Пропусти на британската полиција – Напаѓачот од Лондон вооружен излегол од полициски курс за рехабилитација на терористи

Терористот кој уби две лица вчера на  Лондонскиот мост со нож и повреди петмина е 28-годишниот Пакистанец Усман Кан, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на полициски извештаи.

Напаѓачот, кој беше убиен од полициски специјалисти, бил осуден на 16 години затвор во 2012 година за учество во подготовка на терористички напад на лондонската берза. Но, минатата година, во ова време, Усман Кан бил условно ослободен, но морал да носи еклектична алка за следење на ногата , така што полицијата знала во секое време каде се наоѓа.

„Ова лице им беше познато на властите и е осудено за тероризам во 2012 година“, рече Нил Басу, највисок британски офицер за борба против тероризам.

Но, Усман Кан очигледно го искористи семинарот „Ајде да научиме заедно“ за рехабилитација и социјализација на поранешни затвореници и осудени лица, организиран од Универзитетот во Кембриџ во салата Фишморген, недалеку од мостот во Лондон. Според извештаите во тамошните медиуми, Усман Кан дури бил активен учесник на семинарот и имал извештај за неговите искуства за поминатото време во затвор и по ослободувањето.

На паузата, околу 14 часот по локално време, тој неочекувано тргна во својот крвав поход, во самиот објект на салата Фишморген. Му се спротиставил еден од поранешните затвореници, исто така учесник на курсот за рехабилитација на терористи , но Хан успеал да излезе и да се стрча на улица, каде веднаш почнал со нож да ги напаѓа минувачите , а на појасот носел експлозивна направа . Во неговиот луд напад, тој успеал да им нанесе смртоносни удари на двајца минувачи и да повреди неколкумина од нив. Но, наскоро случајните минувачи му се спротивставиле, го разоружаа и го спречија натамошното дивеење и го држеа настрана додека не пристигна полицијата, која според британските медиуми дошла во рекордно време.

По овој дивјачки напад се појавија две важни прашања - како регистрираниот и осуден терорист, кој бил набљудуван од полицијата преку електронска алка, успеал да го изврши нападот и да носи лажен експлозив на појасот.. Сите се прашуваат како тој воопшто успеал да влезе на веројатно добро обезбедениот собир со сето оружје во салата Фишморген. Очигледно е дека ова е голем полициски неуспех, особено затоа што за време на претстојниот Божиќ е многу ризично време за терористичка активност, прашуваат британските медиуми.

Втора работа е во тоа што за разлика од претходните терористички напади, кога луѓето претежно бегаа во паника и се обидуваа да се сокријат, сега се покажа дека луѓето веројатно веќе станале „навикнати“ на радикалниот тероризам како дел од секојдневниот животи и му се спротивставија на напаѓачот, иако тој имал „експлозивен појас“ на него (луѓето не знаеле во моментот кога се обидоа да го запрат дека станува збор за „лажен“ појас). Безбедносните камери покажаа дека неколку лица му го попречија патот на терористот и покрај опасноста да бидат прободени, па дури и еден минувач од другата страна на улицата се стрчал кон напаѓачот за да го спречи.

Експертите за безбедност веруваат дека луѓето станале „зрели“ и „образувани“ доволно за да се одбранат и на некој начин да го ризикуваат сопствениот живот за да ги спречат лудите напаѓачи. Градоначалникот на Лондон Садик Кан ги пофали „обичните херои од улицата“, велејќи дека тие се „најдобрите од нас“, а премиерот Борис Џонсон посебно им се заблагодари.

Да потсетиме дека пред две години, во март и јуни 2017 година, во Лондон беа извршени два тешки терористички напади - во палатата Вестминстер, недалеку од британскиот парламент, кога во нападот загинаа пет лица, а петмина беа повредени, како и на Лондонскиот мост , кога луд возач уби осум лица и рани 48 минувачи.

Најголемиот терористички напад во Лондон се случи на 7 јули 2005 година, кога загинаа 52 лица, а 700 беа повредени во неколку одделни бомбашки напади врз градските автобуси и метрото.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер