Прв хакатон за раскажување на културното наследство со користење на нови технологии - Канал 5

Прв хакатон за раскажување на културното наследство со користење на нови технологии

Право на учество имаат сите млади крeативци од 18 до 35 години, со искуство и интереси во креативниот сектор, културата (римското културно наследство), уметноста или во новите модели на комуникација и маркетинг. 

Прв хакатон за раскажување на културното наследство со користење на нови технологии

Во организација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21 на 5. и 6. април годинава во Скопје ќе се одржи првиот хакатон за развој на концепти за нови културни доживувања, со користење на имерзивни технологии, кои ќе бидат дел од првата мобилна апликација „Имерсиум" (Immersium) за археолошките локалитети: „Стоби" (Македонија), „Емона" (Словенија) и „Виминациум" (Србија).

Право на учество имаат сите млади крeативци од 18 до 35 години, со искуство и интереси во креативниот сектор, културата (римското културно наследство), уметноста или во новите модели на комуникација и маркетинг. Заинтересираните треба да се пријават со тим (од три члена), со пополнување на електронската форма за регистрација – (shorturl.at/dtAY6), најдоцна до 31. март 2022 година.

– Пријавените тимови ќе имаат поддршка од тројца ментори, професионалци и претставници од креативниот и културниот сектор, кои ќе работат заеднички со тимовите во развојот на нивните концепт – решенија. Наградниот фонд за овој хакатон е во вредност од 1.500 евра, а избраните концепти ќе бидат дел од мобилна платформа „Имерсиум" (Immersium). Целта на „Имерсиум" (Immersium), како платформа е да овозможи нови модели за промоција на културата, со користење на имерзивните технологии и да креира атрактивни и интерактивни доживувања за посетителите на културните локалитети на Балканот, но и во Европа, информираа од Центар за социјални иновации БЛИНК 42 – 21 .

Имерзивните технологии се технологии на 21 – от век. Тие создаваат различни искуства, со спојување на физичкиот свет со дигитална или симулирана реалност. Аугментираната реалност (AR) и виртуелната реалност (VR) се два главни типа на имерзивни технологии. Со нивното користење во различни сектори, како што е културното наследство, овие технологии уште повеќе се доближуваат до граѓаните како корисници, преку новите алатки со кои се доживува минатото и се раскажуваат приказни кои нудат интеракција.

Дводневниот настан се организира во рамки на проектот: „Соработка за имерзивно раскажување за десиминација и промоција на културното наследство во Западен Балкан", поддржан од Европската унија преку програмата „Креативна Европа", кој Блинк 42-21 го спроведува со уште шест партнери во Македонија, Србија, Словенија, Грција и Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години

Одат ли социјалните мрежи под клуч за најмладите во земјите од Европската Унијата? 

ЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години

Децата под 13 години би можеле да останат без пристап до TikTok, Instagram и другите платформи, а за оние под 15 години да важат строги ограничувања. Европа бара начин како да ги заштити младите од штетните содржини, без притоа да ја загрози нивната приватност.

Но, идејата за ограничување на пристапот веќе отвора и дилеми. Дел од активистите за детски права и некои земји членки предупредуваат дека целосните забрани можат да го ограничат правото на младите на информирање и изразување. Затоа, предлогот не се однесува само на социјалните мрежи – опфатени се и платформите за видеоигри и чет-ботовите со вештачка интелигенција.

Доколку ваквите правила станат дел од европската регулатива, Македонија не треба да остане настрана од процесот. Комуникологот Бојан Кордалов за Канал 5 смета дека земјава треба да ги следи европските законски решенија и практики за заштита на децата во дигиталниот простор.

„Македонија треба да ја следи Европската легистатива и таа што предложува и прави,не би рекол дека зборуваме за ограничување туку за целосно редифинирање на праксата и можностите кои се нудат, тоа значи различни опции за деца од 11 години...понатаму за малолетници до 15 и до 18 години“-– Бојан Кордалов.

Самата забрана тешко дека би била доволна за вистинска заштита на децата, оценува Кордалов Според него, ефект би имало доколку ограничувањата се спроведуваат со јасен план и правила – под кои услови младите ќе можат да ги користат социјалните мрежи, со вклученост на институциите и следење на решенијата што ги предвидува европското законодавство.

,,Јас секогаш кажувам забрана како забрана сама по себе не може да биде ефикасна но,план програма под кои услови, што ќе се користи и која ќе биде алтернативата е многу поразлично од самата забрана дека од утре нема да има социјални мрежи“, – Бојан Кордалов.

Во Македонија, засега, нема најава за ваква забрана. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека не се планира ограничување на пристапот до социјалните мрежи за децата, туку се разгледуваат други мерки за нивна заштита.

Во декември лани,Австралија веќе стана првата земја во светот што забрани користење социјални мрежи за лица под 16 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во владата

За Максим Димитриевски, движењето ЗНАМ е првиот партнер во Владата кој одлучил секој еден негов избран и именуван функционер да реферира пред граѓаните за сработеното во изминатите две години. 

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во владата

Димитриевски ова го изјави на денешниот настан каде функционерите на ЗНАМ даваа отчет за сработеното.

–Нема ниту една единствена афера, нулта корупција и тоа претставено директно преку нашите претставници во извршната власт. Што се однесува до нашите приоритети – тоа е подобрување на социоекономскиот живот на нашите граѓани, правда за сите и еднаквост за сите пред законите во Македонија, изјави Максим Димитриевски, претседател на движењето ЗНАМ.

Во однос на поделбата за ресори за во иднина, Димитриевски рече дека целта е да се прави за граѓаните, а не лица од неговото движење да се борат за позиции. Сепак, и самиот најави дека Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата, но не откри во кој ресор.

– Што се однесува до поделбата на ресорите и местата, тргнуваме исклучиво од строго на апсект на преземање на одговоорност. Очекуваме дополнително уште едно заменичко место, уште еден ресор којшто треба да се дефинира во текот на следниот месец,- изјави Максим Димитриевски, претседател на движењето ЗНАМ.

Додека избраните и именуваните лица даваа отчет, СДСМ преку соопштение остро го критикуваше од ЗНАМ, карактеризирајќи го како проект на премиерот Мицкоски.

-ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. – СДСМ.

Движењето ЗНАМ е дел од владината коалиција нешто повеќе од две години. На парламентарните избори во 2024 година освоија шест пратенички мандати, а денеска во владата имаат двајца свои министри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ

Без брзоплети одлуки и без нов процес чиј крај не е однапред предвидлив – премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон испрати јасна порака за натамошните чекори на Македонија во спорот со Бугарија. 

Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ

Вели дека е свесен за политичката реалност, но и за последиците од политиките на претходните влади. Во интервју за МИА, Мицкоски открива дека односите со Софија се неизбежна тема во разговорите во САД, особено на средбите со претставници на Советот и Комисијата.

Мицкоски оценува дека македонските позиции веќе привлекуваат внимание кај меѓународните партнери, особено во Европа, но посочува дека пред почетокот на каков било нов процес, најпрво мора да се изгради меѓусебна доверба.

„Подготвени сме да аргументираме, а ако аргументите на соговорникот се посилни од нашите, подготвени сме и да ги прифатиме. Не се инаетиме и не сме тврдоглави. Нашата цел е македонската вистина и стратегија да ги претставиме на најдобар можен начин. Никогаш нема да влезам во процес без да имам предвидлив крај. За да дојдеме до таков процес, најпрвин треба да изградиме доверба, а за тоа мора да разговараме. Желбата треба да постои од двете страни, бидејќи ова е двонасочна улица“, рече Мицкоски.

Пораките на премиерот доаѓаат откако еврокомесарката за проширување Марта Кос повтори дека уставните измени мора да се случат за земјава да продолжи напред во евроинтегративниот процес.

Во нејзиниот последен јавен настап, вчера за време на посетата на Финска, Кос призна дека Македонија предолго чека пред вратите на Европската Унија. Таа порача дека, како Словенка која и самата живеела надвор од ЕУ, добро го разбира долгото чекање и дека е подготвена да работи на забрзување на европската интеграција на земјите од поранешна Југославија.

„Многу земји, како Македонија, се кандидати од 2005 година и сè уште не сме почнале вистински. Живеев надвор од ЕУ и знам колку копнеевме толку години. Копнеевме, имавме желба да станеме земја членка. Сега сум подготвена да направам сè за да им овозможиме на другите земји, особено од територијата на поранешна Југославија.“- изјави Марта Кос – еврокомесарка за проширување.

Дека македонското чекање трае предолго порача и финскиот министер за европски прашања Јоаким Странд.

„Не можеме да имаме случаи како Македонија, која чека на редот за влез во ЕУ повеќе од 20 години. Бидејќи младата популација која сака да ја види иднината во Европа, наместо на друго место, нема да биде млада и мотивирана 25 години.“ изјави Јоаким Странд – фински министер за европски прашања.

Инаку планот за раст и напредокот на земјите кандидатки ќе бидат во фокусот и на претстојната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во рамки на нејзината тридневна балканска турнеја. Европската комисија потврди дека Фон дер Лајен од 30 септември ќе ги посети Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Според најавената агенда, посетата на Скопје се очекува на 2 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер