Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на 2 јуни

ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни во Скопје пред Владата на Република Македонија ќе организира народен протест,

ВМРО-ДПМНЕ на 2 јуни во Скопје пред Владата на Република Македонија ќе организира народен протест, синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата најави претседателот Христијан Мицкоски.

- На седницата на Извршниот Комитет и на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми што живот значат за граѓаните во Република Македонија. Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе почне со организирање на еден огромен народен протест што ќе се случи на 2 јуни, во 20 часот, пред Владата на Република Македонија, изјави синоќа Мицкоски.

Ги повика сите оние, како што рече, добронамерници, сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев.

- Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада, што и се случува на нашата татковина, истакна Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со организирање лидерска средба за името, Мицкоски рече дека биле прилично јасни во нивниот став дека за вака сериозни прашања одговорни политичари, државници кои и мислат добро на својата татковина, логично е да отворат фронт на консултација со што е можно поголем број на целни групи.

- Цениме и сигурни сме дека лидерска средба во присуство на претседателот на државата ќе биде од огромно значење и можеше да биде и поддршка во целокупниот овој процес за надминување на проблемите околу нашето уставно име што го има нашиот јужен сосед, и ценам дека одбивањето е чин на голема неодговорност, покажување пркос, на лажни основи, покажување непочит кон македонскиот народ, непочит на оние луѓе кои ги гласале тие политичари, без разлика дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, другите парламентарни партии, претседателот на државата, но и непочит кон сите останати институции во оваа држава, од кои може да се научи како што е МАНУ, универзитетски професори, уметници итн, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што додаде, Мицкоски ја искористи приликата да му одговори на премиерот на поканата за тет а тет средба и посочи дека може да ја прифати, но место во кабинетот на премиерот го повика да се соочат на телевизија, пред граѓаните на Република Македонија.

- Да дискутираме за ова прашање, да може тој да ги информира граѓаните Република Македонија, за тоа како преговара, за што преговара. Но, и да дискутираме за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики што се случуваат оваа измината една година, така што еве можност да можат граѓаните да видат за каква политичка гарнитура станува збор, а ние се разбира да можеме да слушнеме да видиме и да ја дознаеме конечно таа лекција која така одамна ја најавуваше само да можат граѓаните да ја слушнат, па можеби и ќе научиме нешто, потенцира Мицкоски.

Во врска со одржување лидерска средба рече дека до овој момент не е поканет и оти нема никакви информации за евентуална лидерска средба во петок.

- Јас како што знам во петок, во Охрид, сум поканет во 7 и 30 часот на завршна вечера што е дел од таканаречениот „Процес Жан Моне“ што ќе се случува во Охрид, на наше инсистирање во Брисел, но и при посетите на евро- тројката во Република Македонија. Така што, не знам зошто во јавноста проструи таква дезинформација, но имајќи предвид од кои кругови доаѓа и за очекување е една таква дезинформација. Не станува збор, ако мислите на тој настан, за евентуална лидерска средба, напротив станува збор за една завршна вечера на која што ќе присуствувам, што ќе биде во времетраење претпоставувам не подолго од еден час и каде што повеќе или помалку ќе дискутираме за формални работи, а не за суштински, рече Мицкоски. /МИА

Се зголемува бројот на земји кои му нудат помош на Иран во потрагата по хеликоптерот на Раиси

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти дела е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

- Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан. /MИА

Се урна едрилица во Австрија, загина 56-годипниот пилот

Во општина Бистрица во Корушка, Австрија, вчера загина 56-годишен пилот при пад на едрилица. 

Причината за несреќата засега не е позната, пишува 24ур.

Според досега познатите информации, мажот рано попладне полетал од аеродромот во Клагенфурт и влетал во словенечкиот воздушен простор. На враќање, од засега непознати причини, тој се урнал во северното подножје на планината Вајнеж веднаш зад границата.

Медиумите јавуваат дека австриските контролори добиле итен повик од леталото околу 16:40 часот. По неколку неуспешни обиди да се контактира со пилотот, започна операција за пребарување во која учествуваа полицијата и спасувачки хеликоптер. Околу 20 часот, остатоците од леталото се пронајдени во долината Рута во подножјето на Вајнеж.

Извор: 24ур

Фејсбук и Инстаграм ги прекршиле регулативите на ЕУ, следи истрага

Фејсбук и Инстаграм ќе бидат предмет на истрага за можни прекршувања на регулативите на ЕУ за онлајн содржини поврзани со безбедноста на децата, објави во четвртокот Европската комисија.

Од социјалните мрежи на Мета се бара да направат повеќе за борба против нелегалната и штетна содржина на нивните платформи според Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA), кој е во сила од минатата година.

Европската комисија објави дека одлучила да отвори детална истрага за Фејсбук и Инстаграм поради загриженоста дека тие не реагирале соодветно на ризиците за децата. Мета поднесе извештај за проценка на ризикот во септември.

„Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да стимулираат зависни однесувања кај децата, како и да создадат таканаречени „ефекти на зајачка дупка“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Дополнително, Комисијата е загрижена и за методите за проверка на возраста на корисниците воведени од Мета.

Од друга страна, Мета тврди дека веќе има бројни онлајн алатки за заштита на децата.

„Сакаме младите луѓе да имаат безбедни онлајн искуства соодветни за возраста“, рече портпаролот на компанијата, истакнувајќи дека тие поминале една деценија работејќи на повеќе од 50 алатки и политики насочени кон заштита на децата.

„Ова е предизвик со кој се соочува целата индустрија и со нетрпение очекуваме да ги споделиме деталите за нашата работа со Европската комисија.

Мета веќе е под лупа на ЕУ за изборни дезинформации пред важните избори за Европскиот парламент следниот месец. Прекршувањето на „DSA“ може да резултира со казни до 6% од годишниот глобален промет на компанијата.

Извор: Б92

притисни ентер