Пропадна состанокот во Брисел меѓу Украина, Унгарија и Словачка за нафтоводот „Дружба“ - Канал 5

Пропадна состанокот во Брисел меѓу Украина, Унгарија и Словачка за нафтоводот „Дружба“

Трилатералните енергетски разговори меѓу Унгарија, Словачка и Украина, кои требаше да се одржат денеска во Брисел, се откажани бидејќи украинската страна не се согласи да учествува. 

Пропадна состанокот во Брисел меѓу Украина, Унгарија и Словачка за нафтоводот „Дружба“

Веста ја потврди унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој рече дека Унгарија ќе се брани и покрај тешкотиите.

Сијарто објави на социјалната мрежа „X“ дека состанокот на министрите за енергија на трите земји пропаднал поради одбивањето на Украина. „Трилатералните разговори со словачкиот и украинскиот министер за енергија првично беа закажани за денеска, но Украинците на крајот не сакаа да учествуваат, дури ни тука во Брисел“, напиша тој.

Унгарскиот министер нагласи дека ова не е прв ваков случај. „И ова се случува откако делегација од унгарското министерство за енергетика помина три и пол дена во Киев обидувајќи се да договори дијалог“, додаде тој. „Тие ги отфрлаат сите наши барања за состанок, и во Киев и во Брисел, а дури не им дозволуваат ниту на инспекторите на ЕУ да дојдат на местото“, објасни Сијарто.

Според него, постапките на украинската страна укажуваат на политички мотиви. „Затоа, јасно е како ден дека Украинците не го ставаат во употреба нафтоводот „Дружба“ само од политички причини, иако е технички и физички подготвен за работа“, тврди тој.

Сијарто рече дека Унгарија е подготвена за такво сценарио. „Без разлика што ќе се обидат, ние ќе се браниме. Имаме резерви од 86 дена затоа што добро управуваме со ресурсите и ги држиме цените на горивата под контрола. Но, сите треба да запомнат како Украинците се однесуваат кон нас“, заклучи тој.

Протокот на нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“ до Унгарија и Словачка беше прекинат на 27 јануари. Киев како причина ги наведува штетите на нафтената инфраструктура во градот Броди во регионот Лавов. Од друга страна, унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговиот словачки колега Роберт Фицо тврдат дека Украина ја користи ситуацијата за да создаде политички притисок. Украина ги отфрла ваквите обвинувања и вели дека работи на санирање на штетите.

Советот за надворешни работи на ЕУ, исто така, денеска се состанува во Брисел, почнувајќи со видео повик со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Главни теми ќе бидат руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и односите со јужното соседство. Пред официјалниот дел, министрите неформално ќе разговараат за предлогот за Европска безбедносна стратегија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Сѐ ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски и Иван Анастасовски во „Само вистина“

Петар Арсовски и Иван Анастасовски  во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Иван Анастасовски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер