Протест за насилството врз здравствените работници

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници" денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар ќе се одржи протест, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски" во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и во Кавадарци.

Поддршка на протестот најавија и министерот за здравство Венко Филипче, Синдикатот на Клинички центар, како и членови на здруженија на здравствени работници.

Филипче минатата недела најави дека професионално обезбедување ќе се грижи за безбедноста на медицинскиот персонал во дел од болниците. Како најкритички локации што се планира да добијат обезбедување се старата градска болница „Свети Наум Охридски", Ургентниот центар, клиниките за кардиологија, за токсикологија и за психијатрија.

Синдикатот на Клинички центар ги извести директорите на јавните здравствени установи дека денеска ќе ја користат получасовната пауза од 11 до 11:30 часот за да можат во тој период да се приклучат во протестот. Како што најавија, вработени во Итната медицинска помош, членови на Синдикатот на Клинички центар, со еднолично свирење од сирената ќе изразат поддршка за протестот.

Синдикатот на Клинички центар соопшти дека во целост се согласува со министерот Филипче оти насилството врз докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравството е рецидив од минатото и резултат на претходните популистички политики, но истовремено оценија дека тој не направил ништо во изминатиот период за да го реши тој рецидив.

– Ако неговиот претходник пред пет години се соочувал со пет случаи на напади на доктор годишно, министерот Филипче се соочува со 15 случаи на напад на доктор во изминатите девет месеци, велат од Синдикатот.

Извршниот одбор на Синдикатот на Клинички центар преку соопштението праша како може да се прави дискриминација на вработените во јавните здравствени установи и, како што соопштуваат, на едните да им обезбеди професионално обезбедување, а на другите да им посака добра среќа поради фактот дека по негови проценки се со помала веројатност дека некој ќе ги нападне./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер