3Црн биланс за кој не се зборува: Над 1.000 руски војници извршиле самоубиство од почетокот на војната
СветПроширувањето и внатрешните реформи треба да се спроведуваат паралелно,заклучија лидерите на ЕУ Европскиот совет направи преглед на подготовките за проширувањето и внатрешните реформи врз основа на Декларацијата од Гранада. Европскиот совет направи преглед на подготовките за проширувањето и внатрешните реформи врз основа на Декларацијата од Гранада, потсетувајќи дека работата на двата колосека треба да напредува паралелно за да се осигура дека и идните земји членки и ЕУ ќе бидат подготвени за членство во моментот на нивниот прием, се наведува во Заклучоците од дводневниот Самит на ЕУ, што започна вчера во Брисел. - Европскиот совет ќе се осврне на внатрешните реформи на следниот состанок, со цел до летото 2024 година да се усвојат заклучоците за патоказите за идната работа, се нагласува во делот од заклучоците посветен на процесот на проширување и внатрешните реформи на ЕУ. Во документот се истакнува дека врз основа на препораката на Еврокомисијата од 12 март 2024 година, Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. - Европскиот совет ја поканува Комисијата да ја подготви преговарачката рамка со цел нејзино усвојување од страна на Советот во моментот кога ќе бидат преземени сите релевантни чекори наведени во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година, се вели во документот. Лидерите, исто така, го поздравува напредокот на Украина и Молдавија во спроведувањето на неопходните реформи на нивниот пат кон ЕУ и повикува на брзо усвојување на нацрт-преговарачките рамки со двете земји, а се „забележуваат и тековните напори“ на Грузија и се охрабрува земјата да напредува кон исклучителните приоритетни реформи. Во делот од заклучоците посветени на Украина се наведува дека воената агресија на Русија врз земјата и руската нелегална анексија на Крим и Севастопол претставуваат очигледно кршење на обврските на Москва од Повелбата на ОН и меѓународното право, па затоа Европскиот совет е се поцврст во поддршка за украинската независност, суверенитет и територијален интегритет во меѓународно признатите граници. - Русија не смее да успее. Со оглед на итноста на ситуацијата, Европската Унија е решена да продолжи да им ги дава на Украина и нејзиниот народ сета неопходна политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка онолку долго колку што е потребно и интензивно колку што е потребно. Европскиот совет ги поканува сојузниците и партнерите ширум светот да се приклучат во овој потфат, се вели во документот Натаму во текстот се нагласува дека на Украина итно и се потребни системи за противвоздушна одбрана, муниција и проектили, па затоа ЕУ и земјите-членки ќе ја забрзаат и интензивираат испораката на сета потребна воена помош и во тој контекст се поздравува иницијативата на Чешка за итна набавка на муниција, што ќе овозможи исполнување на заложбите на Унијата да си обезбедат на Украина еден милион парчиња артилериска муниција. Европскиот совет ги поздравува билатералните договори за безбедносни обврски склучени со Украина од страна на неколку земји членки и партнери, како и усвојувањето на Одлуката за Фондот за помош на Украина. - Европскиот совет го разгледа напредокот во следните конкретни чекори кон насочување на вонредните приходи од замрзнатите руски средства во корист на Украина, вклучително и можноста за финансирање воена поддршка. Воената поддршка и безбедносните обврски на ЕУ ќе бидат обезбедени со целосно почитување на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји членки, земајќи ги предвид безбедносните и одбранбените интереси на сите земји членки, се наведува во заклучостите, при што се поздравува и недоманешното усвојувањето на 13-тиот пакет санкции против Русија и нејзините поддржувачи од кои се бара веднаш да престанат да даваат материјална поддршка за руската агресија. Во овој дел од заклучоците се осудуваат и „континуираните кршења на човековите права од страна на Русија на окупираните украински територии, вклучително и депортацијата на децата, како и спроведувањето на „нелегалните т.н. избори на привремено окупираните украински територии Крим, Севастопол, Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон“. - Русија и нејзиното раководство мора да понесат целосна одговорност за агресивната војна против Украина и за други најтешки злосторства според меѓународното право, како и за огромната штета предизвикана од нејзината војна, се додава во заклучоците. Во документот се реафирмира посветеноста на ЕУ за поддршката на обновата и реконструкцијата на Украина, како и на враќањето на нејзината позиција на традиционални извозни пазари, особено на Блискиот Исток и Африка. - Европската унија и нејзините земји-членки ќе продолжат со нивните интензивни глобални напори за да се обезбеди најширока можна меѓународна поддршка за сеопфатен, праведен и траен мир и клучните принципи и цели на формулата за мир на Украина, со перспектива на иден глобален мир Самит, се вели во заклучоците, при што се изразвува и поддршка за Молдавија и Грузија во справување со дестабилизирачките активности од страна на Русија и поткопувањето на нивниот територијален интегритет. Во однос на последните случувања на Блискиот Исток, лидерите на ЕУ изразуваат „згрозеност од невидените загуби на цивилни животи и критичната хуманитарна ситуација“. - Европскиот совет повикува на итна хуманитарна пауза што ќе доведе до одржлив прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и обезбедување хуманитарна помош, се нагласува во заклучоците. Советот потсетува и на претходните „најсилни можни осуди“ на Хамас за „бруталните и неселективни терористички напади“ врз Израел на 7 октомври 2023 година, признавањето на правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право и повикот на итно ослободување на сите заложници без никакви предуслови, а се најавува и усвојување на дополнителни рестриктивни мерки против Хамас. - Европскиот совет е длабоко загрижен за катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и нејзиниот несразмерен ефект врз цивилите, особено децата, како и за непосредниот ризик од глад предизвикан од недоволниот влез на помош во Газа. Целосниот, брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап до и низ Појасот Газа преку сите канали е од суштинско значење со цел на цивилното население да му се обезбеди доволна помош за спасување животи и основните потреби. Европскиот совет ја поздравува иницијативата Амалтеа за отворање на поморска рута за итна помош од Кипар до Газа, која ги надополнува копнените патишта кои остануваат главен начин за испорака на потребните количини. Потребни се дополнителни копнени патишта и премини, се додава во текстот. Лидерите повикуваат и на запирање на какво било понатамошно раселување на населението од Газа и ја повикуваат израелската Влада да не презема копнена операција во Рафа, што „ќе ја влоши и онака катастрофалната хуманитарна ситуација и ќе го спречи итно потребното обезбедување на основни услуги и хуманитарна помош. - Над милион Палестинци во моментов бараат безбедност од борбите и пристап до хуманитарна помош таму. Сите страни мора да го почитуваат меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права, се вели во заклучоците, при што се изразува поддршка за активностите на УНРВА. Европскиот совет повикува и на итен прекин на насилството на Западниот Брег и Источен Ерусалим, како и за обезбедување безбеден пристап до светите места и при тоа остро го осудува насилството на екстремистите меѓу еврејските доселениците за кои се бара одговорност за стореното и се бара од израелската Влада за запирање на „проширувањето на илегалните населби на окупираниот Западен Брег“. Лидерите ја нагласуваат и посветеноста на спречување на понатамошна ескалација на тензиите во регионот, особено во Либан и реонот Црвеното Море и ја поздравуваат операцијата Аспида за заштита на слободата на пловидба и безбедноста на морнарите во Црвеното Море, Аденскиот Залив и поширокиот регион. - Европската унија останува цврсто посветена на траен и одржлив мир заснован на решението со две држави. Палестинците и Израелците имаат еднакво право да живеат во безбедност, достоинство и мир. Европскиот совет ги повикува сите страни да се воздржат од активности кои го поткопуваат принципот на решението за две држави и одржливоста на идната палестинска држава, се додава во документот. Во делот од заклучоците посветени на безбедноста и одбраната се нагласува посветеноста на ЕУ на зголемување на севкупната одбранбена подготвеност и капацитети согласно нејзините потреби и амбиции. Со цел зголемувањето на одбранбената подготвеност и зајакнувањето на суверенитетот на Унијата од земјите членки се бара зголемување на трошоците за одбраната, подобар пристапот на европската одбранбена индустрија до јавните и приватните финансии, поттик на заедничките набавки, заедничките одбранбени инвестиции, зајакнување на отпорноста на европската одбранбена индустрија, понатамошна интеграција на европскиот одбранбен пазар, навремено идентификување на тесните грла во синџирите на снабдување за одбранбениот пазар и инвестирањето во квалификувана работна сила за да се надмине недостигот на работници во одбранбената индустрија. - Посилна и поспособна Европска унија на полето на безбедноста и одбраната позитивно ќе придонесе за глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна со НАТО, кој останува основата на колективната одбрана за нејзините членки, посочуваат лидерите на ЕУ во заклучоците. Советот на ЕУ ја потврдува и посветеноста на Унијата да продолжи со сеопфатен пристап кон миграцијата и ја поддржува решителноста на Комисијата да ги зајакне сите алатки со кои располага за ефикасно спротивставување на трговијата со луѓе. Лидерите, исто така, ја нагласува „императивната потреба“ за засилена и координирана воена и цивилна подготвеност и стратешко управување со кризи и повикува на активности за зајакнување на подготвеноста и одговорот на елементарни непогоди на ниво на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМаж ја убил поранешната сопруга и ја закопал во дворот, па лажирал самоубиство- сега е осуден Маж од Тенеси кој ја убил својата поранешна сопруга, го скрил нејзиното тело во буре, а потоа го лажирал своето самоубиство, дозна каква казна го чека.Кевин Вотсон, 48, се изјасни за виновен на 18 ноември за убиство од небрежност, сквернавење на човечки останки, уништување и прикривање на докази и поднесување лажна пријава во врска со смртта на Бритни Вотсон, според изјавата на Фредерик Х. Ејџи, главниот обвинител на 28-от судски округ во Тенеси, објави Пипл. Тој беше осуден на 15 години затвор, по што следуваа 10 години надгледувано ослободување, рече Ејџи. Казната ќе се смета во речиси четирите години што веќе ги отслужил во затвор. На Вотсон му беше наредено и да заврши програма за сторители на семејно насилство додека беше во затвор. „Ова е во суштина казна од 25 години“, напиша Ејџи. Обвинителите рекоа дека Вотсон чекал Бритни да се врати дома во округот Хејвуд, а потоа ја застрелал по претходна расправија пред хотел на 7 јануари 2023 година. Иако биле разведени, двајцата оттогаш се смириле и живееле заедно со своите деца. Потоа Вотсон го закопал нејзиното тело во буре на својот имот и поднел лажна пријава за исчезнато лице во полицијата. Тој, исто така, „инсценирал дека извршил самоубиство, но на крајот им се предал на властите по шест дена криење“. Властите рекоа дека тој им ја покажал и на истражителите областа каде што ја закопал Бритни. „Нашите срца се со семејството на Бритни Вотсон“, напиша Ејџи. „Ова би бил тежок случај за нашето обвинителство да го докаже во случајот за убиство од прв степен, што бара доказ за намера и умисла“. Ејџи рече дека Вотсон тврдел дека дејствувал во самоодбрана кога ја убил Бритни. Vengeful husband who fatally shot his ex-wife and faked suicide to escape is handed sweetheart plea deal https://t.co/Yu3PjqPRkf https://t.co/Tlg7wnKWvE — Daily Mail US (@Daily_MailUS) November 23, 2026 Доколку случајот стигнел до суд, поротата можела да разгледа поблаги обвиненија, вклучувајќи убиство од втор степен, убиство без умисла и убиство од небрежност. На пример, пресуда за убиство од небрежност би значела затворска казна од три до шест години, додаде Ејџи, што е значително помалку од казната на која Вотсон се согласи како дел од неговиот договор за признавање на вина. „Со овој договор за признавање на вина, обвинетиот се откажа од своето право на жалба, па затоа овој случај е затворен, а ние обезбедивме дека обвинетиот ќе остане во затвор или под строг надзор во следните две децении.“ „Врз основа на она што го видовме со резултатите од слични судења во други јурисдикции, проценивме што е најдобро за да се максимизира одговорноста на обвинетиот и да се донесе чувство за правда кај Бритни и нејзиното семејство.“ Сестрата на Брит, Хедер, зборуваше на суд на рочиштето, споделувајќи како загубата влијаела врз неа и нејзиното семејство. „Нејзините деца ги загубија животите со нивната мајка. Јас го загубив животот со сестра ми. И нема датум на ослободување за нашата тага“, рече таа. Таа, исто така, ја призна казната на Вотсон и го доведе во прашање правниот систем, велејќи дека тоа е одлука што „можеби никогаш нема целосно да ја разбере“.Тагови: поранешна сопруга самоубиство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
СветНа иранска порно ѕвезда ѝ се заканува смртна казна- избегна депортирање од Британија Иранска актерка за филмови за возрасни избегна депортирање од Велика Британија откако тврдеше дека враќањето во нејзината татковина би го довело нејзиниот живот во опасност.Жената рекла дека почнала да снима „одреден вид филмска продукција“ кога имала финансиски проблеми и се срамела да побара пари од мајка си. Таа рекла дека снимила помеѓу 20 и 30 филмови додека живеела во Иран, каде што производството и дистрибуцијата на порнографска содржина се строго казниви, со смртна казна. Министерството за внатрешни работи на Велика Британија го отфрлило нејзиното барање за азил, велејќи дека не верува дека ќе продолжи да снима филмови за возрасни ако биде вратена во Иран. Првостепениот имиграциски суд застанал на страната на Министерството за внатрешни работи, велејќи дека жената „ја измислила целата приказна“ и дека не би се довела во опасност со снимање еротски видеа. Судијата пресуди дека претходната одлука е очигледно погрешна Сепак, таа сега успеа да поднесе жалба на одлуката до Високиот суд за имиграција, објавува британскиот „Телеграф“. Судијата пресуди дека е „очигледно погрешно“ да се претпостави дека луѓето нема да прават одредени работи само затоа што последиците би можеле да бидат многу сериозни. Нејзиниот случај сега ќе биде преиспитан. Iranian porn star wins immigration appeal despite British judge finding it 'implausible' she'd make adult films in Islamic country https://t.co/30hZ7ofqvF https://t.co/29SZWEiJrZ — Daily Mail US (@Daily_MailUS) November 25, 2026 Жената, чиј идентитет е сокриен и која е идентификувана во судските документи со иницијалите РН, била во Велика Британија кога нејзин пријател, идентификуван само како Меријам, кој исто така е вклучен во производство на порнографска содржина, ѝ испратил фотографија од судска покана што пристигнала на нејзината адреса во Иран. Пријателот ѝ кажал дека властите почнале да преземаат мерки против луѓето вклучени во производство на порнографски филмови. „Таа беше многу исплашена“, беше кажано во Високиот суд. На судот му беше кажано дека судија од понизок суд ги отфрлил тврдењата на РН дека успеала да го избегне вниманието на иранските власти додека снимала помеѓу 20 и 30 филмови во период од шест години што завршува во 2022 година. Во образложението за претходната пресуда беше наведено дека судијата разгледал докази за тоа како биле казнувани оние вклучени во такви активности, но не верувал дека РН всушност се довела во опасност со своите постапки. Тој исто така не верувал дека таа учествувала во производство на порнографски филмови, заклучувајќи дека таа била „неискрена и дека ја измислила целата приказна“. Потоа ја отфрлил нејзината жалба. Сепак, повисокиот суд сега пресуди дека фактот дека правењето порнографска содржина во исламска теократија може да има „страшни последици“ не значи дека такви работи не се случуваат. Судијата Џонатан Перкинс рече дека не гледа никаква недоследност во нејзините тврдења, додавајќи дека сигурно ѝ било тешко да ѝ објасни на мајка си од каде ги добила парите што ги заработила. „Воопшто не сум убеден од тврдењето на судијата дека е неверојатно РН да учествувала во снимањето филмови за возрасни поради ужасните последици што може да ги претрпи. Основната претпоставка дека луѓето не прават одредени работи затоа што последиците би можеле да бидат толку сериозни е очигледно погрешна“, рече Перкинс. Тој додаде дека заклучокот на претходниот судија, врз основа на претпоставката дека жената не би се изложила на таков ризик, бил шпекулативен и затоа опасен. „Овој случај мора да се преиспита. Не е правилно разгледан и затоа се враќа во Првостепениот суд“, заклучи судијата. Ново рочиште ќе биде закажано за подоцнежен датум.Тагови: депортирање смртна казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноДванаесетгодишно девојче се породи во Бугарија- веќе три години живее со сопругот, лекарите загрижени Дванаесетгодишно девојче се породи во бугарскиот град Монтана и го донесе на свет своето прво дете, а особено загрижува фактот дека таа и таткото на бебето, кој има 16 години, живеат заедно три години.Девојчето се породи со царски рез во болницата „Д-р Стамен Илиев“, а според раководителот на Одделот за акушерство и гинекологија, д-р Захарија Николов, нејзината здравствена состојба е добра по интервенцијата. „Мајката се чувствува добро, како да е третиот постоперативен ден. Таа е подвижна и добро хранета“, рече д-р Николов. Тој истакна дека бременоста кај девојчињата на оваа возраст е со висок ризик, додека породувањето претставува посебен медицински предизвик. Сепак, здравствените ризици не завршуваат со раѓањето на детето, бидејќи малолетните мајки се изложени и на зголемен ризик од психолошки тешкотии во периодот по породувањето. Д-р Николов предупреди на можноста за развој на постпартална депресија, особено кај малолетници и адолесценти. Како што објасни тој, хормоналните промени по породувањето, проблемите со доењето, недостатокот на сон и стресот можат дополнително да го комплицираат прилагодувањето на новата животна ситуација. Според него, кај адолесцентите кои раѓаат, ризикот од развој на постпартална депресија може да достигне 30 до 40 проценти. „Ова значи дека секое второ или трето малолетно лице кое раѓа може да развие постпартална депресија. Кога се јавуваат проблеми со градите, доењето, стрес, недостаток на сон и физиолошки промени, т.е. нагло опаѓање на прогестеронот и естрадиолот, може да се појават вознемиреност, плачење и тешкотии при прилагодувањето“, објасни докторот. Случајот веднаш го привлече вниманието на надлежните социјални служби, кои спроведоа детална проценка на околностите на семејството. Одделот за заштита на децата во Монтана објави дека по пријавувањето на случајот, итно е свикан Координативниот механизам за деца жртви на насилство. На состанокот присуствуваа претставници од Окружното обвинителство, полицијата, Центарот за јавна поддршка и Одделот за заштита на децата. Донесена е одлука малолетната мајка и бебето да се сместат во одделение за мајка-дете, каде што ќе ја добијат потребната социјална и здравствена поддршка, како и помош во стекнувањето родителски вештини. „Ова е комплекс кој обезбедува социјални и здравствени услуги. Таму, таа ќе добие поддршка и ќе се обучи за родителски вештини“, објасни Светлин Георгиев, раководител на Одделот за заштита на децата во Монтана. Тој додаде дека во домот на 16-годишниот сопруг има соба со задоволителни услови за живот. Д-р Николов, исто така, откри дека за време на неговата медицинска кариера, породил девојче кое имало само 11 години. Две години подоцна, кога имала 13 години, истото девојче повторно се породило и родило второ дете. Според него, во Бугарија, околу девет до десет проценти од жените кои раѓаат се под 18 години. Од приближно 600 породувања евидентирани во болницата, околу 50 биле меѓу малолетници, вклучувајќи три четиринаесетгодишни и едно дванаесетгодишно дете. Случајот со дванаесетгодишната мајка повторно го отвори прашањето за малолетни бремености и потребата од навремена заштита на децата, како и вклучувањето на здравствените и социјалните институции.Тагови: девојче сопруг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37