Проширен тимот на обвинители за истрагата на несреќата во Кочани, увидот продолжува - Канал 5

Проширен тимот на обвинители за истрагата на несреќата во Кочани, увидот продолжува

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен.

Проширен тимот на обвинители за истрагата на несреќата во Кочани, увидот продолжува

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје. Како што информираат од Јавното Обвинителство, синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација. Увидот на лице место денеска продолжува.

Од Обвиинтелството утрово информираа дека во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани.

За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три сѐ уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба.

Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство.

Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала.

Артета разочаран од ремито со Кристал Палас

 Тренерот на Арсенал, Микел Артета се осврна на ремито со Кристал Палас во натпреварот од 34. коло на англискиот шампионат.

Артета разочаран од ремито со Кристал Палас

„Топчиите“ синоќа на домашен терен одиграа само 2:2.

- Со овој резултат ги загубивме нашите шанси за највисок пласман, секако за тоа е заслужен противникот. Ни беше тешко да најдеме константност во играта. Ја губевме топката на едноставни начини и доцневме во се што направивме. Разочаран сум, изјави Артета за „ESPN“.

Арсенал има 67 бодови и е втор на табелата во Премиер лигата. Лидер е Ливерпул со 79 бода и натпревар помалку. Кристал Палас е на 12. место со 45 бодови.

Рубио: Иран не може да збогатува ураниум, може да увезува само за цивилна програма

„Нулта збогатување (ураниум) е неприфатливо“, изјави висок ирански функционер близок до иранскиот преговарачки тим.

Рубио: Иран не може да збогатува ураниум, може да увезува само за цивилна програма

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да увезува што му е потребно за цивилна нуклеарна програма, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио пред разговорите меѓу Техеран и Вашингтон закажани за в сабота.

Иран, меѓутоа, јасно стави до знаење дека за неговото право на збогатување ураниум не може да се преговара.

„Нулта збогатување (ураниум) е неприфатливо“, изјави висок ирански функционер близок до иранскиот преговарачки тим.

САД сакаат да го спречат Иран да развие нуклеарна бомба, а претседателот Доналд Трамп врши „максимален притисок“ со санкции и се закани дека ќе употреби воена сила доколку Иран не ја прекине својата нуклеарна програма.

Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објави дека играчот од средниот ред Едуардо Камавинга и дефанзивецот Давид Алаба нема да играат во финалето на Купот на Кралот против Барселона.

Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј

-Камавинга и Давид Алаба имаат мускулни повреди. Никој не очекува и двајцата да бидат подготвени за натпреварот против Барселона, објави тренерот на „Кралскиот клуб“ Карло Анчелоти.

Тој исто така истакна дека дефанзивецот Ферланд Менди нема да може да му помогне на тимот од Мадрид.

Финалето на Копа дел Реј 2025 година помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи во сабота на 26 април.

притисни ентер