Протест во Брисел поради „600 дена без Влада“ - Канал 5

Протест во Брисел поради „600 дена без Влада“

Во организација на граѓанските здруженија „Почитувајте го Брисел“ и „Ние сме Брисел“ вечерва во Брисел ќе се одржи протестен собир насловен „600 дена без Влада“ 

Протест во Брисел поради „600 дена без Влада“

Во организација на граѓанските здруженија „Почитувајте го Брисел“ и „Ние сме Брисел“ вечерва во Брисел ќе се одржи протестен собир насловен „600 дена без Влада“ на кој ќе се изрази незадоволство од неможноста на регионалните политичари да постигнат договор за формирање нова Влада на Бриселскиот Регион по изборите во јуни 2024.

Протестот се одржува на денот кога се навршуваат 600 дена од изборите.

Најавата за овој седми протест на оваа тема во последниве месеци уследи откако досегашниот посредник во напорите за формирање Влада, Иван Веругстрат во вторникот го врати мандатот, со што пропаднаа надежите дека Брисел наскоро би можел да добие регионален Кабинет.

- Шесто дена без бриселска Влада, значи 600 дена без владин претседател кој би се залагал за нашите интереси, изјави претставник на организаторите на протестот Ерик Вандезанд.

Според него, отсуството на политичка Влада оневозможува да се решат тековните прашања поврзани со азилот и миграција, чии „последици сериозно влијаат врз Брисел“.

- Федералната влада одлучи да ги концентрира последиците од својата несоодветна политика за азил и миграција во Брисел. Резултатот од тоа е 10.000 бездомници и 100.000 илегални имигранти. Кој конечно ќе стави крај на оваа небрежност на Федералната влада кон Брисел?, изјави Вандезанд.

Организаторите алармираат дека ваквата состојба ги става под притисок и основните социјални услуги, што ја поткопува довербата во бриселската економија и доведува до одлагање на реализација на јавни проекти и загуба на работни места.

Тие посочуваат и на проблеми поврзани со безбедноста, домувањето, здравствената заштита, благосостојбата, сиромаштијата и инвестициите во мобилноста и јавениот простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер