Директорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрога
1Директорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрога
ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
АвтомобилизамПропадна спојувањето на „Хонда“ и „Нисан“ На почетокот на овој месец, преговорите за спојување на јапонските компании „Хонда“ и „Нисан“ дефинитивно пропаднале. Наводната причина, според јапонските медиуми, е што „Хонда“, наместо здружување на силите на рамноправна основа, сакала „да го покори“ жилавиот „Нисан“. На крајот на декември, вториот и третиот по големина производител на автомобили во Јапонија ги почнаа преговорите за спојување. Тоа требаше да доведе до создавање холдинг-компанија којашто ќе се најде на третото место во светот, според бројот на произведени возила, зад „Тојота“ и „Фолксваген“. Сепак, минатиот месец, тие разговори почнале да одат сѐ потешко, кога станало јасно дека компанијата „Хонда“ којашто е во подобра финансиска позиција, не е задоволна од темпото на реструктуирање во „Нисан“. Последнава, пак, за лани има вкупна загуба од над 1,4 милијарди евра и објави план за можно отпуштање 9.000 од околу 130.000 вработени - со цел да ги намали загубите. Спроведувањето на тој план оди бавно. Следствено, во јавноста протекоа податоци дека „Хонда“ нема намера да ја основа новата компанија на рамноправна основа, туку напротив, во склад со подобрата позиција на пазарот - да ја преземе улогата на мнозински сопственик и лидер. Се наведува и дека од „Хонда“ не само што барале „Нисан“ да спроведе побрза рационализација, туку и драстично намалување на производството и бројот на работници. Имено, било поднесено официјално барање до раководството на „Нисан“ за отпуштање на 40.000 нивни вработени. Ова е очигледно сосем спротивно од она што во „Нисан“ го имале на ум во тие преговори, што може да се види и од изјавата на нивниот претседател Макото Учида, кој на заедничката прес-конференција на 23 декември рече дека „нема да има надредени и подредени“ во спојувањето на двете компании. Токму тој сега најавува - за по прекинот на преговорите, дека неговата компанија ќе се сврти кон барање други можни партнери. „Нисан“, со сите свои слабости, е изложен на преземање, што, според тамошните медиуми, го планира и големата тајванска корпорација „Фокскон“. Се работи за производител на паметни телефони и друга електроника којшто има намера да се вклучи во автомобилската индустрија, и тоа преку купување на „Нисан“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрогаНедозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации.Денеска (30.06.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво. Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал. Недозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации. Со овој модел на работа, надлежните служби ќе дејствуваат обединето, координирано и одлучно против секој поединец и секоја криминална група што го загрозува здравјето, безбедноста и иднината на граѓаните. Воедно, Бирото за јавна безбедност ги повикува сите граѓани да бидат партнери во оваа борба, нагласувајќи дека секоја информација, сознание или пријава може да придонесе во спречувањето на ширењето на овој вид криминал и во создавањето побезбедна иднина.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедум лица се лишени од слобода од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќиеСе преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 29.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка. На 29.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападнат од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Н.. На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка. На 30.06.2026 во 01:00 часот во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и оштетил дел од покуќнината. На 29.06.2026 во 15:00 часот во СВР Тетово, 51-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејната куќа, нејзиниот сопруг упатил закани на неа и нејзината ќерка, по што се обидел да ја запали куќата. На 29.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода И.М.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 19:00 часот физички ја нападнал во семејниот дом. И.М. е задржан во Полициска станица Гостивар. На 30.06.2026 во 05:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Ќ., постапувајќи по претходна пријава од неговата 42 - годишна сопруга дека околу 04:00 часот со патничко возило ја скршил влезната врата од домот на нејзините родители, со тврд предмет скршил прозорец од куќата и физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта. На 29.06.2026 во 21:40 часот во СВР Куманово, 44- годишна жена од Куманово пријавила дека нејзиниот поранешен партнер Н.М. ѝ се заканувал. На 30.06.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(48) од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. На 30.06.2026 во 01:10 часот на ул.„Беровска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(43) од Прилеп затоа што упатувал закани на неговиот татко. На 29.06.2026 во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(47) од с.Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтудиска посета на делегација на Собранието на Црна Гора во Собранието на МакедонијаВо состав на црногорската делегација беа пратениците Јасмин Ќоровиќ и Јевросима Пејовиќ, како и претставници од Службата на Собранието на Црна Гора.Во Собранието на Република Македонија денеска се одржаа повеќе работни средби меѓу членовите на Меѓупартиската парламентарна група против корупција, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и Комисијата за финансирање и буџет со делегација на Собранието на Црна Гора, која престојува во студиска посета на земјата. Во состав на црногорската делегација беа пратениците Јасмин Ќоровиќ и Јевросима Пејовиќ, како и претставници од Службата на Собранието на Црна Гора, кои со своите домаќини разменија искуства и мислења за парламентарните практики, со акцент на механизмите за спречување на корупцијата и унапредувањето на парламентарниот надзор. На средбата со претставниците на Меѓупартиската парламентарна група против корупција, копретседавачката Соња Мираковска, заедно со членовите Антонијо Милошоски, Славјанка Петровска и Фатмир Битиќи, ги претстави активностите и улогата на ова неформално парламентарно тело во Собранието. Мираковска истакна дека групата брои 51 член и функционира со двајца копретседавачи, со цел да се обезбеди широка меѓупартиска поддршка во борбата против корупцијата. Претставниците на Собранието на Црна Гора информираа дека нивното соодветно парламентарно тело има формален статус, при што беше отворена дискусија за предностите и предизвиците на двата модели на функционирање, како и за можностите за понатамошно унапредување на меѓупарламентарната соработка. Во рамките на студиската посета се одржа и средба со членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која присуствуваа претседателот на Комисијата, Миле Лефков, членката Калтрина Беќири и пратеникот Драган Недељковиќ. Средбата беше посветена на размена на искуства во областа на парламентарните процедури, примената на Деловникот и јакнењето на институционалниот интегритет. Претседателот на Комисијата, Миле Лефков, ги запозна членовите на делегацијата со неодамна усвоениот Етички кодекс за пратениците во Собранието, при што ги образложи неговите основни принципи, целите и начинот на примена. Тој информираше дека во рок од 45 дена Собранието ќе формира работно тело задолжено за следење на неговата примена и почитување. Претставниците на Собранието на Црна Гора го поздравија усвојувањето на Етичкиот кодекс, оценувајќи го како значаен чекор во насока на унапредување на парламентарните стандарди, транспарентноста и интегритетот на пратениците. На средбата со членовите на Комисијата за финансирање и буџет, претседателката Сања Лукаревска, заедно со заменик-членовите Фериде Хаџиу и Мартин Стојановски, разменија мислења и искуства за улогата на парламентите во буџетскиот процес и во спречувањето на корупцијата. Во фокусот на разговорите беа улогата на пратениците при донесувањето на Буџетот, препознавањето на ризиците од корупција во буџетскиот процес, постапката за донесување на Буџетот, како и соработката со Државниот завод за ревизија. Соговорниците разговараа и за разгледувањето на ревизорските извештаи, постапувањето по нивните наоди, како и за значењето на надзорните расправи и анкетните комисии во остварувањето на парламентарната контролна функција. Претставниците на делегацијата на Собранието на Црна Гора ја истакнаа важната улога на парламентарните комисии во спроведувањето на антикорупциските политики, нагласувајќи дека успешната борба против корупцијата бара континуирана соработка меѓу сите релевантни институции и засегнати страни. Тие посочија дека усогласувањето на националното законодавство со законодавството на Европската Унија претставува еден од клучните приоритети во процесот на европската интеграција. Пратениците од двете земји ја нагласија важноста од натамошно продлабочување на меѓупарламентарната соработка, оценувајќи дека ваквите средби придонесуваат за развојот на парламентаризмот, размена на искуства и добри практики, како и за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји. Во текот на разговорите беше истакнато дека двете држави ги поврзуваат традиционално добрите билатерални односи и успешната соработка во повеќе области, особено во процесот на европските интеграции. Соговорниците оценија дека напредокот кон полноправно членство во Европската Унија претставува заеднички стратешки приоритет и предизвик. На крајот од средбите беше заклучено дека ваквите форми на соработка треба да продолжат и во иднина со засилена динамика, со цел натамошно унапредување на парламентарната соработка, размена на добри практики и придонес кон демократскиот развој и просперитетот на двете пријателски земји.Тагови: Македонија Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter