Протест под мотото - Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите!

Ние сме со пациентите, а не против нив. 

„Ние сме со пациентите, а не против нив. Но, нема да дозволиме да ја работиме здравствената професија со страв“, е една од пораките што денеска ја испратија здравствените работници на протестот „Стоп за насилство врз здравствените работници“ организиран од страна на Асоцијација на специјализација и млади лекари.

Од таму велат дека долгите години запоставеност на целиот здравствен систем, нездоволни пациенти поради недостоток на услови за работи и за лекување на пациентите донело големо незадоволство и резултирало со бесни пациенти кои напаѓаат вработени во јавното здравство.

На протестот пристигна и министерто за здравство Филипче тој во знак на поддршка дојде во бел мантил. Филипче објасни дека веќе е разговарано со министерството за внатрешни работи да учестуваат полицијаци во критичните болници каде се дежура.

Различни во многу ставови, но на протестот заедно и претставниците од Самостојниот синдикат на клинички и Лекарската комора.

Голем дел од пациентите со поддршка, бараат да бидат и задоволни и тие и докторите.

Од асоцијацијата со образложение дека времето е поминато и чекаат брзо решавање на оваа состојба. Последните две недели билетените на МВР беа богати со извештаи за нападнат медицински персонал во Скопје и во тетовската болница.

Де Брујне постави рекорд во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне стана сопственик на рекорд во англиската Премиер лига.

Белгиецот вчеравечер го одигра својот 18-ти првенствен натпревар на кој постигна две или повеќе асистенции. Тој е лидер по оваа статистичка категорија во историјата на лигата.

„Граѓаните“ победија со 2:0 и со 79 бода се на втората позиција на табелата зад Арсенал кој има 80, но и натпревар повеќе.

Оваа сезона 32-годишниот Де Брујне одигра 21 натпревар за Сити, постигна шест гола и беше творец на 16 асистенции. /МИА

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата.

Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана.

Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот.

Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 ми мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина.

Центар за комуникации на СДСМ

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

притисни ентер