ завршило без последици. Чашата била отстранета, а лекарите сфатиле дека е практично неоштетена.

Приказната постојано се ажурира на социјалните мрежи, а корисниците главно се шокирани.

„Што се случува со луѓето?“, „Се исплашив од камен во бубрег од 2,8 мм, но ова...“ беа дел од пораките.

притисни ентер