Најмалку деветмина загинати во несреќата на Кипар- уапсени се капетанот и седум члена на екипажот (ВИДЕО)
1Најмалку деветмина загинати во несреќата на Кипар- уапсени се капетанот и седум члена на екипажот (ВИДЕО)
ЗабаваПротест и контрапротест во Холандија за Дедо МразДодека децата во Холандија го очекуваат доаѓањето на Дедо Мраз , во земјата се организираат протести и контрапротести.Со протестите за и против помошникот на Дедо Мраз , Блек Пит , кои станаа речиси традиционални на интересен начин се одбележува Синтерклас (холандска верзија на Свети Никола). Според медиумите, во улогата на Блек Пит најчесто се белци , кои го фарбаат во црно лицето. Неговите обожаватели го гледаат како традиционална детска фигура , додека противниците сметаат дека претставува стереотип на расизам. Парадата на доаѓањето на Дедо Мраз ќе се одржи утре во селото Зандејк , северно од Амстердам , а преносот ќе биде емитуван на националната телевизија. Локалните власти најавија дека има најавено четири групи демонстранти на протести , две кои го поддржуваат помошникот на Дедо Мраз и две кои се противат на неговата појава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајмалку деветмина загинати во несреќата на Кипар- уапсени се капетанот и седум члена на екипажот (ВИДЕО)Најмалку девет лица загинаа откако патничкиот брод „Фило Џет“ се преврте со 267 лица на него кратко по отпловувањето од пристаништето Гирне во северниот Кипар. Според најновите официјални податоци, 237 лица се спасени, додека дел од патниците сè уште се бараат. Меѓу повредените има три деца кои се на интензивна нега, но според достапните информации, нивните животи не се во опасност. Во меѓувреме, бродот целосно потонал на длабочина од 514 метри, што дополнително го отежнува пребарувањето на исчезнатите. Кипарско-турски и турски служби, хеликоптери и бројни бродови учествуваат во големата спасувачка операција, додека властите на Република Кипар од јужниот дел на островот, исто така, понудија помош. Капетанот и седум членови на екипажот се уапсени Капетанот на „Фило Џет“ и седум членови на екипажот се уапсени како дел од истрагата за причината за несреќата, објави премиерот на Северен Кипар, Унал Устел. „Секој аспект од овој инцидент ќе биде испитан. Дури и најмалиот пропуст ќе биде откриен“, рече Устел. Тој додаде дека никој нема да биде поштеден од одговорност доколку се прогласи за виновен или одговорен за трагедијата. YÜZLERCE YOLCU TERS DÖNEN GEMİNİN ÜZERİNDE KURTARILMAYI BEKLİYOR! Girne Limanı'ndan çıkış yaptıktan kısa süre sonra 2-3 km açıkta alabora olan 250'den fazla kişinin bulunduğu Filo Jet'e ait Express Yolcu Gemisi'ndeki yolcular ters dönen geminin üzerinde kurtarılmayı bekliyor!… pic.twitter.com/IwYiaQs3pY — Özgür Gazete Kıbrıs (@CyprusNewspaper) August 30, 2026 Бродот целосно потонал на длабочина од 514 метри Министерот за транспорт на Северен Кипар изјави дека „Фило Џет“ целосно потонал на длабочина од 514 метри по превртувањето. Бродот испловил од Гирне порано денес кон турското пристаниште Ташуџу. Станува збор за брз патнички катамаран. Бројот на жртви се искачи на најмалку девет Бројот на жртви при превртувањето на брод кај северен Кипар се искачи на најмалку девет, изјави за „Гардијан“ пратеникот на Републиканската турска партија, Сами Озуслу. „За жал, сега слушаме дека девет или десет лица починале“, рече тој. Семејствата на патниците се собираат пред болниците во Никозија, Гирне и на други места, барајќи информации за своите најблиски. Озуслу рече дека три деца се на интензивна нега, но дека, според достапните информации, нивните животи не се во опасност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПротест против туристите на шпански остров: Се претворивме во реклама за пиво (ВИДЕО)Улиците на градот Палма на шпанскиот остров Мајорка вчера повторно беа место на протести против прекумерниот туризам.Улиците на градот Палма на шпанскиот остров Мајорка вчера повторно беа место на протести против прекумерниот туризам, каде што граѓаните и еколошките организации побараа од властите да преземат мерки за намалување на бројот на туристи и подобрување на квалитетот на живот на жителите. „Не ни требаат повеќе студии, предлози и приказни. Властите имаат многу моќни алатки за решавање на овој сериозен проблем“, рече Тонина Сикиер, потпретседател на еколошката група GOB, во обраќање до медиумите од островот во Средоземното Море. „Повеќе не можеме да толерираме прекумерен туризам“, рече таа. На Мајорка, остров со околу 970.000 жители, во првите шест месеци од оваа година беа регистрирани речиси 1,87 милиони туристички пристигнувања. Протестот започна на Плаза де Еспања, а учесниците потоа се распоредија во групи од 20 до 30 луѓе по пешачките улици во центарот на Палма. На некои места се собраа и седеа на улицата. „Луѓето се бесни“ Сикиер рече дека четирите протести одржани ова лето на Мајорка покажуваат „гнев на луѓето поради многу сериозен проблем“. Пред еден месец, илјадници луѓе протестираа во главниот град на Балеарските Острови барајќи намалување на бројот на туристи на островот, за кој демонстрантите тврдат дека „веќе не е место за туристи“. Во тоа време, полицијата процени дека околу 25.000 луѓе учествувале во протестот, додека организаторите зборуваа за 70.000 учесници. Учесниците на протестот во саботата пополнија леток со наслов „Каква Мајорка сакаме?“, во кој ги напишаа своите предлози. Организаторите имаат намера да ги предадат на претседателката на регионалната влада на Балеарските Острови, Марга Проенс, кога таа ќе ги прими претставниците на здруженијата, кои побараа средба. „Мајорка се претвори во реклама за пиво“ Карлес, еден од учесниците, се пожали дека повеќе не може нормално да се движи низ Палма или остатокот од островот. Тој особено ги критикуваше цените, кои ги смета за „скандалозни“. Слично размислува и Инма, која оцени дека Мајорка се претворила во „реклама за пиво“. „Луѓето доаѓаат како ова да е дестинација за инфлуенсери и забавен парк, кога всушност ова е дом на многу луѓе“, рече таа. Демонстрантката Анџелина, жена во седумдесеттите години, пристигна на протестот со својот сопруг, носејќи транспарент со натпис „Тука има огорчени староседелци“. „Мајорка повеќе не е Мајорка што ја знаевме порано. Сите ја проституиравме и им дозволивме да ја експлоатираат нашата земја за да можат неколку од нив претерано да се збогатат“, рече таа. „Нашите деца повеќе немаат иднина тука“ Таа додаде дека жителите на Мајорка, како и имигрантите од други делови на Шпанија, повеќе немаат квалитет на живот каков што имале порано. „Нема прифатливо домување, нашите деца немаат иднина тука, а природните ресурси се ограничени и претерано потрошени“, рече таа. Алберт, волонтер на здружението GOB, рече дека и покрај добрата плата и семејството со две деца, тој повеќе не оди во ресторани бидејќи цените се „превисоки“. Демонстрантите, исто така, предупредија на случаи на семејства кои се преселуваат во приколки поради неможност да платат кредити или кирија.Тагови: остров туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопНеделен хороскоп за 31. август до 6. септември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 31. август до 6. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter