Проучувала 600 милионери и открила што им е заедничко

Што е најбитно за да се биде богат? Живот во дом што не ве чини премногу.

Така барем тврди американбската авторка Сара Стенли Фелоу од институтот Affluent Market , која интервјуирала 600 милионери за својата книга "The Next Millionaire Next Door: Enduring Strategies for Building Wealth".

Таа открила дека ниеден предуслов не игра толкава улога во акумлирањето пари како одлуката каде ќе живеете.Повеќето милионери , кои биле интервјуирани не жовееле во дом што надминува 5 проценти од нивното богатство.

Дури и ултрабогатите како Марк Закерберг или Серена Вилијамс купиле куќи кои се далеку под нивните можности. Ако живеете во скапа куќа и во богато соседство , поголема е веројатноста дека ќе ги преземете навиките за трошење и помалку е вериојатно дека ќе се фокусирате на акумулирањето сопствено богатство , утврдила авторката.

На пример, Марк Закерберг живее во куќа , која вреди 0,01% од неговото вкупно богатство. Тој својот дом во пало Алто го платил 7 милиони долари , а неговото богатство се проценува на 62 ,9 милијарди долари.

Основачот на Снепчет , Ајван Шпигел својот дом во Лос Анџелес го дели со манекенката Миранда Кер , а го платил 12 милиони долари. Богатството му е проценето на 2,2 милијарди долари.

Серена Вилијамс во 2017 го купи својот дом за околу 6,7 милиони долари , а има богатаство проценето на 180 милиони.

Украинците објавија снимка од жестоки улични борби за важен град на северот (ВИДЕО)

Украинските граничари објавија снимки од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск во североисточниот дел на земјата, во областа Харков.

Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили започнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.

Русите тврдат дека влегле во градот од два правци за да воспостават позиции, додека Украинците тврдат дека ги враќаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во предградијата на Вовчанск.

Таравари: До петок конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање на влада, рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

Советот на Европа постигна договор за вештачката интелигенција

Министерите за надворешни работи на 46 земји на Советот на Европа се договорија за договор за употреба на вештачка интелигенција (ВИ).

„Со овој нов договор сакаме да обезбедиме одговорна употреба на вештачката интелигенција која ги почитува човековите права, владеењето на правото и демократијата“, рече генералниот секретар на Советот, Марија Пејчиновиќ во соопштението за медиумите.

Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција е првиот обврзувачки меѓународен договор за технологијата. Иако е изготвен под покровителство на Советот на Европа, може да го потпишат и други земји.

Меѓу другото, потписниците се согласуваат да создадат одредби во нивните национални закони кои обезбедуваат соодветна транспарентност, надзор и одговорност при користењето на системите за вештачка интелигенција. Тие, исто така, се обврзуваат да обезбедат системите за вештачка интелигенција да не ја дискриминираат неправедно или да ја нарушуваат приватноста на луѓето.

Конвенцијата се разликува од идниот Закон на Европската унија за вештачка интелигенција, иако ЕУ учествуваше во изготвувањето на договорот.

Иако конвенцијата е збир на широки принципи до кои потписниците мора да се придржуваат во нивните национални закони, Законот за вештачка интелигенција е специфична и детална регулатива која се применува во 27 земји на ЕУ.

Министрите на ЕУ се очекува да го одобрат Законот за вештачка интелигенција во вторник.

Советот на Европа и Европската унија се целосно одвоени организации, иако сите 27 земји-членки на ЕУ се меѓу 46-те членки на Советот.

Во изготвувањето на конвенцијата учествуваа 11 земји кои не се членки на Советот: Аргентина, Австралија, Канада, Костарика, Израел, Јапонија, Мексико, Перу, САД, Уругвај и Ватикан.

притисни ентер