СветПротести во САД против власта на ТрампВо САД се одржаа стотици антивладини протести против власта на претседателот Доналд Трамп. Од Вајоминг до Вашингтон и од Мисисипи до Менхетен, протестите вчера се одржаа под мотот „50501“, назив на децентрализирана иницијатива започната на социјалната мрежа Reddit, чија цел беше организација на протести во сите 50 сојузни држави кои требаше да се одржат на 5 февруари. Според портпаролот на движењето, тоа се продемократски активисти кои се борат против прекумерна извршна власт со ненасилен отпор. Протестите на 5 април се одржаа под мотото „Рацете подалеку“. Вчерашните протессти се совпаднаа со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна. Наместо класични демонстрации, организаторите повикаа на „ден на акција“, за потсетување на лошата имиграциската политика, економската нестабилност и кратењето на федералната работна сила. Во рамкоте на протестот имаше работни акции за чистење населби и собирање храна и производи за хигиена за донации. На Националната алеја во Вашингтон се собраа илјадници демонстранти со барање за враќање на Килмар Абрего Гарсија, кој е депортиран во Ел Салвадор. Протестот се спои со штрајкот на вработените од Бирото за заштита на потрошувачите, чиј персонал беше скратаен за 90 отсто. Цел на критики беше Илон Маск и неговата служба ДОГЕ. Имаше и контрапротести, но тие не беа пречка главните протестите да поминат мирно, иако имаше апсење на демонстранти поради наводни напади врз полицијата. На други локации се одржаа протести пред Белата куќа и резиденцијата на потпретседателот Џеј Ди Венс, додека организаторите истакнаа дека заемната помош е начин за отпор и солидарност. Масовни протетсти вчера се одржаа и во Њујорк, Лос Анџелес и уште неколку градови. Тагови: Доналд Трамп САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter