Протест во Задар поради азбестот од бродот на Тито

Стотина жители на Задар протестираа денеска поради над 78 тони азбест од бродот на Тито, Галеб, складирани во магацинот „Суровини“, барајќи од градот веднаш да го пријави случајот и веднаш да го отстрани опасниот отпад од нивната населба.

„Овој случај ни ги отвори очите затоа што не знаевме што работи компанијата. Бараме Градот да направи просторен план и да ја пренесе депонијата во една од деловните зони. Повеќе од 4.000 од нас живеат тука и затоа сакаме да се отстрани опасниот отпад од нашиот двор “, рече Томислав Станиќ во име на Иницијативата за млади.

Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, зборуваше за барањата на своите сограѓани, дека жителите на Сињоретово имаат право да побараат целосни информации и здрава животна средина, и дека имаат целосно разбирање и поддршка за тоа.

„Секогаш кога станува збор за јавното здравство, ние инсистираме на често следење и транспарентност, вклучително и во тековниот проблем на складирање и депонирање на отпад од азбест. Јавноста мора да биде навремено и целосно информирана кога станува збор за вакви чувствителни работи што предизвикуваат загриженост кај граѓаните“, рече Дукиќ. .

Тој објасни дека Градот нема правно овластување да спроведува инспекции, но добил информации за инспекциите извршени од Државниот инспекторат „кои не утврдиле какви било неправилности“.

„Свесни сме дека тоа нема да ги смири граѓаните сè додека отпадот од азбест трајно не се чува на одредено место надвор од нашиот град и очекуваме тоа што е можно поскоро“, рече градоначалникот Дукиќ.

Општина Кавадарци спроведува целосна реконструкција и модернизација на уличното осветлување

Општина Кавадарци спроведува целосна реконструкција и модернизација на уличното осветлување во градот и населените места. 

-Се менува ниско напонската мрежа, се поставуваат нови канделабри и светилки, а целта е да се заштети електрична енергија, а да се добие подобро осветлување на улиците и јавните површини. На денешната прес конференција од општината информираа и дека граѓаните можат онлајн преку веб страницата на општината да пријавуваат проблеми, но и да закажуваат прием кај градоначалникот Митко Јанчев.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе избира нов Ивршен комитет

Централниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе одржи седница за избор на Извршен комитет на партијата.

Според партиското соопштение, новиот Извршен комитет ќе има помалку членови од актуелниот и ќе содржи неколку нови имиња.

Новиот извршен комитет е дел од пакетот промени кои ги најави и почна највисокото актуелно партиско раководство. По изгласувањето на новиот статут, ВМРО-ДПМНЕ избра нов претседател и нов Извршен комитет на УМС, распиша оглас за избор на нов претседател на унијата на жени, а во меѓувреме беа назначени и нови претседатели во дел од општинските комитети.

Украден мртовец од струмичката болница

Претпладне околу 9 часот група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение на болницата, потврди за МИА директорот, д-р Наќе Гогов.

– Се се случи како во хорор филм. Пациент на 49 годиншна возраст бил примен во амбулантата во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. Отако набргу починал дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го префриле преку оградата и го ставиле во комбе по што се упатиле во непознат правец. Го осудуваме овој чин, бидејќи не дозволиле на лекарите да потпишат посмтрница и да ги пополнат потребните документи. Веднаш ја алармиравме полицијата, но додека таа да дојде тие веќе заминаа, рече директорот Гогов.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест./МИА.

притисни ентер