Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветПроруска хакерска група презеде одговорност за нападот врз Француската поштаПроруска хакерска група ја презеде одговорноста за големиот кибернапад врз Француската пошта, поради што беа прекинати испораките неколку дена пред Божик.Групата „Нонејм057“ (Noname057) ја презеде одговорноста за нападот врз Француската пошта. „Нонејм057“ е обвинеа и за други кибернапади во Европа, вклучително и за напад врз Самитот на НАТО, што во јуни се одржа во Холандија. Централните компјутерски системи на француската пошта пред два дена беа уништени од ДДоС (DDoS) напад при што биле откажани сите испораки на пакети и писма, а исто така биле прекинати и онлајн банкарските плаќања. Франција и другите европски сојузници на Украина тврдат дека Русија води хибридна војна насочена кон создавање поделби во западните општества и поткопување на нивната поддршка за Киев.Тагови: хакерска група Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаЛДП: Интервенирајте веднаш таргетирано за Македонците за цените на гориватаНе со евтин ПР на Владата за најсиромашниот народ во регионот!Во моменти кога цената на нафтата на светските берзи ја надминува границата од 100 долари за барел и кога со најновиот прекин на главниот нафтовод во Саудиска Арабија нѐ очекува нов, уште пожежок бран поскапувања, владината елита повторно се фали со козметички ПР-мерки. Намалувањето на ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти и фалбата на премиерот дека „сме биле поевтини од соседите“ е економска бесмислица и длабока навреда за македонскиот граѓанин. Апсурдно е да ги споредувате цените на горивата со соседна Грција или Албанија, кога граѓаните на Македонија имаат убедливо најниски примања и се најсиромашни во целиот регион. Кога дизелот оди над 100 денари, за премиерот и неговите функционери во службени џипови со државно гориво тоа можеби не е проблем, но за македонското семејство тоа значи нов удар врз веќе испостениот семеен буџет. „Наместо да креира системски мерки за заштита на домашниот стандард, Владата со овие нетаргетирани потези практично го субвенционира соседот. Со ваквиот модел, странски државјани се изливаат во пограничните зони да точат поевтино гориво на сметка на нашиот буџет, додека нашите граѓани го плаќаат целиот ценовен шок,“ велат економските експерти на ЛДП. ЛДП порачува на Елитата т.е. Владата: Затоа сте Влада, затоа имате државни институции и трошите милиони од буџетот за разни партиски институти и анализи — за да мислите за џебот на Македонецот, а не за тоа како ќе глумите елита со лажни споредби. Ваквата ПР-мерка нема да го спречи домино-ефектот на драстично поскапување на транспортот, храната и сите основни производи во маркетите. Либерално-демократската партија бара итна, соодветна и таргетирана интервенција пред цените целосно да заминат во плафон. Владата мора веднаш дополнително да ги засече и намали акцизите и да воведе директни заштитни механизми исклучиво за македонските граѓани, домашните превозници, малите претпријатија и земјоделците. Ограничете ги монополските маржи и насочете го буџетот директно кај оние на кои им е најпотребен, наместо да правите ПР-повици со народни пари. Престанете да бидете отуѓена елита и конечно почнете да работите за џебот на сопствениот народ! ЛДПТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаВлада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 процентиСогласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата. Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година. Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.Тагови: влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина. Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство. По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето. Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска. Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.Тагови: референдум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter