МакедонијаПротест пред Владата на лицата со попреченост, бараат зголемување на додатокотДа за правда, не за милосрдие.Лицата со попреченост денеска ја блокираа Илинденска, барајќи од Владата да ги исполни ветувањата за да го запрат животот на маргините. Некој со кучиња водници, други во колички, некои со стапови за слепи лица се собраа неколку десетици граѓани со попреченост, велејќи дека и собирањето пред влада им претставувало потешкотија, бидејќи како што посочија не постои соодветна пристапност за овие лица ниту по улиците ниту до институции. Велат, нема да отстапат додека барањата не им се исполнат.. -Јас спиев овде 60 дена во шатори, мислејќи дека општеството ќе тргне кон подобро за сите, а не да биде подобро за 120 политичари. Како можат едногласно да си ја качат нивната плата за 78%, а земаат 1000е плата, а граѓаните не добиваат ништо.. Знаете колку чини да се направи една рампа? 10 евра, а тие си ја покачија плата по 700 евра. Меѓу главните барања се социјалната правда и рамноправност, па велат, како што си ги покачија функционерите платите за речиси 80%, така може да се покачи и додатокот за попреченост, а меѓу барањата им е и поголема инклузивност, бидејќи се чувствуаат целосно запоставени од системот.. -Лажејќи не дека нема пари во буџетот за покачување од 15 %, лажејќи не, ветувајќи на нивните кампањи дека 50% ќе добиеме покачување на додатокот за попреченост, ни тоа не го добивме за да на крај они, во партнерство со нивните уставни судии да си ги покачат нивните плати за 78%, а притоа се декларираме како социјална држава, дека се грижиме за ранливите категории, а уствари не се грижиме за ранливите категории ние овие категории ги третираме како слепо црево во општеството... Според најавите, како што кажаа, треба да се сретнат со претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието каде ќе ги претстават своите барања и ќе инсистираат веднаш тие да бидат применети... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство.Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, таа им се придружи на младенците и свадбарите во традиционалното оро. Честитајќи им го бракот на овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски, таа им подари галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија која е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство. Сиљановска-Давкова им посака заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа. За неа, семејството е највозвишената човечка заедница, бракот е уметност на неможното, а децата неговото најголемо богатство. Годинашната „Галичка свадба“ започна на 10 јули со традиционалното поставување на свадбарскиот бајрак и симболичното фрлање три пушки од куќата на зетот, со што беше означен почетокот на свадбените свечености. Од година во година, манифестацијата привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи една од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаЛишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрогаЛишени од слобода вкупно осум лица во Скопје, Струга и Кичево, кај нив при преглед е пронајдена дрога.На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. На 11.07.2026 полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со Н.К.(26) од село Бистренци, демиркаписко, затоа што при преглед од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител. На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е Н.М.(18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. На 12.07.2026 во 01:00 часот, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, лишен од слобода е И.Ѓ.(48) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа непозната бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
СветСАД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснецАмериканските сили погодија околу 140 воени цели во Иран во третиот бран напади извршени во текот на оваа недела, соопшти централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.Во нападите биле употребени проектили и оружје лансирано од борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови. Меѓу погодените цели биле позиции за ракети и дронови, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор. Причина за последните напади бил нападот врз товарен брод под кипарско знаме од страна на Иран. Техеран соопшти дека бродот се движел по неодобрена маршрута и дека бил погоден откако не ги почитувал иранските поморски инструкции. Новата размена на оган следи по неуспехот за постигнување финален мировен договор меѓу двете страни.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26