Проширувањето НА ЕУ главна тема на неформалниот ЕУ Самтиот во Гранада - Канал 5

Проширувањето НА ЕУ главна тема на неформалниот ЕУ Самтиот во Гранада

„Да“ за нови членки, но кога и Брисел и земјите аспирантки ќе ги завршат обврските, е клучната порака од неформалниот Самит во Гранада, на кој како ретко кога во изминатите години проширувањето е високо на агендата.  

Проширувањето НА ЕУ главна тема на неформалниот ЕУ Самтиот во Гранада

Сепак, европските челници се јасни - целта на иницијативата за нови членки до 2030-та е само ветар в грб за Западен Балкан, а не нешто што ќе се случи само по себе. Реформите, особено во сферата на владеењето на правото, се неопходни, а војната во Украина алармира за забрзување на процесот.

-Целта на одредувањето датум е само мобилизирање на политичките енергии со цел да започне придвижувањето. И добро е имаш хоризонт, добро е да имаш цел. Не значи дека ова мора да биде прецизен датум. Ако немаме хоризонт луѓето ќе почнат да размислуваат дека е во ред и имаат време, да имаме време, не немаме време и чекаме премногу долго на процесот на проширување. , изјави Жосеп Борел, висок претставник за безбедносна политика на ЕУ.

Главната дебата се води и како да се најде механизам да се примат и до 10 потенцијални нови членки, чиј прием би ја чинеле Унијата над 250 милијарди евра.

-Оние кои се приклучуваат во ЕУ, треба да бидат подготвени. Сите имаме домашна задача. Секако и земјите кандидатки имаат домашна задача за да пристапат во ЕУ и ние, ЕУ треба да ја завршиме домашната работа. , изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

Како што пренесуваат западните медиуми, најгласен за проширувањето на Западен Балкан е германскиот канцелар Шолц, кој ги повикал колегите да го исполнат 20-годишното ветување. Порака дека регионот предолго чека денеска испрати ирскиот премиер Лео Варадкар, кој и вчера за време на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада директно застана зад македонските европски аспирации.

-Ирска целосно го поддржува барањето на Македонија да стане членка на Европската Унија. Ние се приклучивме на ЕУ пред 15 години, бевме неразвиена држава, дури и релативно сиромашна држава, според европски стандарди. Многумина во тоа време велеа дека Ирска ќе биде проголтана од големата Европска Унија, но Унијата не функционира така. Таа ги почитува националните идентитети. , изјави Лео Варадкар, премиер на Ирска.

Самитот во Гранада треба да резултира со декаларација дека проширувањето е геострашка инвестија за мир и стабилност и оти процесот на пристапување останува заснован на заслуги. Документот сепак може и да пропадне, по најавите на Унгарија и Полска дека ќе го блокираат, незадоволни од делот кој се однесува на миграцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Намерна изолација на Мицкоски и српско-руска агенда - Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУ

Брисел спрема акциони планови за земјите најблиску до членство: Црна Гора, Украина, Молдавија, Албанија. Јасен пат. Рокови. Обврски и за членките.

СДСМ: Намерна изолација на Мицкоски и српско-руска агенда - Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУ

Македонија е изоставена. Заедно со Србија, Косово и Босна. Како земји што не мрднале.

Ние први почнавме. Ние се уште чекаме. Чекаме затоа што арамијата не ги исполни реформите.

Доби рок. Го продолжи за една година. Вети 1 јуни. Од тогаш ни глас.

Судство на телефон. Обвинител на далечинско. Полицијата партиска. Извештајот на ЕК катастрофален.

Патоказот не се дава на банда. Се дава на институција.

Кому ова му одговара? Само на Вучиќ и на Русија.

Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ.

Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски.

Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва.

Иако сме членка на НАТО. Иако над 80 отсто од луѓето се за НАТО.

Голема поддршка би била и ЕУ: заедничка политика, заеднички став кон Русија. Токму тоа го кочат.

Мицкоски е руски прокси играч. Сателитите ја имаат истата задача.

Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка. Трите сили се споија. Цел: земјата да стои во место.

Од друга страна Америка како „стратешки партнер“ - слики по ходници, не дела.

Кинески пари. Орбанови кредити. Промоција на Кина и проекти преку Стоилковиќ и други играчи на БИА.

СДСМ го кажува просто. Изолацијата не падна од небо. Ја работи кабинетот.

Кој ги запира реформите, ја запира Европа. Кој ја запира Европа, ја предава земјата за туѓа агенда.

Македонија не е депонија. Не е тампон. Македонија е татковина.

Патоказот ќе дојде кога бандата ќе си оди.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк

Денеска (28.09.2026) во Њујорк, заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени оствари работна средба со г. Драган Петковски, вршител на должноста генерален конзул на Македонија во Њујорк.

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк

На средбата беа разгледани прашања поврзани со соработката и координацијата меѓу институциите, како и со активностите на Генералниот конзулат насочени кон граѓаните на Македонија кои живеат и престојуваат во Соединетите Американски Држави.

Заменик министерот Исени ја нагласи потребата од континуирана и ефикасна комуникација меѓу институциите, особено во делот на обезбедувањето навремени информации и поддршка за граѓаните.

Во рамки на разговорот беше истакнато значењето на дијаспората и нејзината поврзаност со матичната држава, како и важноста од унапредување на институционалната соработка и комуникација со нашите граѓани надвор од земјата.

Заменик министерот Исени упати благодарност до г. Петковски за приемот и конструктивниот разговор, како и до вработените во Генералниот конзулат за нивниот ангажман и посветеност во работата со граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт

По двата освоени медали во Таранто и Софија, во фокусот на средбата беа следните предизвици за Рустемовски и плановите за унапредување на боксот во Македонија преку соодветни програми.

Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, оствари средба со македонскиот боксер Ален Рустемовски и претставници на Боксерската федерација на Македонија, по повод освоениот бронзен медал на Европското првенство во бокс во Софија.

Рустемовски на Европското првенство стигна до полуфиналето и со освоената бронза продолжи со одличните настапи на големите меѓународни натпреварувања. За македонскиот боксер, ова е второ големо одличје во неполни 30 дена, откако претходно освои бронза и на Медитеранските игри во Таранто.

На средбата, Димевски му го честиташе успехот и истакна дека ваквите резултати се значаен поттик за македонскиот спорт.

„Бронзениот медал од Европското првенство е потврда за квалитетот, работата и посветеноста на Ален. Особено радува што во краток период успеа да освои две одличја од големи меѓународни натпревари. Македонскиот олимписки комитет ќе продолжи да го поддржува Ален во неговите подготовки и настапи, но и заедно со Боксерската федерација да работи на создавање услови за понатамошен развој на боксот во Македонија. Преку нашите програми и активности сакаме да дадеме дополнителен придонес во развојот и поддршката на боксот како национален спорт, како и на спортистите кои ја претставуваат нашата земја“, истакна Димевски.

Рустемовски се заблагодари за поддршката и посочи дека медалите од Таранто и Софија му даваат дополнителен мотив за продолжување на подготовките и новите предизвици што следуваат.

„Многу ми значи поддршката од МОК. Двата медали во краток период ми даваат голема мотивација да продолжам да работам и да се подготвувам за следните натпревари. Се надевам дека ќе продолжам да ја претставувам Македонија на најдобар можен начин“, рече Рустемовски.

На средбата се разговараше и за следните настапи и плановите на Рустемовски, како и за можностите за заедничка соработка меѓу МОК и Боксерската федерација во насока на понатамошно унапредување на боксот во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер