МакедонијаПротест на работниците од културата пред Уставниот судДа не се чепка Колективниот договор, затоа што држава без култура е празна држава, а кратењето од културата е кратење на идентитетот.Ова беа дел од пораките испратени на денешниот протест на Синдикатот на културните работници пред Уставниот суд, кој неодамна поведе постапка за законитоста на договорот. Тие до уставните судии порачаа да се почитуваат правата во културата, кои како што велат, се стекнати, а не подарени. На денешниот протест присуствуваа вработени од повеќе културни институции, а на уставните судии им беше испеана и песна, за ,,да се разбудат" Од друга страна, од Уставниот суд пред протестот соопштија дека ќе постапуваат согласно законите, потенцирајќи дека станува збор за втора фаза во која се оценува уставноста и законитоста на договорот. Отаму додадоа дека уставно-судската контрола се однесува на актот, а не на културните работници -Судот постапува исклучиво во рамки на своите уставно утврдени надлежности и одлучува по уставно-правни прашања, односно ја оценува усогласеноста на прописите со Уставот. Во таа смисла, предмет на разгледување не е работата, значењето или придонесот на уметниците и културните работници, ниту пак нивниот статус или примања. Уставно-судската контрола се однесува на актот, а не на културните работници. Почитта кон нивната улога во општеството е неспорна,- Уставен суд. Синдикалците порачаа дека и во иднина ќе протестираат, се додека не ги остварат своите работнички права, без измени во Колективниот договор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
МакедонијаКрај на учебната 2025/2026За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година. Учениците од утре заминуваат на летен распуст, кој ќе трае до 31 август.За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година. Учениците од утре заминуваат на летен распуст, кој ќе трае до 31 август. За матурантите наставата заврши порано, на 15 мај, но за дел од нив обврските продолжуваат со полагањето на државната матура. Според податоците, за полагање матура се пријавени вкупно 14.587 ученици. Од нив, 12.184 ќе полагаат државна матура, 2.276 ученици се пријавиле за државна стручна матура, а 127 за државна уметничка матура. Матурантите кои се пријавени за државна матура утре, 11 јуни, ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик, односно македонски, албански, турски или српски јазик. Кандидатите за државна стручна и државна уметничка матура задолжителниот екстерен испит ќе го полагаат на 12 јуни. Првиот дел, изборниот екстерен предмет, матурантите го полагаа на 6 јуни. Додека дел од учениците веќе го започнуваат летниот распуст, полуматурантите овој месец ги очекува уписот во прва година средно образование. Пријавувањето ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, со посебна најава за учениците преку нивните кориснички сметки на schools.mk. По електронското пријавување, учениците ќе треба да ја достават потребната документација во училиштата во кои конкурираат. Во јунскиот уписен рок ќе има две електронски пријавувања. Првото започнува на 12 јуни во 00:00 часот и ќе трае до 15 јуни до 23:59 часот. Второто пријавување во јунскиот рок ќе се спроведе на 23 јуни. За учениците кои нема да се запишат во јунскиот рок, во август ќе има уште едно пријавување, закажано за 20 август.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
ХороскопДневен хороскоп за 10. јуни 2026 година Дневен хороскоп за среда, 10. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе. Здравје и совет Не постои совршенство. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават. Кариера Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите. Здравје и совет Продолжете да истражувате за здравиот живот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа. Здравје и совет Разграничете ги приоритетите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина. Кариера Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив. Здравје и совет Имате поголема сигурност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска. Кариера Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето. Здравје и совет Бидете активни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Шоуто во кое се впуштивте , се развуива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов. Кариера Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни. Здравје и совет Можете да ги решите недоразбирањата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате. Кариера Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши. Здравје и совет Довршете си ги заостанатите обврски. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине. Кариера Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете. Здравје и совет Користете ги паузите за одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови. Здравје и совет Не се предавајте. Овен 21.3-20.4. Љубов По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе мечтаете со отворени очи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања. Кариера Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка. Здравје и совет Држете се подалеку од каква било негативност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРисто Никовски и Иван Анастасовски вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ристо Никовски и Иван АнастасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на учебната 2025/202608:23Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00