Прототипот на вселенскиот брод на SpaceX експлодира додека го тестирале (ВИДЕО)

Прототипот на првото вселенско летало „Starship“ на SpaceX делумно експлодираше на тест-локацијата во Тексас.

Експлозијата се случила при тестирање на можноста на ракетата да издржи голем притисок на тест-страницата во градот Бока Чика, Тексас.

Експлозијата се случила при полнење гориво, а горниот дел од ракетата е уништен. Поточно, врвот на ракетата летнал околу 200 метри во височина.

Главниот извршен директор на „ SpaceX “ и основачот, Елон Муск на Твитер по експлозијата напиша дека ракетата Мк1 „има одредена вредност како насоки при изградбата, но дизајнирањето на летот е сосема нешто друго“.

Компанијата соопшти дека целта на тестот кај Бока Чика е „да се стави системот под максимален притисок за исходот да не биде целосно неочекуван“.

Додадоа дека нема повредени и дека овој настан не претставува сериозен проблем.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер